Popular Posts

Tuesday, May 3, 2011


 

Пред олтарот на Оганот


 

Го оставам градот на изгубените соништа да спие со лесен сон на плашлива Срна....го оставам градот на заборавените спомени во спокој да дреми навален лежерно на грамадата од камења многувековни ....без тага во себе ги оставам сеќавањата тука на парчево земја што е пред мене,уште неколку мигови ќе земам,по мене драгите сокаци да ги поминам,да ја слушнам низ ехото твојата насмевка,во некоја капка на заборавена чешма во нечиј двор,да го слушнам падот на некоја твоја солза,ќе прегрнам некоја друга жена,само еден мал мал дел од секундата,низ нејзиниот изненаден поглед ќе го видам твојот лик,и малиот трепер што ќе проструи низ телово ќе ги растури сите мои пластови на стравот на последниот лет.

Вечерва срцето е од стакло,прозирно,на места колажи нови има налепено,со боја црвена се обоени,нова и свежа... Не спие веќе срцево мое во дланките твои...гледам во облаците малку сињак расфрлаат по врвовите ладни на Плачковица...малку мистика има во тие сиви пластови што се таложат нечујно...... Безгрижна биди,весела и насмеана... Аманет оставив... Од спокојот мој вечен подалеку да бидеш.. Така светот твој ќе го заштитам... Така ликот твој свежина ќе има...

Се провлекувам полека кон закрилницата ,Од викотот преголем само во малава миговна празнина зборовите ги истурам,триста улави ѓаволчиња евеги повторно ги видов пред малку се влечеја,опашка од забава и сторија, тука под кожата лукаво се провлекоја да танцуваат низ вените,кога смеата ќе биде неподнослива,во крик ја претворам и кон небото го пуштам,нека отиде во неповрат,далеку е ноќта,знам ќе се плодат со блуд невиден,колку ли ќе ги има до светлината,илјада ли или повеќе,исцибрено е телото од нив,ја слушам песната како ја пеат во градите .

Од далеку со коработ на смрта допловивме

Низ пелин море со јадовни бранови се боревме

Врз пепел што некогаш надеж,сон,желба,ставрност беше

Газиме,безимени купишта правиме.

Легло спремаме,несакаме тажалинка лажна да дојди

Црна песна само три ужалени птици ќе пеат

Слушнав тогаш како од мака и каменот прсна,гулабица од сон се разбуди,на полноќ пее,зло ќе да биде кога таа се јави,така рекле стари,повторно слушнав како тупоти коњот вранец на место врзан е,ржи и тој кутриот злото го насетува,го нема,ни ехото на виежот волчи се сокри,под црна стена за него знам дека е таму сокриен,само гавранот ја пие светлината од моите очи,за спомен ,рече така тој,да гледал потоа со моите очи како победоносно ќе одиш по новиот булевар...во залезот на денот не реков домаќински добра вечер,ме преварија овие црни мали ѓаволчиња..ми оставија толку време од сенката моја да се простам,прошка да и побарам што така љубоморно ја влечев ете толку години,не и дадов ни збор да каже,само барав да молчи и да гледа...


 

Не крши попусто прсти крај јама празна кога ќе видиш ,без род сум,таков ме создала судбината,дождовница ќе ме искапи,сега тоа го знам,вечерва можеби ќе сонувам легнат на студена плоча,а ти свилен чаршав ќе диплиш за повторен спокој преморена од страста,моето племе опусти,моето село се запусти,тоа е пишано од наречници три....


 

-Доста е ,рече Веда жолта со тресок, не си веќе миленик на ноќта ,ни пак штитеник да знаеш,царството нејзино гледа како полека го напушташ,Бес голем сега збира,биди спремен со бесот нејзин вечерва да се бориш.


 

-Повторно ли ги отвори тие врати на секавање....малку со лутина во очиоте ме погледна..

-не, ги собирам на едно место,полесно ќе ми биде така да ги гледам кога ќе прегорат...

-оставиги нека беснеат,и тие претчуствуваат дека последни мигови престој им нудиш во себе,пуштиго чекорот сеуште сме далеку од денешната цел...

Повеќе пати се прашував дали навистина ги знае моето чуства,или само по изразот на моето лице вешто чита..

-ги знам твоите недостатоци,во почетокот се сомневав во твоите скриени способности,мислев дека немаш сила да ги разбудиш закржлавените и прастари моќи,

-но јас...

-биди љубезен кон себе,и никогаш повеќе со суровост не се казнувај,прифатија пофалбата што двапати ти беше дадена...

Тука светлината беше малку сржава,којзнае можеби од густите високи борови кои се бореа со палавите и немирни облаци,дланките нејзини се залепија на моите ,се преплетија прстите во еден чудесен спој што може да го направи само една заедничка мисла.

-знам за еден извор каде погледите се многу ретки,се погрижила планинава да го затвори со густак,упорните и желни за вистинскаа тишина лесно стигнуваат до таму....ајде....потрча онака детински,брзо и лесно,за миг се изгуби пред мојот поглед зад свиокот.по звукот на гранките кои се виткаа го следев нејзиниот чекор.кога веќе го чуствував нејзиното присуство пред мене се појави мала пољана заградена го густа шума,на самата средина имаше мал извор,од кој клокотеше чиста изворска вода,толку чиста што имав впечаток дека е почиста и од најневината детска солза...

