Popular Posts

Thursday, April 28, 2011

Мирис на Запален Темјан

Мирис на Запален Темјан


 


 

Можеби можев и на друг начин...во мене зборуваат илјадници денови,милиони минути,милијарда секунди...некоја светлосна река од полураскапани спомени со врисок оживуваат,чекорот тежок повторно ми го прават...за миг ја кревам главата кон небото кое етего тука непријател ми станува,со темни облаци го прекрива...Боже,зошто мораше во моите вени да ја вовлечеш,ако веќе мораше,зошто со толку отров ја направи....низ темнината која се припива и до кожата,четката на животот ми ја подава,вика низ гранките лескови..сликај,сликај повторно проклетнику,сликај што било,ги знаеш добро нијансите на црнилата,сликајми со твоите болни спомени.....

-не седнувај,продолжи да се движиш,ако само застанеш тука во оваа илузија на спомените заробеник на минатото ќе станеш,продолжи понатаму....синилото од нејзините очи како сабја ја пресекоја секоја мисла која леташе во просторот...

-бесот и горчините ме преплавија за миг...плачев..знаеш...сакав така понорот да го направам некоја река,и во таа река да ги пуштам сите делови кои беа се налепиле на мене како спомени...

-не дозволувај очајот да те совлада повторно...играј си со сопствениот демон,и правилата на игра одерувај ги ти..

-не ја познавав вистинската слободата,освен слободата што ја имав во златниот кафез...бев птица која сакаше да пее свои песни,но секогаш туѓите желби беа тие кои ме тераа да молчам....ти го оправдуваш моето постоење...

-знаев за твоето постоење..се будев на полноќ,и како војник стражарев крај моите сништа чуваќи го мигот на твоето појавување....затоа продолжи да одиш...

Додека Демонот се смееше трескавично следеќи го секој наш чекор,од светлината која како зрак лесно се пробиваше и тука со глас гласот надежта ја враќаше....
Те избрав уште кога го планирав создавањето на бесконечноста...и знаев за тебе уште пред да бидеш зачнат во Мајчината утроба...ТИ си од мојот Род...ТВОЈОТ ЖИВОТ не е случајност,бидеќи сите твои денови се напишани во мојата книга....Моите планови за твојата ИДИНА се исполнети со НАДЕЖ и СРЕЌА...Побарајме со твоето СРЦЕ и ќе ме пронајдеш...Во состојба сум за тебе да направам многу повеќе ОТКОЛКУ што ти можеш да замислиш...Не ги БРОЈАМ твоите гревови,ЈАС ги ПРОСТУВАМ твоите гревови...ВРАТИ СЕ во мојот ДОМ,и јас заедно со моите Ангели ќе ја направам највелинченствената гозба во ТВОЈА чест...затоа сега ќе ти поставам истото прашање ДАЛИ сакаш повторно да бидеш мојот СИН...ЧЕКАМ на твојот одговор...

-ме прифати онаков каков што сум...вечерва или утрово...ја гледав во сршта на светот кој треперееше заедно со мене во темнинава...навистина ќе ти дозволам да го отвориш моето срце...

-ти си една целина,Ангелот е твојата Суштина,демонот е твојата Стварност,споиги заедно и веќе самиот ќе знаеш кој си...

-твоето присуство ги смирува моите мисли...ќе наздравам со еден крик...

-стигнавме...застана во просторот како Горостасна Господарка...ги гледаш камењата наредени во кругот околу тебе,на секој од нив можеш да лепиш спомени колку сакаш,на допир се ладни и бесчуствителни,но во нивната внатрешност гори пеколен оган,и ги гори за миг...отворија лавината на сеќавања од тебе нека потече за последен пат,не се страми од твоите солзи,пуштиги нека ја свират својата најтивка музика кога ќе капат на земјата,таа ти прости,и ќе биде среќна кога ке ги прима во себе...сега небото е темно,минатото сака со темнината повторно да те предомисли и да те врати кај себе,но позади темнината е светлината....го слушна нејзиниот глас...

-го отклучувам времето,влегувам во просторот ,на дланките носам три припитомени солзи,како мој дар за покајанието,од средината на темнината пијам,во густината Демонот го повикувам,името негово да го дознаам,тоа моја најголема тајна да биде,за неколку часови утрото ќе чука на вратата за промената ќе му кажам....

Пријатниот мирис на запален темјан врз кој беа уште неколку суви тревки го исполнуваа просторот со несекојдневна мирнотија и опуштеност,телото ги опушти стегите на исчекување и им дозволи на сите свои делови да уживаат во овој простор.


 

Monday, April 25, 2011

Прошка од Земјата


 


 


 

Стоеше потпрена на младата бреза што израснала тука во овој простор каде покајнички крикови одекнуваа,сега кога се наожав со средината на мојата душа,ги гледав сите настани,ги слушав сите зборови како во вртлог се слуваат кон површината,тука бев дете,во вистинска смисла,со чист поглед кој гледа во синилото над себе,срната која пасеше спроти нас,плашливо се вртеше насекаде,беше премногу тажна,немаше ниедна солза да пушти на тревата,беа и се исушиле во црната шума каде што одела,не загради белата густа магла...зарем не...толку густа што каменот беше во овој помек,не ја познававав структирата на оваа магла,но исто онолклу колку што носеше во себе мир,толку во неа се криеше нешто премногу темно,можеби беше човек,или во себе ги криеше сите човеки патила...


 

-јас ќе го сонувам мојот сон....ќе ги намирисам моите ноќи со аромата на нерасцветани ружи...ќе ја распостелам мојата плава коса врз неизгужваните свилени чаршави,и само со врвовите на косата ќе ја допирам перницата.....ќе оставам еден крај празен,или за соништа празни или за уште едни очи кои ќе сакаат да гледаат нови утра.....


 

Ги кажа овие зборови и седна,со невиден спокој во себе,небеше рамнодушна....но брзите отчукувањата на срцето ја одаваа,белите цветови кои во погледот нејзин цветаа зборуваа дека пролета е на прагот.


 

-знам дека постоиш и тука,и во облаците,и во времето,до вчера твоите перници ги полнев со надежи.....сега е можеби цасот кога кога самиот ќе прегорам,или ќе се воздигнам....кога ќе станам лита сенка која во мракот црно вино со пелин помешано ќе пие,или жедно во секој нареден миг ќе пиам од твоите усни...


 

Замолчив,легнав,во грч се претворив,со земјата се прегрнав,прстите ги закопав,ако треба корења нека бидат,а јас дрво кое ќе изникне на ова место,дишев и здивот нејзин го голтав,беше киселкас со малку мртовечка исполнетост,полека низ телото студенилото нејзино ми го пушти,мрачните патеки ги отвараше,ковчег на сеќавања исполнет ме стори,во срцето рането раната жива ја отвори...прколетница беше...знаеше каде треба да рие со демонски прсти...несакав да се сеќавам...но повторно ме стори волк кој по крдото свое каска,ранет на десната плешка,оставаќи позади себе крвава трага....моето око стана огледало на сеќавањата....


 

-земјо...ревев...и проклетнице,и блуднице,и хранилка вечна...исконска мајка на животот,за прошка те молам,пепелта твоја што ја фрли да ја земеш,мирисот на мемла да го повлечеш...патував по твоите патеки,дишев од твојата прашина..ги затворам очите..а ти со милоста твоја,затвориги за навек,или нови извори дајми каде солзи радосници ќе има.....

