Popular Posts

Wednesday, April 6, 2011

Светлосна патека

Светлосна патека


 


 

Да се победи по секоја цена не е мудро,жртвите не се бројат,и во таа пирова победа слават само луцидните генерали,беше мисла која ми пролета некако брзо додека очите се бореа со последните секунди на свесноста.

Тонев со брзина поголема од светлосната,познатите бездни вешто ги избегнував знаеќи ја нивната подмолност но и оштрата болка која ја задаваат,изминав неколку ладни пештери незадржуваќи се ни еден миг во нив,реата која бликаше уште на неколку километри го најавуваше нивното присуство,застана,или подобро кажано треснав со огргоман сила на простор кој и мене ми беше непознат..нечиото невидливо присуство беше очигледно,не го гледав но ладниот продорен поглед во првиот миг ме прикова на место,здивот повторно како да го препознав,стариот и папсан демон со скоро сронатите заби пробуваше да ме исплаши,...не се сеќавам повеќе бидечи вртлогот кој го обиколи сите четири страни како да му забрани на сеќавањето да биде тука присутно.


 

-повторно се бореше со туѓите демони,те слушав цела вечер како жестоко ги фрлаше зборовите насекаде....доаѓаше гласот од другата страна на перницата.

Одговорот брзо и спремно излета продолжуваќи во делот таму каде што застана прашањето,правеќи ја така целината.

-не, гледав како Ѕверот со смеа пишуваше,но повеќе препишуваше веќе напишани страни на некој стар пергамент.

-драго ми е што научи да го ослободуваш твојот демон и да го оставаш тој,наместо ти да се бори.

-само ги споив двата контрадиктори светови.

-ајде оставија твојата лажна скромност,и придружими се на прекрасниот доручек,но воодушевеноста задржија за некој друг дел од денот.


 

Посегнав да ја доправ стварноста повторно,но и сега времето беше мојот непријател,само врвовите од прстите го имаа тоа кратко задоволство.неколку апстракни светови се распрснаа во просторот.


 

-сеуште сум крвава под кожата од твоето проклетство...безобразно ја прекина кратката тишина

-зарем сакаш повторно во долината на твоите соништа пролетната роса да роси...морав да возвратам

-се додека сум препокриена со топлина,тежината на пролетните денови не ми смета.

-мирисот и вкусот на еден свет ти го подарив,сега оставиме во светлинава да сликам нешто што оково мое го гледа.

-понекогаш имам чуство дека премногу отровни гралови нудиш.

-оставиме да јадам.


 

Имав моќ во темнината,огромна,неспоредлива со оваа тука во светлината,тука бев само почетник,млад ученик кој треба да ги научи сите лекции што ќе му ги даде денот.


 

-никогаш не верував дека некој ќе ме нарече предавник.

-зошто..праша изненадена од коментарот.

-никогаш не сум чекорел по вакви сигурни патеки.

-го раскина пактот со темнината,сега собери уште малку храброст,и од таа темнина извлечија твојата сенка,твојата верна придружничка за да бидеш целосен....

Завртив со главата сомничаво

-којзнае на која ладна карпа ја залепив,кутрата таа,се сеќавам како тажно со немост плачеше по мене,но и таа во темнината не виде кога се разделивме.

-сеедно.собери сила и вратисе за последен пат да ја земеш за да можив да продолжиш понатаму,човек бес сенка е само полусуво дрво на кое ни врапчињата несакаат седало да направат.


 

Се отвараа усните за уште некоја река да истурат но грубо беше запрена таа река со брана која падна од небото.


 

-замолчи,да се помолиме и да ја искажеме нашата денешна благодарност за целокупната подарена Божја Љубов,што ете ни се смилува и ни даде храброст повторно да ги отвориме очите.


 

Несакав да ја импресионирам со моите молитви,но мислите кои ги пуштив како да се претопуваа со останатите кои патуваа во бескрајот,сега додека патуваа гледав како мали светлосни пеперутки ги носат радуваќи се на повторна нивната искреност.


 


 


 


 


 


 


 


 


 

No comments:

Post a Comment