-оставиги вреќите за спиење,имаме време за одмор се додека мракот не се залепи на оваа земја тука...

-имам чуство дека не гледаат нечии очи...

-во право си,погледниги оние два бели цвета што израснале на самиот раб од шумата...

-прекрасни се,но во сета таа нивна убавина како да има малку тага...

-ги има стотици,илјадници насекаде низ планинава се расејуваат,и секогаш растат на самиот крај од шумата,погледниги подобро,завртени се во правец према котлината..

-не го разбирам значењето на нивниот копнеж

-тука се верува дека тоа се очите на Илјадната Самоилова војска,копнеат по телото,ако имаш трпени наутро кога првиот сончев зрак ќе ги отвори нивните мали но нежни цветови,ќе видиш како од секој цвет капнува по една капка на земјата...плачат,плачат тие очи секое утро за стореното злодело,плачат за украдената светлина...човекот,како најсвесно суштество на оваа планета знае добро за смрта и животот,телото е мртво но очите се живи тука,и токму од таа причина овие цветови плачат...имај длабока почит према Човечкиот род,и таа почит ќе ти биде возвратена.

-зборуваш со глас кој ми зборува дека си го преминала мостот на смрта и и си осознала дека и после смрта има патеки за одење...

Се насмеа толку слатко,што во истиот миг на гранките од дабоот,долета мало семејство од шумски врапчиња,со црцорот свој си кажуваа кој каде треба да застане,откако брзо ги зазедоа своите места на посматрачи прекинаа чекаќи повторно да го слушнат тој насмеан поток на нов миг.

-смрта...повторно се насмеа...смрта е нашиот пријател,ако не би постоела смрта тогаш не би имале потик и смисла да живееме,само стравот од животот може да те однесе брзо во нејзините прегратки,прифатија како неминовност,и живототќе те наградува секое утро со сноп светлина,грст насмевки,и стотици или илјадници нови и победоносни чекори.

-а,ако умрев предвреме...ја прашав со малку студенило во гласот...

-ќе го казнеше твојот ангел чувар со најсуровата казна,заради тебе ќе мораше триста години да биде врзан со ладни и тешки ланци на ладна карпа...ќе ја казнеше твојата иднина,а во таа твоја иднина гледам има прекрасни мигови со личносто кои итекако ти значат,гледам има успони и падови,но твојата сила што сега ја осознаваш ќе те научи со насмевка да стануваш и уште посилно да грабаш кон секој нов ден.

-напати се чуствував како Јуда,чувството дека сум ги предал неостварените желби ме тераше да бегам во темнината,и таму сопствениот страв да го хранам обилно,со погледот од темнината гледав како луѓето во животот бараат и мала светлина за секоја нова патека,но во таа темнина видов дека туѓата неправда жив ме закопа,и можеби токму таа нанесена неправда беше потикот да станам и да одам.и крештавото смеење на живите демони што славеа за мојот пад беше уште една добра причина да продолжам...

-кога вечер ќе застанеш пред олтарот на оганот ќе ги видиш ликовите на демоните како горат со врисок страотен...


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 

Monday, May 2, 2011

Заклучено Минато

Заклучено Минато


 


 

Сказалките на стариот часовник и вечерва ја направија својата чудесна прегратка,со прегратката како молчешкум да се збогуваа од старото деноноќие,додека на новото му посакуваа добредојде,третата сказалка,најмала но најпргава и најбрза ете некако во својот палав и детински стил започна веселе да чекори во новиот ден,брзо и весело потскокнуваше на секој нареден миг што ќе го дочекаше и му кажуваше… евене повторно заедно исто како вчера исто како завчера. глувата тишина сега се радуваше на овие мали и ѕвонливи удари,така и таа знаеше дека не е глува и мртва тишина,дека не е празна тишина,дека се согласува со овие удари кажуваше и рамномерното дишење на двете сенки кои копнееја од вечерва повторно појака светлина да се распостели пред нив.


 

-Оваа вечер собра сила својата тага над месецот да ја фрлаш... со својата сенка го потемнуваш, светлоста со јад му ја сокриваш, уште малку и целосно ќе се сокрие, ќе потемне од твојата болка, сите зли сили се радуват ја чувствувам силата нивна, силата на злото царува, темни магови раце триат, свои отровни напивки прават ......


 

-прекрасна си...прекрасна си со сите твои убавини што ги гледаш низ тие твои сини небесни светови...


 

-носителите на светлината,со меч од збор,со меч што темнина коси,рикот твој го слушаат наоколу...