За миг минатотот стана сурова сегашност,и повторно и повторно,хаосот на мисли воскресна,во просторот протече реката на настани...некои кои смеата им беше главен атрибут ме направија непобедлив,сознанието дека љубовта е тука до мене,носеше спокој кој и сега го посакувам,но кога тој спокој на суров начин ќе беше спржен од злото кое чекореше на две нозе во ликот на стара мајка,како пеколен оган се распостилаше,прво беше молк од појавата,потоа на неколку ликови се лепеше притаен страв,во тие мигови само пркоста беше таа која се спротиставуваше,пркоста беше најгласниот гласник на разумот кој трубеше со трубата на сите страни...


 

-за сопствениот грев секогаш другите се виновни....низ заби процеди црнејцата што ја прегнував.


 

-мојата кучешка смрт,ниеден светец неможе да ја одложи,веќе вторпат умирам,знаеќи дека времето како река ,истекува,и каењето по миговите изминати.

-исполнет си со љубов,која спие во тебе...процеди низ процепот кој зјаеше пред моите очи...кажија твојата последна молитва кон твојот мртов копнеж и затворија вратата на сеќавањата...


 

За последен пат плачам

Без твојата прегратка и тивкиот шепот

Во миговите кога не чекорев по плочникот празен

Ослушнував кон небото со грч во срцето


 

Една мала вечност ми требаше да се уверам

Моите височини сега се мое дно

Имаше љубов само кон себе

Попусто гледав во огледалото да го видам твојот лик


 

Мојот творечки занес

Ја разбива сега монотонијата на тивкото умирање

Доцна е,рака да ти пуштам

Вода студена ќе плиснеш врз огнот што тлее


 

Испарува душата од коските суви

Се крева полека кон скалилата без крај


 

Се стана одеднаш далечина,моите зборови сега беа ехо кое правеше заштитен обрач околу мене.


 

-ако Амор види дека погрешил,и ја извади стрелата од едната страна на срцето,тогаш другата страна обилно крвари и се исполнува со омраза и уништување...прошепотија тие усни кои чекаа под брезата...


 

-поради животот,одрекнисе од животот досегашен...зареви земјата и со грутка голема ми ја исполни устата,вкусот повеќе да го почустувавам...трајно е само на што има облик и име....твојата досегашна форма беше само илузија што те формираше...а ТИ,ти си еден мал унервезиум во кој се собрани многу ѕвезди,многу метеори,неколку месечини и едно ГОЛЕМО Сонце,но ТИ,ти беше осамен што не се припремаше кон Млечниот пат,таа волшебна и светлечка нишка што ја врзува Бесконечноста...


 

Реката на сеќавањата повторно пред мене брегот со влажен песок го донесоа,земјата повторно низ забите кои тогаш заличија на грамади големи процеди....


 

-напишиго твоето проштално писмо и ќе ти простам,во себе ќе ги ги закопам сите твои чемери и сцрнината ќе ја голтнам во моите тајни понори....


 

-Кога некој сака искрено,силно од длабочините на своето срце,тоа знаеш се вика Љубов....ЉУБЕВ...онака човечки,исто како што и тебе те сакав Земјо во некои моменти да бидеш моја вечна друшка...Болеше,а сега боли,кога зборот кој меч крвав беше ми се забоди во срцето мое....кога смислуваше разни лажни зборови,кога само ладен тивок шепот го изговори зборот ...Незнам дали сеуште те САКАМ....те прашав низ првите солзи...ДАЛИ некој воопшто ти пишувал ПЕСНИ и те воздигнувал повеќе од БОЖИЦА...останав без одговор,и тогаш,и сега...повторно мочеше,позади молкот твој се криеше...Сега сакам само да бидам СРЕЌЕН,и со мојата СРЕЌА,повторно да те направам и тебе СРЕЌНА...потрудисе да бидеш СРЕЌНА,исто онолку колку што се трудам и јас...секој Човек има ТРИ шанси во животот,ова е твојата ТРЕТА,побараја под некоја стреа каде капките од дождот капат со призвук на милозвучна мелодија,побараја со искрено срце,светот не е исполнет со толку многу срца кои треба да крварат,ликот твој што го резбарев со моите емоции,тука во оваа соба од сеќавања го оставам,мирисот на твојата коса,на ветерот ќе му ја подарам,вкусот на твоите сочни усни крај Дабот стогодишен ќе бидат,самотијата позади провалијава ќе ја фрлам,нема да се завртам да го видам падот нејин,немам маска на себе додека го кажува ова....ти ПРОСТУВАМ со сеќавањата на нашиот прв срамежлив БАКНЕЖ кога и небото малку ни ЉУБОМОРЕШЕ.....


 

Ангелот до мене внимателнои го слушаше отчукувањето на моето срце,ноздрите се раширија до степен на прскање од мирисот на зелената трева,мирисаше со невина арома на утринска роса.Ветеро никогаш вака досега не ја ежавел мојата кожа,досега знаев само за студените морници,овие некоја топлина носеа во себе.


 

-времето и местото не се важни за сништата,важно е срцето каде ќе се сместат....ја доби прошката од ЗЕМЈАТА...стани,и ЗАЧЕКОРИ понатаму...денес ќе ти подарам сто солзи низ бакнежи мои....


 


 


 


 


 


 


 

Sunday, April 24, 2011

Сребрената светлина


 


 

Ги испуштав овенатите цветови од ружите што стоеа долго во куферот за спомени...веќе не броев колку се на број...знам дека беа многу,за секоја година ставав по еден...но сега..сега само со пружена рака низ прозорот од автомобилот кој граби низ тесните планински патеки,на места издлабени до лик на мали бездни,ги испуштам насекаде,некои паднаа на зелени мали ливади,капеќи се во утринската роса се зарадуваа,мислеа дека повторно сјајот ќе го вратат,некои само паѓаа немоќно на патот кој остануваше позади,а некои ветерот ги носеше далеку во непознати предели....

Во невидливото огледало го гледам ликот,занесен во размислувањето,за белите магли низ кој морам да поминам,за оганот што морам да го проголтам,за водата што треба да ја преминам,за земјата што треба да ја прегрнам,не го слушнав моторот како се изгасна сам од себе,застана на дрвениот мост,по малку играше немирно од лудиот ритам на ветерот

-премногу си блед.....изненадена но со искра во погледот ме праша.

-таму на урнатините од стариот град каде одмаравме,сватив дека сум сум ситно парче кое паѓа врз камењата покриени со моф десетолетен,парче што вековите прашина невидлива ќе го сторат.

-денес или утре,или задутре кога конечно ќе го видам твојот сон како заживува,од книгата на животот ќе земам неколку букви ,ќе ги обликувам во една единствена вистина,за потоа ти неуморно ја читаш во сите наредни деноноќија .....како што малите две облачиња на небото се споиа,така нејзините две усни го заробија отсјајот од сонцето на кратко...како бескрајна приказна ќе се одмотува нашето време.

Навистина беше убава додека раскажуваше со гласот на невина Самовила.

-време е да тргнеме на последното патување......одлуката е твоја,од денес ќе бидеш Безусловна Љубов или Омраза која ќе руши се пред себе.

Помеѓу мене и небото е склопен мир,единствено тишината во мене таласи немирни будеше,го слушав тука во таа тишина како гласот на земјата одговараше со баритонов засипнат глас.

