Popular Posts

Saturday, April 23, 2011


 

Нсмевка помешана со мирис на Ванила и Цимет


 


 

Денес сум сам,сам со тишината прегрнат во бесконечноста седнат,која еден мал дел остави на старата планина каде пањот од некогаш пресечениот даб беше центар на тој свет.

Границите на погледот се губат,на места се испреплетуваат во шарени плетенки исполнети со младо зеленило,во синилото сонцето седнало на својот жежок престол така гордо што сите облаци ги натера да се поклонат пред него и понизно да заминат на некој крај од светот,десно од мене само застанал темниот облак исполнет целиот со пркост и во пркоста темнината ја зголемува,привидниот миг што времето го носеше заврши,се претопија темнината и топлината,остана самракот,мислам дека ја видов тајната скриена кога сонцето без страв влезе во облакот,како што самракот го постилаше тепихот на млако црнило,така насекаде читав што пишуваше.

-повторно ли залудниот копнеж те донесе тука,или теретот го симна,па сега повторно како тантал сакаш нов да земеш на себе....се огласи Белобрадиот старец што седеш на црниот камен...гласот му носеше некое старо студенило кое се провлекувало низ вековите.

-станав следбеник на љубовта....некако одважно му одговорив...по нејзините светли патеки тргнав,но....со малку сомнеж....но темнинава,ме привлече денес,и синоќа ми шепотеше да дојдам тука....дали да и кажам збогум засекогаш,или прастари тајни сака да ми открие,па повторно низ некои ходници да ме провлече...

-ти си Љубовта...рече старецот

-не јас сум само една солза во љубовта....кажими каде се наоѓам сега....оваа колоритност не е земна....овде Боженственоста е поинаква...

-меѓу просторот и времето се наоѓаш...овде се слави раѓањето нечие....

-значи ова е Кралството на Феникс.....

-може да се речи....малку загатливо одговори

-ја слушам симфонијата на спокојот ,тоа се звуците на харфите што одекнуваат,зарем не...

-да,сега се раѓа новиот живот некаде на некое место,кога овде ќе се срони карпа,значи плачот прв одекнал силно и ја донесол радоста во нечиј дом.

-каде е тогаш смрта...

Старецот со својата рака нежно помина по мојата глава и мудроста своја ја истури на земјата која небеше земја.

-смрта е во животот,таа се вгнездува во секоја капка крв,во секој нареден чекор,во секоја неродена мисла......кога очите се дрѓат затворени во белината,кога ушите не ја слушаат химната на љубовта што срцето секојдневно ја свири...тогаш потоците со крв не бликаат терани од мислите исполнети со посакуван нареден чекор.

-мирисот на пустината ме влечи,сувиот воздух го слушам како фучи насекаде околу мене,некој немир кој се скрил под вековнава грамада се буди,ме гони од тука да одам,да оставам се,да продолжам таму каде што застанав,скитник кој сонот го бара,скитник кој сака во пустината да спие,со Бедуините капка вода да дели,наутро со лице прекриено и усни испукани по дините сопственото зрно да го бара.......тоа се далечни земји,со чудесни фигури,со чудесни јазици,и уште почудесни војски....таму огледалата на свеста не постојат...таму нема победници,има само губитници .....кои секој миг со смрта играат,легенди за јунаци измислуваат,кога мит ќе стане, некрунисани кралеви се тогаш таму....сонувачите за смислата на постоењето одамна се мртви,ги нема на тие простори....

-тој што надешта не ја дели со ѕвездите,и никогаш го нема меѓу луѓето,него ни смрта неможе да го пронајде....

Стана од каменот,со скиптарот кој во десната рака го држеше покажа кон изгрејсонцето и место збогум кажа...

-пролета сеуште те чека како дневна светлина која че се повторува постојано,одморисе тука од долгото патување со музиката на разиграните самовили,кога енергијата на преобразба ќе пролета крај тебе,ти раката подаја со дланка отворена,бесконечноста скриена во твојата конечност наречено тело ќе ја видиш,миризливите сништа тогај во душата ќе ти се разлеат...Ангелот твој со букви од ѕвездите симнати ќе ги пишува.

Ветерот стана насмевка на старецот кој се изгуби во златната прашина што топлото сонце ја растури.

Низ отворениот прозорец замина гласот од сонот,беше навистина утринско ветре што прамените од косата ги распосла врз ликот мој,нежно со раката ги собрав несакаќи да го прекинам текот на другиот сон,но синилото веќе ме преплави со погледот.

-успеа да се спасиш од создавањето на новиот пекол..

-ти..ти ли мојот Ангел чувар....

-не,јас сум само некажана твоја мисла,ненапишан твој збор,јас сум твојата кристална неисплачена солза...

Насмевката ја сокри позади мирисот на ванила и цимет.


 


 

No comments:

Post a Comment