 

-по вторпат во очите на месечината умирам...мојата скаменета тага ете тука ќе ја истурам...со болка...со рик...низ заби ќе цедам кратсави спомени,суво ќе го плачам минатото,нема навистина повеќе да кажувам молитви за заборавеноста,ќе пуштам низ крвта да ми шумоли реката на утрешните насмевки,повторно ќе ги разбудам невидливите тапани во моите дамари,горчливиот бес во невидлив свет на понори ќе отиде....и волкот самотник во пештера ладна ќе го оставам.


 

-недореченото со старото перо напишиго во воздухот,жолтата стара хартија што ја носиш во раката,само стуткаја и фрлија притаениот ветар енего стои,ќе ја земе лакомо....не се потребни веќе болни сеќавања.

-оставиме сега низ ревов да пишувам...а ти,ти со носителите на светлината кругот чувајтего.

-низ клепките сурни едно минато без иднина,со дланките зграби една иднина со насмевки.

-замолчи....небово нема трпение веќе....

Се отргна од мене со брз чекор,само еден сноп од жолта светлина кажа дека е време.

- Ти,ти навистина незнаеш како е да се живее со дивите ветришта во душата,незнаеш какви оркани се креваат откако сонцето ќе зајде,тогаш,нивната сила демонска станува,кинат на парчиња се што ќе најдат пред себе,веќе завивањето им го разбирам,се настрвија на некои полураскапани дамари,живееле кутрите од ситните спомени што така грчевито ги држеле во себе,се настрвија овие проклети ветришта на немирот на нив,ги намирисале по неколкуте мои насмевки што останале во нив......како ѕверка рането во пресмртната агонија крикнувам...крикнувам за да ги затворам овие рак рани што и душата ја зајадоа,до скоро со телото и крвта се сладеа,сега од нектарот Божји сакаат да пробаат,црни мали јата летаат подивено....погледнувам во мракот пред себе и дланка барем една со малку вода на себе,жедда да ја згаснам,испуканиве усни веќе не се усни,низ браздите се влечат некои бесцелни молитви кои ветриштава на немирот ги носат во бездната...кога крикнувам,ѕвездите лицето го кријат,несакаат до нив ехото на злокобноста да допри...низ темнината ги пуштам прстите,ја виткам во плетенки,налик на твојата црна коса,па потоа во празнотијата повторни ги расплетувам,и полека само со врвовите од прстите ја галам,го нема ликот твој тука,оваа самотија несака насмеани и весели лица,нејзините ѕидови толку се оштри што ликовите тажни со својата извитопереност се лепат,насмеаните,насмеаните од првиот допир бегаат....ја милувам темнината нарекуваќи девствена игра...


 

Благо климна со главата,кажуваќими да не го прекинувам текот на зборови...


 

-Го пијам до дно сега на ова место од овој светлосен грал,бесот на Дионис,и белата роза,дарот на Љубовта го примам,пиам жедно и давам прошка на заборавот,со огнен круг го заградувам.... Luna mater, mater aurae! ....пред судбината се колнам дека е така... Gaia mater, mater silvae! ....во името на нивите светни полиња,пијам вода студена... Aquae mater, mater vitae! .....Овенатата РОЗА,со утеха во понор ја фрлам...ги одморам тука нозете,а од нив сега нови патишта се раѓаат...го кинат заморот на четириесет парчиња ситни...неуморниот ветар го барам за водилка да дојди...

Стана од местот каде клекната беше,некои молитви мислам кажуваше постојано,одважно лист бел зеде,со покорен наслон на исток кон небото се поклони

-запишувам сега....привремениот облик е мртов...се роди човек,живејго човекиот живот...сега затворија засекогаш вратата на сеќавањата...

-Замини,зошто си пресечана на половина,твојата душа е одвоена од мене,твоето име е закопано во заборавот,над твојот дух е тишината и сега не си веќе во моето срце.

-по вторпат наздравувам за сите бакнежи и прегратки,за сите бранови на восхит и страст,за насмевката твоја,за жешките зборови што ми шепотат во душата,сега повторно знам,за да ја насликаме убавината на животот потребни ни се многу платна.Љубовта Благословена те научи прошка да даваш..

-не би ти дал ни миг со тага и болка....дојди...


 