-Небиди заробеник на минатото,ако сакаш да бидеш учесник во иднината,сегашноста остави им ја на лакомите ненахранети ега...

-светот беше насекаде околу мене,а јас го барав само во еден поглед.....прошепотив,додека повторно под стапалото ја чуствував земјата.

Низ малиот скриен простор во оваа стара планина каде два мали светови итаа се испречи бездната,звукот на збеснатите бранови со демонски глас предупредуваа.

-немора да влегуваме во реката за да знаеме колку е длабока,доволно е да го погледнеме нејзиниот немир кој го пишува на површината со разиграните бранови....низ својата насмевка ги залепи зборовите на дрвената ограда.

-но затоа постојат мостовите.......

-да,мостовите се градат за да се победи секоја бездна...

Заминавме преку бездната по тајните патеки на душата,додека споро се пробивавме по тесното патче,гранките со слаба суровост пробуваа да не спречат,сега времето веќе беше мерна единица која тука нема никаква важност,тука позади вратата на животот,но сепак во стварното постоење,судбината ми подари цвет,цвет кој ја бараше својата зелена ливада каде ќе цвета постојано.

-Стигнавме...воодушевувањето задржиго за подоцна.....

Сребрената светлина низ спокојниот лет на голубите се растураше,нежната плава светлина споро и со суптилните ноти што месечината ги оставила се постави како ѕидови небесни правеќи го просторот еден круг.

-тука,во ова езеро на среќа и спокој прочистувањето на твоите гревови ќе биде првиот чекор,вториот кога ќе го направиме знаеш Прошка ќе биде тоа,третиот чекор самиот смело ќе го направиш,а животот ќе те награди со илјада благослови...


 


 


 


 


 

Saturday, April 23, 2011


 

Нсмевка помешана со мирис на Ванила и Цимет


 


 

Денес сум сам,сам со тишината прегрнат во бесконечноста седнат,која еден мал дел остави на старата планина каде пањот од некогаш пресечениот даб беше центар на тој свет.

Границите на погледот се губат,на места се испреплетуваат во шарени плетенки исполнети со младо зеленило,во синилото сонцето седнало на својот жежок престол така гордо што сите облаци ги натера да се поклонат пред него и понизно да заминат на некој крај од светот,десно од мене само застанал темниот облак исполнет целиот со пркост и во пркоста темнината ја зголемува,привидниот миг што времето го носеше заврши,се претопија темнината и топлината,остана самракот,мислам дека ја видов тајната скриена кога сонцето без страв влезе во облакот,како што самракот го постилаше тепихот на млако црнило,така насекаде читав што пишуваше.

-повторно ли залудниот копнеж те донесе тука,или теретот го симна,па сега повторно како тантал сакаш нов да земеш на себе....се огласи Белобрадиот старец што седеш на црниот камен...гласот му носеше некое старо студенило кое се провлекувало низ вековите.

-станав следбеник на љубовта....некако одважно му одговорив...по нејзините светли патеки тргнав,но....со малку сомнеж....но темнинава,ме привлече денес,и синоќа ми шепотеше да дојдам тука....дали да и кажам збогум засекогаш,или прастари тајни сака да ми открие,па повторно низ некои ходници да ме провлече...

-ти си Љубовта...рече старецот

-не јас сум само една солза во љубовта....кажими каде се наоѓам сега....оваа колоритност не е земна....овде Боженственоста е поинаква...

-меѓу просторот и времето се наоѓаш...овде се слави раѓањето нечие....

-значи ова е Кралството на Феникс.....

-може да се речи....малку загатливо одговори

-ја слушам симфонијата на спокојот ,тоа се звуците на харфите што одекнуваат,зарем не...

-да,сега се раѓа новиот живот некаде на некое место,кога овде ќе се срони карпа,значи плачот прв одекнал силно и ја донесол радоста во нечиј дом.

-каде е тогаш смрта...

Старецот со својата рака нежно помина по мојата глава и мудроста своја ја истури на земјата која небеше земја.

-смрта е во животот,таа се вгнездува во секоја капка крв,во секој нареден чекор,во секоја неродена мисла......кога очите се дрѓат затворени во белината,кога ушите не ја слушаат химната на љубовта што срцето секојдневно ја свири...тогаш потоците со крв не бликаат терани од мислите исполнети со посакуван нареден чекор.

-мирисот на пустината ме влечи,сувиот воздух го слушам како фучи насекаде околу мене,некој немир кој се скрил под вековнава грамада се буди,ме гони од тука да одам,да оставам се,да продолжам таму каде што застанав,скитник кој сонот го бара,скитник кој сака во пустината да спие,со Бедуините капка вода да дели,наутро со лице прекриено и усни испукани по дините сопственото зрно да го бара.......тоа се далечни земји,со чудесни фигури,со чудесни јазици,и уште почудесни војски....таму огледалата на свеста не постојат...таму нема победници,има само губитници .....кои секој миг со смрта играат,легенди за јунаци измислуваат,кога мит ќе стане, некрунисани кралеви се тогаш таму....сонувачите за смислата на постоењето одамна се мртви,ги нема на тие простори....

-тој што надешта не ја дели со ѕвездите,и никогаш го нема меѓу луѓето,него ни смрта неможе да го пронајде....

Стана од каменот,со скиптарот кој во десната рака го држеше покажа кон изгрејсонцето и место збогум кажа...

-пролета сеуште те чека како дневна светлина која че се повторува постојано,одморисе тука од долгото патување со музиката на разиграните самовили,кога енергијата на преобразба ќе пролета крај тебе,ти раката подаја со дланка отворена,бесконечноста скриена во твојата конечност наречено тело ќе ја видиш,миризливите сништа тогај во душата ќе ти се разлеат...Ангелот твој со букви од ѕвездите симнати ќе ги пишува.

Ветерот стана насмевка на старецот кој се изгуби во златната прашина што топлото сонце ја растури.

Низ отворениот прозорец замина гласот од сонот,беше навистина утринско ветре што прамените од косата ги распосла врз ликот мој,нежно со раката ги собрав несакаќи да го прекинам текот на другиот сон,но синилото веќе ме преплави со погледот.

-успеа да се спасиш од создавањето на новиот пекол..

-ти..ти ли мојот Ангел чувар....

-не,јас сум само некажана твоја мисла,ненапишан твој збор,јас сум твојата кристална неисплачена солза...

Насмевката ја сокри позади мирисот на ванила и цимет.


 


 

Бесконечноста е верување


 

Бесконечноста е верување


 

Чуварите на времето се разбудија,тие спасители од тагата,обилните хранители на сништата,кулата од песок ја разнесуваја низ просторот,рекоа...ни зрно песок да не остане тука,и во трепетотот на очите искрата од ден на ден ја распламтуваа,со зелени кристали нови закони пишуваа.

Ова е почетокот на новата приказна

Несакам да знам за безвремоноста,сакам да знам да постоењето,во хоризонтот лебди вистината,долго коленичев пред вратите на моите посакувани мигови,тујгата темнина ги јадеше,се сладеше,олујата во срцето со илузија го полнеше....во ова тајанствено море од љубов,рапсодија од зборови нови кажувам,од слика во човек се преобратувам,од сенка во вечен дијалог на душа станувам.

Вечен сонувач кој вечната постела ја барав,трагав,во понори одев,факели палев ликот да го видам на љубовта,само скриена сенка ме пратеше,со предавство ме жигоса.