Исчекувањето да ги слушне повторно тие спасоносни удари на срцето кои секоја вечер ја пишуват својата вљубена симфонија по шушкавите свилени чаршави беа сега вече стварност , срцето кога ќе го слушнеше првиот тон заигруваше со еден луд ритам,како што играше срцето така крвта започнуваше да го забрзува својот тек,од мирна и прекрасна река стануваше див и нескротлив планински брзак,секоја вена,секоја жиличка на крвотокот се натпреваруваше во се поголема и поголема брзина,воздишките како се вжештуваа така тој тек беше побрз,кога ќе застанеше воздишката тогаш и крвта за миг застануваше и се предаваше на тешкото и возбудено дишење,ритамот на градите тогаш ја преземаа улогата на чекање,продорниот звук на спојот од две усни кажуваше дека сега мигот на чекање е пократок,кога тие величенствени удари ќе започнеа нова симфонија испреплетена со крцкавите звукови од прстите кои се плетеја во плетенка без крај и слухот се придружуваше во исчекувањето,конечно и крајот се ближеше,весела насмевка ќе се разлееше во просторот осветлен со миризливи свеќи ,белите заби сами ја надополнуваа таа насмевка и ја правеа уште позаносна,топлиот и слаб воздух кој излегуваше од малите носни отвори го кажуваше ритамот на возбудата ,зацрвенетите образи само ја отсликуваа желбата,додека најголемото и најтаинстено море кое го затвораа две сини очи ќе се отвореше и ќе се стретнеше со уште едни очи, пиеа и се впиваа така еден со друг,кога ќе се измореа од силата на страсните бранови кој се удираа еден со друг,за миг ќе се смиреа и се препуштаа на тивкиот ветар кој дуваше од север за миг да ги смири страстите ,на оваа идила се радуваа катадневно и месечината и темнината,месечината среќна што повторно беше од корист,со својот златен сјај ќе ги наградеше ,додека ноќта кога ќе наидеше некој случаен намерник,или злобник кој лакомо глодаше парчиња мрак,ќе испратеше мало темно облаче за кратко ќе го прекинеше во својата работа месечевиот зрак и ќе им ја обезбедеше толку посакуваната тишина,се плетеја овие две тела често во свилениот сјај,та кога ќе ја направеа плетенката изгледаа како едно цврсто и нераскинливо јаже создадено од најаката и најмоќна љубовна ткајачница.


 


 


 


 


 


 

Thursday, April 28, 2011

Мирис на Запален Темјан

Мирис на Запален Темјан


 


 

Можеби можев и на друг начин...во мене зборуваат илјадници денови,милиони минути,милијарда секунди...некоја светлосна река од полураскапани спомени со врисок оживуваат,чекорот тежок повторно ми го прават...за миг ја кревам главата кон небото кое етего тука непријател ми станува,со темни облаци го прекрива...Боже,зошто мораше во моите вени да ја вовлечеш,ако веќе мораше,зошто со толку отров ја направи....низ темнината која се припива и до кожата,четката на животот ми ја подава,вика низ гранките лескови..сликај,сликај повторно проклетнику,сликај што било,ги знаеш добро нијансите на црнилата,сликајми со твоите болни спомени.....

-не седнувај,продолжи да се движиш,ако само застанеш тука во оваа илузија на спомените заробеник на минатото ќе станеш,продолжи понатаму....синилото од нејзините очи како сабја ја пресекоја секоја мисла која леташе во просторот...

-бесот и горчините ме преплавија за миг...плачев..знаеш...сакав така понорот да го направам некоја река,и во таа река да ги пуштам сите делови кои беа се налепиле на мене како спомени...

-не дозволувај очајот да те совлада повторно...играј си со сопствениот демон,и правилата на игра одерувај ги ти..

-не ја познавав вистинската слободата,освен слободата што ја имав во златниот кафез...бев птица која сакаше да пее свои песни,но секогаш туѓите желби беа тие кои ме тераа да молчам....ти го оправдуваш моето постоење...

-знаев за твоето постоење..се будев на полноќ,и како војник стражарев крај моите сништа чуваќи го мигот на твоето појавување....затоа продолжи да одиш...

Додека Демонот се смееше трескавично следеќи го секој наш чекор,од светлината која како зрак лесно се пробиваше и тука со глас гласот надежта ја враќаше....
Те избрав уште кога го планирав создавањето на бесконечноста...и знаев за тебе уште пред да бидеш зачнат во Мајчината утроба...ТИ си од мојот Род...ТВОЈОТ ЖИВОТ не е случајност,бидеќи сите твои денови се напишани во мојата книга....Моите планови за твојата ИДИНА се исполнети со НАДЕЖ и СРЕЌА...Побарајме со твоето СРЦЕ и ќе ме пронајдеш...Во состојба сум за тебе да направам многу повеќе ОТКОЛКУ што ти можеш да замислиш...Не ги БРОЈАМ твоите гревови,ЈАС ги ПРОСТУВАМ твоите гревови...ВРАТИ СЕ во мојот ДОМ,и јас заедно со моите Ангели ќе ја направам највелинченствената гозба во ТВОЈА чест...затоа сега ќе ти поставам истото прашање ДАЛИ сакаш повторно да бидеш мојот СИН...ЧЕКАМ на твојот одговор...

-ме прифати онаков каков што сум...вечерва или утрово...ја гледав во сршта на светот кој треперееше заедно со мене во темнинава...навистина ќе ти дозволам да го отвориш моето срце...

-ти си една целина,Ангелот е твојата Суштина,демонот е твојата Стварност,споиги заедно и веќе самиот ќе знаеш кој си...

-твоето присуство ги смирува моите мисли...ќе наздравам со еден крик...

-стигнавме...застана во просторот како Горостасна Господарка...ги гледаш камењата наредени во кругот околу тебе,на секој од нив можеш да лепиш спомени колку сакаш,на допир се ладни и бесчуствителни,но во нивната внатрешност гори пеколен оган,и ги гори за миг...отворија лавината на сеќавања од тебе нека потече за последен пат,не се страми од твоите солзи,пуштиги нека ја свират својата најтивка музика кога ќе капат на земјата,таа ти прости,и ќе биде среќна кога ке ги прима во себе...сега небото е темно,минатото сака со темнината повторно да те предомисли и да те врати кај себе,но позади темнината е светлината....го слушна нејзиниот глас...