Мирисот на судбината сега во опијанува,по патеката на ѕвездите ме носи,дојде прегрнат со темнината,очите ти се гасеа,не слушаше кога ти зборував...Не им верувај на данајците и кога подароци ти носат....паметиш сеуште дека времето твое го продаваа,еликсир на нивните фрустрации им беше.

-само го гледаш цветот,или восхита своја му ја подаруваш..

-го барам одговорот во неговите пламени јазици кои убавината му ја градат...

-синоќа вистински уживаше во самовилската музика....

-дали некогаш ќе овене овој цвет...

-се додека љубовниот пламен тече во текот на времето и коридорите на сеќавањата ги затвори засекогаш,се дотогаш оваа пламена боја на цветот ќе биде препокриена со аловина...

-помилувајме повторно,а јас како времето ќе ти шепотам...

-внимавај,со громот од моите прсти можам да те спржам........

-ха,сеуште не си го слушнала урликот на волкот осаменик кој по патеки одеше,забите крвјосани за одмазда ги спремаше....подобро е сега пепел да ме сториш,отколку пепел да сторам...

-сакаш ли да ти раскажам една мала бајка...

-ако со шепот ја провлечиш низ твоите усни,знам дека и денот со радост ќе ракоплеска

На огништето каде со последните искри на оганот,гледам догорува последното ставено дрво којзнае кога,во купот од пепел што се насобрал наоколу догорува последното сеќавање што твоја слика носи,моето жртвувано срце и изгубениот сон,повеќе на олтар заличува,а не на огниште планирано,сега ни плавата боја на сопкојот неможе да ја пробие темнината на заборавот,истекоа реките на верувањето.

Во езерото каде месечината ја зовриваше водата,каде ванилата аромата ја оставаше,таму љубовта секоја вечер се капеше,вилата со харфата носена крај срцето катавечер и свиреше песни заносни,со копнеж полни,собрани од секаде,кога прстите малку уморни ќе станеа,од ѕвездите прашината ја собираше и жиците ги попрскуваше и така среќата насекаде ја расфрлаше,пеперутките во летот и се восхитуваа и зборовите нејзини насекаде во сечие срце ги носеа.

Една вечер,до брегот на езерото скитник низ времето дојде,жеден парталав и многу уморен...посака од водата да се напие,низ вените да ја пушти и така раните на невидливоста да ги залечи....вилата го прегрна,од дланките свои водата му ја принесе,пеперутките го прегрнаа,така светлоста се роди,со светлоста ги благослови,ги состави разделените вселенски парчиња,правеќи ја најубавта небеска нишка со која утре ќе се врзуваат ѕвездите.

-раскажуваш поубаво и од пустинскиот ветар кој низ дините приказните ги собира,потоа на бедуините во шаторите им ги остава.

-но сепак јас и понатаму го сакам Достоевски...со неговите мисли се хранев,во соништата бегав и јунаците ги оживував,честопати патев и со болката невидлива се воздигнував...

-кога би заминал засекогаш и од ова место,и од овие луѓе,и би отишол некаде далеку каде ни изминатите планини нема да се бројат,каде на поминатите мостови нема да им се знае крај...застанав да го видам праменот на нејзиното чело како се крева со малку неодобрување на ваква суровост....дали повторно со зраците на месечината ќе ме посетуваш во моето срце,дали повторно во утрата ќе ја слушам твојата заносна музика испеана низ танките врвови на усните,а ќе ми ја донесат некои галеби заскитани....

-тешко е да се живее без утеха,и да се чека птица преселница седало да свиа,печатот на среќата да го стави со дланка врз дланка......јас не верувам во чуда,чудата само ги раскажувам...чекореше по пустите улици и во бесмисленоста ја бараше утехата,негледаќи во срцето свое како спиеше смислата на постоењето...тоа небеше чудо,тоа беше само едно нормално будење....полека одиш кон врвот на планината со процесот на преобразба,бурите кои насекаде те носеа,ги смири,и сега кога под плаштот на сонцето топлината те грее..ти повторно ја будиш скитничката страст,дали некој луд ветер ти донесе мирис на прашина со која низдрите ти ги исполни што вака зборуваш....

-опасноста доаѓа секогаш од човековиот ум....

-сега кога успеа да не создаваш повеќе пекол и да не сееш пепел,зошто зошто навистина посакуваш на полноќ со урлик на ранет волк да пееш...сега никој не те издал,никој не те изневерил....

-незнам дали патеката на љубовта е толку кратка,или тука времето лета со брзина на светлост,што деновиве се мигови кратки...

-сетисе на оние мигови кога во твоите очи се разбудија искрите,и со тие искри ја победи тагата,сетисе на денот кога ја затвори варата на сеќавањата позади која останаа продавачите на лажните ветувања,сетисе кога рикот на ветерот го претвори во тивка утринска песна,сетисе на денот кога со чистите солзи го скрши мостот на безнадежноста која сакаше да го изградиш врз бездната која ќе те голтнеше,сетисе кога со детските мечти ги разбуди верувањата и научи повторно да веруваш,незаборавј на сонетата што ја свириш секоја вечер....замоилчи гледаќи ме со тие небесни мали синила,од центарот на тие мали светови,со моќта на зенитот исфрли пламена топлина која ги спржи сите луди ветришта кои се разиграа во просторот...оставиги тие суви планини кои те влечат со својата мистика,под таа мистика спие старо проклетство,оставиги тие мостови,премногу дива и нескротена вода тече,оставија таа пустинска прашина,многу зло во себе носи,и здивот на смрта го подарува......

-бесконечноста е само верување кое се раѓа во срцето....


 


 


 

Tuesday, April 19, 2011


 

Во Прегратката на Светлосната Музика


 

Се разбудив во прегратката на светлосната музика и досега непознато чуство кое на волшебен начин цвеќињата кои висеа на прозорот ги боеше во љиљакова боја исполенета со мали светликави ѕвездички.Над срцето сега бдееше и со затворени очи светот кој со своето невидливо вретено ги миреше разиграните утрински немирни палави ветришта.Невидливата рака на судбината пишуваше песна која ја свиреа небесните харфи.Телото сеуште се прпелкаше во светлосниот грал,каде нектарот го лепеше со својот занес повторно и повторно да ја посака ѕвездената прашина.

Во храмот на месечевата светлина,моќта растеше вртоглаво,со насмевка на Боженствена убавина ја раскажуваше родената тишината на изминатата ноќ.

Ја прашувам убавината дали капките кои капнаа на црвената роза ја донесоа долго исчекуваната хармонија.

Сега сум безимен поет

Сега си безимена ружа

И утрото има име

И птицата има име

Ќе те наречам

Моја утринска Ружа


 

Сега си ПолуБожица

ПолуЖена

Облечија небесната наметка

Самовилите

Твоите сестри што ја ткаеа


 

Таму каде што столетијата спиат

Таму каде што времето се раѓа и умира

Таму застани и негледај назад


 

Одата на животот

Со безгрешноста зачнија

Во вечните Еони оставија

Безгласната птица нека раскажува


 

Ја слушам музика со занес и слушам како шепотот плови...стравот потона во сеќавањата,заспа во длабок сон,од пепелта се буди новата жар,дел од тебе веќе плови во самовилско море,мајката над мајките на мостот од прошката стои,те моли со две неисплачени солзи жешки во кругот на своето постоење,гаѓањето на новите утра да ги гледа.