-го отклучувам времето,влегувам во просторот ,на дланките носам три припитомени солзи,како мој дар за покајанието,од средината на темнината пијам,во густината Демонот го повикувам,името негово да го дознаам,тоа моја најголема тајна да биде,за неколку часови утрото ќе чука на вратата за промената ќе му кажам....

Пријатниот мирис на запален темјан врз кој беа уште неколку суви тревки го исполнуваа просторот со несекојдневна мирнотија и опуштеност,телото ги опушти стегите на исчекување и им дозволи на сите свои делови да уживаат во овој простор.


 

Monday, April 25, 2011

Прошка од Земјата


 


 


 

Стоеше потпрена на младата бреза што израснала тука во овој простор каде покајнички крикови одекнуваа,сега кога се наожав со средината на мојата душа,ги гледав сите настани,ги слушав сите зборови како во вртлог се слуваат кон површината,тука бев дете,во вистинска смисла,со чист поглед кој гледа во синилото над себе,срната која пасеше спроти нас,плашливо се вртеше насекаде,беше премногу тажна,немаше ниедна солза да пушти на тревата,беа и се исушиле во црната шума каде што одела,не загради белата густа магла...зарем не...толку густа што каменот беше во овој помек,не ја познававав структирата на оваа магла,но исто онолклу колку што носеше во себе мир,толку во неа се криеше нешто премногу темно,можеби беше човек,или во себе ги криеше сите човеки патила...


 

-јас ќе го сонувам мојот сон....ќе ги намирисам моите ноќи со аромата на нерасцветани ружи...ќе ја распостелам мојата плава коса врз неизгужваните свилени чаршави,и само со врвовите на косата ќе ја допирам перницата.....ќе оставам еден крај празен,или за соништа празни или за уште едни очи кои ќе сакаат да гледаат нови утра.....


 

Ги кажа овие зборови и седна,со невиден спокој во себе,небеше рамнодушна....но брзите отчукувањата на срцето ја одаваа,белите цветови кои во погледот нејзин цветаа зборуваа дека пролета е на прагот.


 

-знам дека постоиш и тука,и во облаците,и во времето,до вчера твоите перници ги полнев со надежи.....сега е можеби цасот кога кога самиот ќе прегорам,или ќе се воздигнам....кога ќе станам лита сенка која во мракот црно вино со пелин помешано ќе пие,или жедно во секој нареден миг ќе пиам од твоите усни...


 

Замолчив,легнав,во грч се претворив,со земјата се прегрнав,прстите ги закопав,ако треба корења нека бидат,а јас дрво кое ќе изникне на ова место,дишев и здивот нејзин го голтав,беше киселкас со малку мртовечка исполнетост,полека низ телото студенилото нејзино ми го пушти,мрачните патеки ги отвараше,ковчег на сеќавања исполнет ме стори,во срцето рането раната жива ја отвори...прколетница беше...знаеше каде треба да рие со демонски прсти...несакав да се сеќавам...но повторно ме стори волк кој по крдото свое каска,ранет на десната плешка,оставаќи позади себе крвава трага....моето око стана огледало на сеќавањата....


 

-земјо...ревев...и проклетнице,и блуднице,и хранилка вечна...исконска мајка на животот,за прошка те молам,пепелта твоја што ја фрли да ја земеш,мирисот на мемла да го повлечеш...патував по твоите патеки,дишев од твојата прашина..ги затворам очите..а ти со милоста твоја,затвориги за навек,или нови извори дајми каде солзи радосници ќе има.....

За миг минатотот стана сурова сегашност,и повторно и повторно,хаосот на мисли воскресна,во просторот протече реката на настани...некои кои смеата им беше главен атрибут ме направија непобедлив,сознанието дека љубовта е тука до мене,носеше спокој кој и сега го посакувам,но кога тој спокој на суров начин ќе беше спржен од злото кое чекореше на две нозе во ликот на стара мајка,како пеколен оган се распостилаше,прво беше молк од појавата,потоа на неколку ликови се лепеше притаен страв,во тие мигови само пркоста беше таа која се спротиставуваше,пркоста беше најгласниот гласник на разумот кој трубеше со трубата на сите страни...


 

-за сопствениот грев секогаш другите се виновни....низ заби процеди црнејцата што ја прегнував.


 

-мојата кучешка смрт,ниеден светец неможе да ја одложи,веќе вторпат умирам,знаеќи дека времето како река ,истекува,и каењето по миговите изминати.

-исполнет си со љубов,која спие во тебе...процеди низ процепот кој зјаеше пред моите очи...кажија твојата последна молитва кон твојот мртов копнеж и затворија вратата на сеќавањата...