 

Вечниот тага се срона од сршта на вистината,изворот на омразата го затвори,молчам,прошката како семе од длабочините на душата ја фрлам и на заборавеното небо оставам да падне.


 

Прошката е мирен сон на детето што моли под покривка ладна...прошката е поглед во новото утре со насмевка широка...прошката е сјајен кристал кој свети во длабочината на душата...прошката е најубавата прегратка....прошката е Благослов небесен...прошката е одмрзнато срце....прошката е најубавиот бел голуб што долетал во пролета нова...прошката е затворен понор ....прошката е пеплосана омраза....за прошката знаат тие што грешеле,прошка се бара,прошка се добива ,човечки е да се греши,а само вистински човек може да си ги признае грешките и да прости...


 


 

Monday, April 18, 2011


 

крајот на една темнина


 

Брзите чекори на минувачи одекнуваа насекаде,со брзањето сакаа што побргу да избегаат од нервозната игра на ладниот ветар,а тој им се завлекуваше и под слабо врзаните јакни,под бледите палта,и таму правеше некои интересни фугури со морниците кои го поздравуваа својот пријател,дали стиденилото на рацете му кажа на ветерот дека бесцелно е да се позaнимава со мене,или тромоста на чекорите не му беа интересни па вешто ме заобиколуваше,незнам но веќе секојдневно ги гледав излитените фасади на старите куќи,некогаш пробував макар со поглед да го вратам нивниот стар блескав сјај, не успевав,толку беа избледени,што бојата скоро и да не се познаваше,па можеби затоа окото не можеше да ја одреди колоритноста што била нанесена којзнае кога.

Беше пладне,кафеаната повеќе беше празна отколку полна,и неа ја одминала веќе славата,само некои кои живееја со спомените за некогашните лумперајки навраќаа,повеќе од навика,ќе седнеа на масите и ритуално ќе ја кренеа раката во воздухот,кажуваќи со тоа дека е време да се регистрира нивното присуство,келнерот Миливој,мрзоловно ќе се довлечкаше до масата,со чекор на претепан пес,и незаинтересирано ќе забележеше што бараат од него,така и денес,само седнав без да го повикам,кога виде дека и после пет минути не ми е потребна неговата услуга,со последни сили се довлечка,небеше скржав на зборови,но во последно време се вообрази дека неговото повелете е бесценето,па само како кип антички ќе се здрвеше на главата од гостинот и чекаше што ќе побараат од него.

-Донеси исто како вчера.....

Без наклон се врати,кажуваќи со гримасата дека не е задоволен од порачката,но за кратко време црната течност која наликуваше на кафе се најде на масата.

-Миливој...

-кажи.....скоро нечујно ги изговори зборовите..

-старецон во аголот што седи,кој е....

-уфффффф...испушти добар дел од градните резерви....подалеку од него....

-зошто,заразен ли е,или е опасен.....

-не,нее ни заразен,ни опасен...малку направи пауза...никој незнае ни кој е ни од каде е,се појави пред извесно време,но некои кажуваат дека бил кобник.

-вака кога го гледам не ми лични на кобник,ни пак на скитник,повеќе наликува на скршен човек...

-незнам дали е скршен или сомелен,мене лично не ми се допаѓа...зборувавме тивко,старецот ја крена главата од масата,како да знаеше дека разговараме за него,го фокусира погледот кон нас,и со тој ладен поглед не предупреди....знам дека сум предмет на вашите интересирања...

Небеше којзнае кое задоволство да се пие таа блуткава напитка,но кога се троши бесцелното време,тогаш сеедно е дали ќе се пие вода со мирис на кафе или ќе се гледа незаинтересирано во минувачите.некои со своите мисли додека одеа ги граде своите светови,блескави и исполнети со многу радост,во тие светови се наоѓаа сите нивни и вистински и посакувани радосни мигови со своите сакани,некои пак со тешка мака се делеа од своите црнила и,ги фрлаа насекаде и заминуваа без да видат каде паѓаат,не го регистрирав присуството на непознатиот во овој простор каде воздухот имаше вкус на фрлено и полускапано јаболко.цигарата веќе самата од себе се изгаси,немаше ни грам задоволство во неа,кога сенката која ја преслика скржавото сонце на еден дел од маста кажа ..јас сум тука..ја клренав главата незаинтересирано..

-повторно си играш со злото...со својот студен но сигурен глас ми се обрати....

Ја кренав главата,сега можев добро да го видам,и небеше старец,само длабоките животни бразди кои беа напишани на неговото чело,го правеа старец,испиеното лице само ја зголемуваше таа афтентичност,но погледот,погледот беше тој кој сеуште имаше живот,и тоа многу,живот исполнет со пркост и немир,живот исполнет со непокор кој зборуваше за сите изминати патеки...

-се познаваме ли...сакав да го отстранам од мене со својата незаинтересираност...

-се сеќаваш ли на овој прстен...пред мене го остави златниот круг кој некогаш стоел на нечија рака...

-не,и не ме интересирааат веќе туѓите работи...

-погледниго добро,и речи дека е туѓ....

Погледот го фокусирав во прстенот но ниедна мисла не одлета во минатот,мисла која на било кој начин ќе ми кажеше дека сепак имам нешто заедничко со тој прстен.

-да те потсетам,ова е прстенот,за кој ТИ....тоа ти го кажа со преголема сериозност...ти мислеше дека е загубен...

Незнам дали сеќавањата беа толку бледи,или несакав да се се сеќавам повеќе на нешто што веќе правта го прекрила,но сепак,некои мали фрагменти од разговорот долетаа пред моите очи...незнам како го изгубив прстенот..со мала доза на нервоза беа кажани овие зборови...

-сега знаеш за кој прстен ти зборувам...

-Да знам но сега навистина несакам да знам...

-тоа е добро што несакаш,но сепак пробуваш да се вратиш во мракот....зарем не ја научи лекцијата пред само еден месец,знаеш добро што ти се случи....

Молчев и сега навистина го погледнав добро во очите,студенилото кое избиваше од тие очи ме натераа да го почуствувам просторот претесен,ми беше потребно место каде ќе земам голема количина на воздух,овие очи сум ги видел и другпат,тогаш,....зарем повторно овие сеќавања ќе ме гонат сеуште,сум ги видел на друг лик...

Се доближи до мене,како да ја контролираше одбојноста,беше завртен со половина лик кон мене,пред да исчезни од пред мојот поглед ги кажа своите зборови и замина.

-никогаш не беше предодреден за темнината,секогаш кога пробував да го заробам целосно твоето срце,некоја сила помоќна од мене ме одвраќаше,сега и јас знам дека твојата патека е премногу светла,оди и земиго тоа што требало да го земеш многу порано.....ТИ....ти си мојот неуспех.....ја отвори својата рака,во дланката имаше едно мало црно топче од кое за само дел од секундата изби таква силна реа,што некои минувачи со погледот пробаа да го одредат изворот на таа реа........ова е сметката која треба да ја доставам до нарачателот кој долги години ...малку се насмевна со иронија...кутрата таа бедничка,мислеше дека е мојот господар и бараше слепо да ги исполнувам сите нејзини наредби и желби сега ќе свати дека беше само мој покорен роб,не се грижи,низ воздухот за само петнаесетина дена ќе ја слушниш веста за цената која е платена,повеќе нема да биде се како што било,кога ќе го нема столбот кој сите мислеле дека бил главна потпора ,тие околу само немо ќе бараат спас,сега навистина оди.......со брзи чекори се изгуби низ минувачите,беше побрз од сите кои брзаа.....


 


 


 


 


 


 

Monday, April 11, 2011

Застани и Погледни


Застани и Погледни

-Иднината им припаѓа на тие кои имаат храброст да не ги затворат очите пред следниот миг..
-молам...за миг се тргнав со погледот кон нејзините усти кои ги изговараа зборовите,но моето молам не ја прекина нејзината мисла.
-додека минатото им припаѓа на тие кои постојано се враќаат со своите сеќавања...
-не те разбрав добро...
-минатото е една жива песок каде можеш со секоја мисла да пропаднеш и никогаш да не излезеш,додека иднината е една голема ливада,каде со секој чекор гледаш а потоа береш поубави и помирисни цветови...
Го гледав тоа лице каде насмевката го распостилаше на секој нејзин дел своето раскошно царство,го гледав и на моменти неможеш да разберам,и покрај сите ветришта што го шибале,никаде неможеше да се види ниедна трга,знам дека козметиката не е моќна да ги покрие тие немилосрдни долови на тагата,но тука немаше ни трага од сето ова.
-повторно ги истураш своите мудрости,или само ставаш ред на мислите кои се раѓаат понекогаш непланирано....
-зборувам за сите патеки кои човекот ги оди.....
-која беше твојата најтешка патека...
-неможев никогаш да ја измерам тежината на сопствените грешки,се до оној момент кога стретнав човекот кој никогаш не простува...
-интересно...
-научив едно....за момент замолчи и со врвот од прстите го допре градите,на допирот,срцето заигра ,не, ритамот го смени,час брз,час смирено,ги чуствуваше тие немирни удари и ја истури реченицата во воздухот.....никогаш повеќе не го трошев времето во воздивнање за се она што беше вчера,или завчера,размислував веќе за она што можеби утре би се покајала од денешниот ден..
-дали би се покаја за денешниот ритам што го чуствуваш под дланката...
-би се покаја доколу утре не верувам како денес во овој немир кој го слушам,немир кој буди нов немир и го прави ова попладне една прекрсна вечност.
Не бев едноставно расположен денес за разговор,повеќе бев за слушање на мудрост или поуку,или градење на нова патека,или......зборуваше зошто знаеше дека ја слушам,дека утре или задутре многу зборови ќе бидат стварност...
-не оди повеќе во темнината...не молеше ни со погледот,ни пак усите се собраа во неког грч на притаен страв...има премногу убави места тука во светлинава,сеуште не си ги видел блескавите ледини на спокојот.
Несакав да зборувам за нешто што веќе го знам,ниту пак за нешто што не ме интересира,само сакав да знам во овој миг,дали е потешко да ја изгубиш љубовта,или никогаш да не ја пронајдеш.
-доприме...тивко прошепоти
-ова не е бајка,нели,ова е стварност....
-да ,не е бајка...застана за миг гледаќи ме право во очите...ако кожата во мигот кога ќе ја доприш,ја споредиш со најнежното кадифе,тогаш знаеш што е љубов,ако во тебе сеуште беснеат притаени бури ,ако во тебе сеуште горчината клокоти тогаш повторно знаеш што е љубов...значи си ја пронашол.....застани и погледни...

-


Sunday, April 10, 2011

Денес е Недела


 

Денес е Недела


 


 

Додека последната ѕвезда на хоризонтот заминуваше и со малку тешко срце се поздравуваше од последните парчиња темнина,пурпурната зора веќе спремно ги пушти своите смели коњаници со својот нежен тупот да го најават нејзиното доаѓање.кокичињата и качунките тие смели и бестрашни вестители на новиот живот ,ги отворија своите мали и нежни чадорчиња да ја примат својат својата секојдневна награда,руменилото се распосла врз нивните пупки кои се отвараа со тивка песна на благодарност,да потоа тие зраци на спасоносна и живототворна светлина споро но сигурно лизгање се спуштат во непрегледната низина која мамурлакот го бркаше низ песната на третите и најсмели петли.

Продолжив да лежам во тишината несакаќи да ги отворам очите,во таа сега свесна затворена и заробена темнина читав една мудрост која и претходно сум ја прочитај напишана од неколкумина други,кој можеби исто како мене ја разбрале па потоа со малку мастило им ја насликале на другите,на нивното свесно дневно платно да ја прочитаат.

-светот,отсекогаш бил во рацете на тие што знаеле да сонуваат вистински,но и да ги разберат своите соништа.

Прапорците на ѕвонливата насмевка со притаен ритам повторно затропаа во мојата близина кажувајки го така своето Добро Утро.

-безделничењето е особина на мртвите надежи и отфрлените копнежи,тие кои не го одживеали својот минат миг,и тие кои не го очекуваат секој нареден се само бледи сенки во денот и темни залепени дамки во темнината,од твојата насмевка можам да сватам дека веќе добро знаеш што ќе видиш со својот прв поглед.

Ги отворив очите,пренесуваќи ја својата прва мисла кон насмеаното синило.

-прекрасно е сознанието кога ќе дознаеш дека потоците на омразата секнале.

-не те разбирам....малку дилема се залепи во просторот пренесуваќи се во брзо формираната млака бразда на челото кое се крена како знак на неверување.

-синоќа....направив мала пауза,сакаќи така зборовите да ги направам не уверливи туку достојни што беа изговорени...синоќа повторно го почуствував вистинскиот блажен вкус на чоколадото,тој волшебен еликсир на пеперутките,еликсир кој го измислиле највештите стари алхемичари.

-чуден спој си на темнина и светлината,непоправлив романтичар со невидливи канџи на демон.

Можеби сликата која сега ја наслика за мене беше автентична со мене,со живата стварност,се воздржав да го кажам мислењето и стрпливо дочекав врз таа слика да ја стави рамката.

-свесно знаеш да ја контролираш врелината на бакнежите,и така ги пуштат тие твои невидливи канџи да се зариваат низ секоја жива клетка на телото,ги параш до половина,да потоа кога ќе го зовриеш тој бакнеж,им даваш нова сила за само еден дел од секундата се регенерираат,воскреснуваќи ги во свежи и зовриени носители на страста....

-ги заборави крволочните заби......

-добро е што крвта тече брзо,па може секој твој угриз да го однесе на некое друго место,каде ќе мирува лекуваќи се со истечената слач како мелем кој може само да лекува брзо.

-денес е недела...

-да....

-ќе го прогласиме за работен ден,и ќе го наречеме,ден на Демонот и Ангелот,јас ќе ги извадам моите оштри нокти и ќе ги оставам на комодата,како не би те повредилсе разбира, стрпливо ,во романтичарски стил ќе го лекувам твоето скршено крило,еден по еден ќе ги редам пердувите со врелината.

Да беше објектот зграда,сигурно некои од соседите ќе ги подадеа главите низ прозорот за да видат од каде доаѓа таа слатка громогласна смеа.

-мислам дека кафето претече......

-уф,уф,уф.. веќе започна да ме лекуваш со твојата заменост што ја направи....


 


 

Wednesday, April 6, 2011

Светлосна патека

Светлосна патека


 


 

Да се победи по секоја цена не е мудро,жртвите не се бројат,и во таа пирова победа слават само луцидните генерали,беше мисла која ми пролета некако брзо додека очите се бореа со последните секунди на свесноста.