 

За последен пат плачам

Без твојата прегратка и тивкиот шепот

Во миговите кога не чекорев по плочникот празен

Ослушнував кон небото со грч во срцето


 

Една мала вечност ми требаше да се уверам

Моите височини сега се мое дно

Имаше љубов само кон себе

Попусто гледав во огледалото да го видам твојот лик


 

Мојот творечки занес

Ја разбива сега монотонијата на тивкото умирање

Доцна е,рака да ти пуштам

Вода студена ќе плиснеш врз огнот што тлее


 

Испарува душата од коските суви

Се крева полека кон скалилата без крај


 

Се стана одеднаш далечина,моите зборови сега беа ехо кое правеше заштитен обрач околу мене.


 

-ако Амор види дека погрешил,и ја извади стрелата од едната страна на срцето,тогаш другата страна обилно крвари и се исполнува со омраза и уништување...прошепотија тие усни кои чекаа под брезата...


 

-поради животот,одрекнисе од животот досегашен...зареви земјата и со грутка голема ми ја исполни устата,вкусот повеќе да го почустувавам...трајно е само на што има облик и име....твојата досегашна форма беше само илузија што те формираше...а ТИ,ти си еден мал унервезиум во кој се собрани многу ѕвезди,многу метеори,неколку месечини и едно ГОЛЕМО Сонце,но ТИ,ти беше осамен што не се припремаше кон Млечниот пат,таа волшебна и светлечка нишка што ја врзува Бесконечноста...


 

Реката на сеќавањата повторно пред мене брегот со влажен песок го донесоа,земјата повторно низ забите кои тогаш заличија на грамади големи процеди....


 

-напишиго твоето проштално писмо и ќе ти простам,во себе ќе ги ги закопам сите твои чемери и сцрнината ќе ја голтнам во моите тајни понори....


 

-Кога некој сака искрено,силно од длабочините на своето срце,тоа знаеш се вика Љубов....ЉУБЕВ...онака човечки,исто како што и тебе те сакав Земјо во некои моменти да бидеш моја вечна друшка...Болеше,а сега боли,кога зборот кој меч крвав беше ми се забоди во срцето мое....кога смислуваше разни лажни зборови,кога само ладен тивок шепот го изговори зборот ...Незнам дали сеуште те САКАМ....те прашав низ првите солзи...ДАЛИ некој воопшто ти пишувал ПЕСНИ и те воздигнувал повеќе од БОЖИЦА...останав без одговор,и тогаш,и сега...повторно мочеше,позади молкот твој се криеше...Сега сакам само да бидам СРЕЌЕН,и со мојата СРЕЌА,повторно да те направам и тебе СРЕЌНА...потрудисе да бидеш СРЕЌНА,исто онолку колку што се трудам и јас...секој Човек има ТРИ шанси во животот,ова е твојата ТРЕТА,побараја под некоја стреа каде капките од дождот капат со призвук на милозвучна мелодија,побараја со искрено срце,светот не е исполнет со толку многу срца кои треба да крварат,ликот твој што го резбарев со моите емоции,тука во оваа соба од сеќавања го оставам,мирисот на твојата коса,на ветерот ќе му ја подарам,вкусот на твоите сочни усни крај Дабот стогодишен ќе бидат,самотијата позади провалијава ќе ја фрлам,нема да се завртам да го видам падот нејин,немам маска на себе додека го кажува ова....ти ПРОСТУВАМ со сеќавањата на нашиот прв срамежлив БАКНЕЖ кога и небото малку ни ЉУБОМОРЕШЕ.....


 

Ангелот до мене внимателнои го слушаше отчукувањето на моето срце,ноздрите се раширија до степен на прскање од мирисот на зелената трева,мирисаше со невина арома на утринска роса.Ветеро никогаш вака досега не ја ежавел мојата кожа,досега знаев само за студените морници,овие некоја топлина носеа во себе.


 

-времето и местото не се важни за сништата,важно е срцето каде ќе се сместат....ја доби прошката од ЗЕМЈАТА...стани,и ЗАЧЕКОРИ понатаму...денес ќе ти подарам сто солзи низ бакнежи мои....


 


 


 


 


 


 


 

Sunday, April 24, 2011

Сребрената светлина


 


 

Ги испуштав овенатите цветови од ружите што стоеа долго во куферот за спомени...веќе не броев колку се на број...знам дека беа многу,за секоја година ставав по еден...но сега..сега само со пружена рака низ прозорот од автомобилот кој граби низ тесните планински патеки,на места издлабени до лик на мали бездни,ги испуштам насекаде,некои паднаа на зелени мали ливади,капеќи се во утринската роса се зарадуваа,мислеа дека повторно сјајот ќе го вратат,некои само паѓаа немоќно на патот кој остануваше позади,а некои ветерот ги носеше далеку во непознати предели....

Во невидливото огледало го гледам ликот,занесен во размислувањето,за белите магли низ кој морам да поминам,за оганот што морам да го проголтам,за водата што треба да ја преминам,за земјата што треба да ја прегрнам,не го слушнав моторот како се изгасна сам од себе,застана на дрвениот мост,по малку играше немирно од лудиот ритам на ветерот

-премногу си блед.....изненадена но со искра во погледот ме праша.