Тонев со брзина поголема од светлосната,познатите бездни вешто ги избегнував знаеќи ја нивната подмолност но и оштрата болка која ја задаваат,изминав неколку ладни пештери незадржуваќи се ни еден миг во нив,реата која бликаше уште на неколку километри го најавуваше нивното присуство,застана,или подобро кажано треснав со огргоман сила на простор кој и мене ми беше непознат..нечиото невидливо присуство беше очигледно,не го гледав но ладниот продорен поглед во првиот миг ме прикова на место,здивот повторно како да го препознав,стариот и папсан демон со скоро сронатите заби пробуваше да ме исплаши,...не се сеќавам повеќе бидечи вртлогот кој го обиколи сите четири страни како да му забрани на сеќавањето да биде тука присутно.


 

-повторно се бореше со туѓите демони,те слушав цела вечер како жестоко ги фрлаше зборовите насекаде....доаѓаше гласот од другата страна на перницата.

Одговорот брзо и спремно излета продолжуваќи во делот таму каде што застана прашањето,правеќи ја така целината.

-не, гледав како Ѕверот со смеа пишуваше,но повеќе препишуваше веќе напишани страни на некој стар пергамент.

-драго ми е што научи да го ослободуваш твојот демон и да го оставаш тој,наместо ти да се бори.

-само ги споив двата контрадиктори светови.

-ајде оставија твојата лажна скромност,и придружими се на прекрасниот доручек,но воодушевеноста задржија за некој друг дел од денот.


 

Посегнав да ја доправ стварноста повторно,но и сега времето беше мојот непријател,само врвовите од прстите го имаа тоа кратко задоволство.неколку апстракни светови се распрснаа во просторот.


 

-сеуште сум крвава под кожата од твоето проклетство...безобразно ја прекина кратката тишина

-зарем сакаш повторно во долината на твоите соништа пролетната роса да роси...морав да возвратам

-се додека сум препокриена со топлина,тежината на пролетните денови не ми смета.

-мирисот и вкусот на еден свет ти го подарив,сега оставиме во светлинава да сликам нешто што оково мое го гледа.

-понекогаш имам чуство дека премногу отровни гралови нудиш.

-оставиме да јадам.


 

Имав моќ во темнината,огромна,неспоредлива со оваа тука во светлината,тука бев само почетник,млад ученик кој треба да ги научи сите лекции што ќе му ги даде денот.


 

-никогаш не верував дека некој ќе ме нарече предавник.

-зошто..праша изненадена од коментарот.

-никогаш не сум чекорел по вакви сигурни патеки.

-го раскина пактот со темнината,сега собери уште малку храброст,и од таа темнина извлечија твојата сенка,твојата верна придружничка за да бидеш целосен....

Завртив со главата сомничаво

-којзнае на која ладна карпа ја залепив,кутрата таа,се сеќавам како тажно со немост плачеше по мене,но и таа во темнината не виде кога се разделивме.

-сеедно.собери сила и вратисе за последен пат да ја земеш за да можив да продолжиш понатаму,човек бес сенка е само полусуво дрво на кое ни врапчињата несакаат седало да направат.


 

Се отвараа усните за уште некоја река да истурат но грубо беше запрена таа река со брана која падна од небото.


 

-замолчи,да се помолиме и да ја искажеме нашата денешна благодарност за целокупната подарена Божја Љубов,што ете ни се смилува и ни даде храброст повторно да ги отвориме очите.


 

Несакав да ја импресионирам со моите молитви,но мислите кои ги пуштив како да се претопуваа со останатите кои патуваа во бескрајот,сега додека патуваа гледав како мали светлосни пеперутки ги носат радуваќи се на повторна нивната искреност.


 


 


 


 


 


 


 


 


 

Светлосна патека

Светлосна патека


 


 

Да се победи по секоја цена не е мудро,жртвите не се бројат,и во таа пирова победа слават само луцидните генерали,беше мисла која ми пролета некако брзо додека очите се бореа со последните секунди на свесноста.

Тонев со брзина поголема од светлосната,познатите бездни вешто ги избегнував знаеќи ја нивната подмолност но и оштрата болка која ја задаваат,изминав неколку ладни пештери незадржуваќи се ни еден миг во нив,реата која бликаше уште на неколку километри го најавуваше нивното присуство,застана,или подобро кажано треснав со огргоман сила на простор кој и мене ми беше непознат..нечиото невидливо присуство беше очигледно,не го гледав но ладниот продорен поглед во првиот миг ме прикова на место,здивот повторно како да го препознав,стариот и папсан демон со скоро сронатите заби пробуваше да ме исплаши,...не се сеќавам повеќе бидечи вртлогот кој го обиколи сите четири страни како да му забрани на сеќавањето да биде тука присутно.


 

-повторно се бореше со туѓите демони,те слушав цела вечер како жестоко ги фрлаше зборовите насекаде....доаѓаше гласот од другата страна на перницата.

Одговорот брзо и спремно излета продолжуваќи во делот таму каде што застана прашањето,правеќи ја така целината.

-не, гледав како Ѕверот со смеа пишуваше,но повеќе препишуваше веќе напишани страни на некој стар пергамент.

-драго ми е што научи да го ослободуваш твојот демон и да го оставаш тој,наместо ти да се бори.

-само ги споив двата контрадиктори светови.

-ајде оставија твојата лажна скромност,и придружими се на прекрасниот доручек,но воодушевеноста задржија за некој друг дел од денот.


 

Посегнав да ја доправ стварноста повторно,но и сега времето беше мојот непријател,само врвовите од прстите го имаа тоа кратко задоволство.неколку апстракни светови се распрснаа во просторот.


 

-сеуште сум крвава под кожата од твоето проклетство...безобразно ја прекина кратката тишина

-зарем сакаш повторно во долината на твоите соништа пролетната роса да роси...морав да возвратам

-се додека сум препокриена со топлина,тежината на пролетните денови не ми смета.

-мирисот и вкусот на еден свет ти го подарив,сега оставиме во светлинава да сликам нешто што оково мое го гледа.

-понекогаш имам чуство дека премногу отровни гралови нудиш.

-оставиме да јадам.


 

Имав моќ во темнината,огромна,неспоредлива со оваа тука во светлината,тука бев само почетник,млад ученик кој треба да ги научи сите лекции што ќе му ги даде денот.


 

-никогаш не верував дека некој ќе ме нарече предавник.

-зошто..праша изненадена од коментарот.

-никогаш не сум чекорел по вакви сигурни патеки.

-го раскина пактот со темнината,сега собери уште малку храброст,и од таа темнина извлечија твојата сенка,твојата верна придружничка за да бидеш целосен....

Завртив со главата сомничаво

-којзнае на која ладна карпа ја залепив,кутрата таа,се сеќавам како тажно со немост плачеше по мене,но и таа во темнината не виде кога се разделивме.

-сеедно.собери сила и вратисе за последен пат да ја земеш за да можив да продолжиш понатаму,човек бес сенка е само полусуво дрво на кое ни врапчињата несакаат седало да направат.


 

Се отвараа усните за уште некоја река да истурат но грубо беше запрена таа река со брана која падна од небото.


 

-замолчи,да се помолиме и да ја искажеме нашата денешна благодарност за целокупната подарена Божја Љубов,што ете ни се смилува и ни даде храброст повторно да ги отвориме очите.


 

Несакав да ја импресионирам со моите молитви,но мислите кои ги пуштив како да се претопуваа со останатите кои патуваа во бескрајот,сега додека патуваа гледав како мали светлосни пеперутки ги носат радуваќи се на повторна нивната искреност.


 


 


 


 


 


 


 


 


 

Monday, April 4, 2011

Бледа копија

Бледа копија


 


 

Моралот го претвори во предавство

Го расчлени во илјада парчиња

Го нарече нов живот

Го закити со срма избледена


 

Зошто се потребни сеќавањата

Кога црешата повторно млади пупки фрла

Старите веќе се со трулеж невиден

Етеги крај стеблото последните се распаѓаат


 

Останува само приказната ненапишана

Жолтата испукана хартија

И старото перо

На старото место каде прашината царува.


 

Недореченото,напишиго на таванот испукан

Претвориго во точка една

Колку голема,зависи од мртвите спомени

Ова не е исповед моја,некои зборови ненапишани се.


 

Сеедно ми е сега

Дали ќе бидеш стих опеан

Или песна недогледна

Или само нема буква во празна неизговорена реченица.


 

Немам повеќе причина да мразам

Беше само бледа копија на жена

Празен одраз на ликот од долниот спрат

Послушен поданик кој ги гризи усните од бес скриен.


 


 


 


 


 


 

Saturday, April 2, 2011

Разговор со Ангелот


 

Разговор со Ангелот


 


 

Не бев бесен,повеќе може да се речи дека бев огорчен,огорчен од сите нанесени неправди,од сите попусто пролеани солзи,од сите залудно поминати мигови во проклетава самотија,па така огорчен,го соблеков гол,исто како мене,Ангелот,кој деноноќно одеше по мене,со тажен лик,го соблеков и го седнав до мене,заедно да немееме,и во немоста да го слушаме плачот на тишината,таа пискава труба на заборавот......

-ми студи..со тивок глас прошепоти

-знам,реков,тоа е студенилото во мојата душа,затоа ти студи.....

-дозволими,дозволими барем еднаш со мојаата ангелска рака да поминам преку твоите гради и да ја стоплам.....

-тргнија твојата рака,не те казнувам со студенилото,туку те прашувам,зошто погрешивме и двајцата....

-незнам,немам ни јас одговор во овој миг,и мене твојот ангел не заслепи нејзината кроткост,не заслепи нејзиното тивко шепотење,кое на мигови и мене ми делуваше на песна пеена под лакот на виножитото,не заслепи недаваќи ни подобро да погледнеме позади нејзината насмевка,дека се крие еден друг лик...несакам сега да го именувам,бидеќи и обајцата го видовме....

-сега оја е користа што го знаеме творецот на лажната љубов...

-навистина дозволими барем еднаш да поминам со раката преку твоето срце,премногу студенило блика,веќе студенилово силни стисоци прави,може во некој миг....несакам да помислам на тоа...

-што,што несакаш....го погледнав во очите,во тоа бескрајно плаво простраство,каде спиеше една цела вселена....што нескаш ,ајде кажи

-неможам,но и несмеам јас да го изговарам тој збор,не сум овластен да повикуван нешто што нетреба да се случи..

-еве јас за тебе ќе го изговорам тој збор...несакаш да кажеш дека ќе ми прсне срцето,и дека смрта ќе се слади со парчињата кои ќе одлетаат дирекно во нејзините раце.....СМРТ;СМРТ, еве јас го изговарам тој збор без никаков страв...

-те молам,прекини да ме мачиш,те молам,овие твои зборови за мене се како најжешките небесни мечеви....

-а зошто да се плашам од неминовноста...

-повторно те молам,дозволими само еден пат да поминам....

-зошто да ти дозволам,душата е моја и јас можам да располагам со неа како сакам...

-не,сега ја кажа најголемата човекова заблуда..

-зошто..

-душата е дарот Божји,таа е м,ало парче од целокупниот унервезиум,кога една душа ќе биде изгубена,или бесцелно изгорена,тогаш некаде во некој дел се јавува мала црна дупка,душата е најфината природна супстанца...

-ех....

-да,човекот може да се грижи за телото,носителот на душата,да го храни и лечи кога е болно,додека за душата се грижеме ние ангелите...

Сега навистина побеснав,побеснав во вистинска смисла...

-ако навистина тоа беше твоја задача,јас како смртник размислував со срцето,а не со разумот,тогаш ти кој мо-еше да ја видиш и нејзината душа,зошто ти не ја препозна....

-есега ти навистина грешиш.....

Замолчев,не подобро занемев,зарем навистина грешам.

-ајде тогаш кажими те молам каде погрешив....

-два пати те предупредив,дека нетреба да продолжив да одиш на таа патека,но ти слепо и покорно го молеше Бог да ти дозволи,кога на Бог му здодееа од твоите молитви,повторно ме пушти крај тебе со задача...оди израдувајго,но кога ќе му биде раскрварено неговото срце излекувајго....

-сакаш да кажиш дека се било однапред предордредено...

-не некои работи не се предодредени,но во добар дел да......

-кои се тие моменти кога бев предупреден....

-го имаш најголемиот и најмудар учител што природата го дава,самотијата и тишината,од неплодна нива,направија плодна ораница,во секој нареден миг,насадиги или посејги твоите прашања,потоа погледнија длабочлината на твојата душа,и од таму,од тој непресушен извор ќе ги добиеш одговорите,ќе никнат насекаде околу тебе...барај,барај и ќе добиеш,секој бесцелен миг за тебе е само загуба...

Замолчив,некоја пријатна тишина се распосла,дали од пријатноста и смиреноста на Ангелот или пловидбата на бродот наречен живот,заплови во тие води...

-дозволими навистина само еднаш да поминам преку твоето срце,секој негов грч,за мене е болка неподнослива,погледниго онај темен облак,таму ги сликам моите болки што ми ги задаваш со грчевите од твоето срце

Шумот на брезите ли беше толку лековита песна ,или започна да се смирува бесот..

-во ред ќе ти дозволам,но ќе ми одговориш само на уште едно прашање...

Ќе ти одговорам ако сакаш на уште сто,на илјада....

-што ќе биде со моите мали и слатки Ангелчиња..

-за нив не се грижи,измама е со танок превез,ќе падне многу бргу,оставиги,болка ќе ги научи да гледаат понапред во времето и со побистри очи да ги гледаат нештата,болката ќе ги научи да ја засилат својата верба,сега и тие ја научија најголемата лекција,дека некогаш и луѓето на кој безрезервно им веруваме и сакаме знаат да не повредат,па макар тие носеле и лик на мајка.....

Ме погледна некако со некоја милост...

-сакаш да знаеш што ќе биде со...го гледам пламенот во твоето срце сеуште клокоти,ајде изгасниго веќе еднаш,за да не бидеш повреден посилно,а за нејзината иднина нема да ти кажам, ни збор,и подобро е да не знаеш...но верувам кога ќе слушнеш,ќе ти биде сеедно.

-но....

-ќе ја заборавиш,ќе ја заборавиш,јас ќе бидам тука околу тебе,брзо ќе ги исцелиме раните...

Поминуваше Ангелот со дланката околу срцето,некако со брзина на утринско немирно разиграно и палаво ветре.....