-таму на урнатините од стариот град каде одмаравме,сватив дека сум сум ситно парче кое паѓа врз камењата покриени со моф десетолетен,парче што вековите прашина невидлива ќе го сторат.

-денес или утре,или задутре кога конечно ќе го видам твојот сон како заживува,од книгата на животот ќе земам неколку букви ,ќе ги обликувам во една единствена вистина,за потоа ти неуморно ја читаш во сите наредни деноноќија .....како што малите две облачиња на небото се споиа,така нејзините две усни го заробија отсјајот од сонцето на кратко...како бескрајна приказна ќе се одмотува нашето време.

Навистина беше убава додека раскажуваше со гласот на невина Самовила.

-време е да тргнеме на последното патување......одлуката е твоја,од денес ќе бидеш Безусловна Љубов или Омраза која ќе руши се пред себе.

Помеѓу мене и небото е склопен мир,единствено тишината во мене таласи немирни будеше,го слушав тука во таа тишина како гласот на земјата одговараше со баритонов засипнат глас.

-Небиди заробеник на минатото,ако сакаш да бидеш учесник во иднината,сегашноста остави им ја на лакомите ненахранети ега...

-светот беше насекаде околу мене,а јас го барав само во еден поглед.....прошепотив,додека повторно под стапалото ја чуствував земјата.

Низ малиот скриен простор во оваа стара планина каде два мали светови итаа се испречи бездната,звукот на збеснатите бранови со демонски глас предупредуваа.

-немора да влегуваме во реката за да знаеме колку е длабока,доволно е да го погледнеме нејзиниот немир кој го пишува на површината со разиграните бранови....низ својата насмевка ги залепи зборовите на дрвената ограда.

-но затоа постојат мостовите.......

-да,мостовите се градат за да се победи секоја бездна...

Заминавме преку бездната по тајните патеки на душата,додека споро се пробивавме по тесното патче,гранките со слаба суровост пробуваа да не спречат,сега времето веќе беше мерна единица која тука нема никаква важност,тука позади вратата на животот,но сепак во стварното постоење,судбината ми подари цвет,цвет кој ја бараше својата зелена ливада каде ќе цвета постојано.

-Стигнавме...воодушевувањето задржиго за подоцна.....

Сребрената светлина низ спокојниот лет на голубите се растураше,нежната плава светлина споро и со суптилните ноти што месечината ги оставила се постави како ѕидови небесни правеќи го просторот еден круг.

-тука,во ова езеро на среќа и спокој прочистувањето на твоите гревови ќе биде првиот чекор,вториот кога ќе го направиме знаеш Прошка ќе биде тоа,третиот чекор самиот смело ќе го направиш,а животот ќе те награди со илјада благослови...


 


 


 


 


 

Saturday, April 23, 2011


 

Нсмевка помешана со мирис на Ванила и Цимет


 


 

Денес сум сам,сам со тишината прегрнат во бесконечноста седнат,која еден мал дел остави на старата планина каде пањот од некогаш пресечениот даб беше центар на тој свет.

Границите на погледот се губат,на места се испреплетуваат во шарени плетенки исполнети со младо зеленило,во синилото сонцето седнало на својот жежок престол така гордо што сите облаци ги натера да се поклонат пред него и понизно да заминат на некој крај од светот,десно од мене само застанал темниот облак исполнет целиот со пркост и во пркоста темнината ја зголемува,привидниот миг што времето го носеше заврши,се претопија темнината и топлината,остана самракот,мислам дека ја видов тајната скриена кога сонцето без страв влезе во облакот,како што самракот го постилаше тепихот на млако црнило,така насекаде читав што пишуваше.

-повторно ли залудниот копнеж те донесе тука,или теретот го симна,па сега повторно како тантал сакаш нов да земеш на себе....се огласи Белобрадиот старец што седеш на црниот камен...гласот му носеше некое старо студенило кое се провлекувало низ вековите.

-станав следбеник на љубовта....некако одважно му одговорив...по нејзините светли патеки тргнав,но....со малку сомнеж....но темнинава,ме привлече денес,и синоќа ми шепотеше да дојдам тука....дали да и кажам збогум засекогаш,или прастари тајни сака да ми открие,па повторно низ некои ходници да ме провлече...

-ти си Љубовта...рече старецот

-не јас сум само една солза во љубовта....кажими каде се наоѓам сега....оваа колоритност не е земна....овде Боженственоста е поинаква...

-меѓу просторот и времето се наоѓаш...овде се слави раѓањето нечие....

-значи ова е Кралството на Феникс.....

-може да се речи....малку загатливо одговори

-ја слушам симфонијата на спокојот ,тоа се звуците на харфите што одекнуваат,зарем не...

-да,сега се раѓа новиот живот некаде на некое место,кога овде ќе се срони карпа,значи плачот прв одекнал силно и ја донесол радоста во нечиј дом.

-каде е тогаш смрта...

Старецот со својата рака нежно помина по мојата глава и мудроста своја ја истури на земјата која небеше земја.

-смрта е во животот,таа се вгнездува во секоја капка крв,во секој нареден чекор,во секоја неродена мисла......кога очите се дрѓат затворени во белината,кога ушите не ја слушаат химната на љубовта што срцето секојдневно ја свири...тогаш потоците со крв не бликаат терани од мислите исполнети со посакуван нареден чекор.

-мирисот на пустината ме влечи,сувиот воздух го слушам како фучи насекаде околу мене,некој немир кој се скрил под вековнава грамада се буди,ме гони од тука да одам,да оставам се,да продолжам таму каде што застанав,скитник кој сонот го бара,скитник кој сака во пустината да спие,со Бедуините капка вода да дели,наутро со лице прекриено и усни испукани по дините сопственото зрно да го бара.......тоа се далечни земји,со чудесни фигури,со чудесни јазици,и уште почудесни војски....таму огледалата на свеста не постојат...таму нема победници,има само губитници .....кои секој миг со смрта играат,легенди за јунаци измислуваат,кога мит ќе стане, некрунисани кралеви се тогаш таму....сонувачите за смислата на постоењето одамна се мртви,ги нема на тие простори....

-тој што надешта не ја дели со ѕвездите,и никогаш го нема меѓу луѓето,него ни смрта неможе да го пронајде....

Стана од каменот,со скиптарот кој во десната рака го држеше покажа кон изгрејсонцето и место збогум кажа...

-пролета сеуште те чека како дневна светлина која че се повторува постојано,одморисе тука од долгото патување со музиката на разиграните самовили,кога енергијата на преобразба ќе пролета крај тебе,ти раката подаја со дланка отворена,бесконечноста скриена во твојата конечност наречено тело ќе ја видиш,миризливите сништа тогај во душата ќе ти се разлеат...Ангелот твој со букви од ѕвездите симнати ќе ги пишува.

Ветерот стана насмевка на старецот кој се изгуби во златната прашина што топлото сонце ја растури.

Низ отворениот прозорец замина гласот од сонот,беше навистина утринско ветре што прамените од косата ги распосла врз ликот мој,нежно со раката ги собрав несакаќи да го прекинам текот на другиот сон,но синилото веќе ме преплави со погледот.

-успеа да се спасиш од создавањето на новиот пекол..

-ти..ти ли мојот Ангел чувар....

-не,јас сум само некажана твоја мисла,ненапишан твој збор,јас сум твојата кристална неисплачена солза...

Насмевката ја сокри позади мирисот на ванила и цимет.


 


 

Бесконечноста е верување


 

Бесконечноста е верување


 

Чуварите на времето се разбудија,тие спасители од тагата,обилните хранители на сништата,кулата од песок ја разнесуваја низ просторот,рекоа...ни зрно песок да не остане тука,и во трепетотот на очите искрата од ден на ден ја распламтуваа,со зелени кристали нови закони пишуваа.

Ова е почетокот на новата приказна

Несакам да знам за безвремоноста,сакам да знам да постоењето,во хоризонтот лебди вистината,долго коленичев пред вратите на моите посакувани мигови,тујгата темнина ги јадеше,се сладеше,олујата во срцето со илузија го полнеше....во ова тајанствено море од љубов,рапсодија од зборови нови кажувам,од слика во човек се преобратувам,од сенка во вечен дијалог на душа станувам.

Вечен сонувач кој вечната постела ја барав,трагав,во понори одев,факели палев ликот да го видам на љубовта,само скриена сенка ме пратеше,со предавство ме жигоса.

Мирисот на судбината сега во опијанува,по патеката на ѕвездите ме носи,дојде прегрнат со темнината,очите ти се гасеа,не слушаше кога ти зборував...Не им верувај на данајците и кога подароци ти носат....паметиш сеуште дека времето твое го продаваа,еликсир на нивните фрустрации им беше.

-само го гледаш цветот,или восхита своја му ја подаруваш..

-го барам одговорот во неговите пламени јазици кои убавината му ја градат...

-синоќа вистински уживаше во самовилската музика....

-дали некогаш ќе овене овој цвет...

-се додека љубовниот пламен тече во текот на времето и коридорите на сеќавањата ги затвори засекогаш,се дотогаш оваа пламена боја на цветот ќе биде препокриена со аловина...

-помилувајме повторно,а јас како времето ќе ти шепотам...

-внимавај,со громот од моите прсти можам да те спржам........

-ха,сеуште не си го слушнала урликот на волкот осаменик кој по патеки одеше,забите крвјосани за одмазда ги спремаше....подобро е сега пепел да ме сториш,отколку пепел да сторам...

-сакаш ли да ти раскажам една мала бајка...

-ако со шепот ја провлечиш низ твоите усни,знам дека и денот со радост ќе ракоплеска

На огништето каде со последните искри на оганот,гледам догорува последното ставено дрво којзнае кога,во купот од пепел што се насобрал наоколу догорува последното сеќавање што твоја слика носи,моето жртвувано срце и изгубениот сон,повеќе на олтар заличува,а не на огниште планирано,сега ни плавата боја на сопкојот неможе да ја пробие темнината на заборавот,истекоа реките на верувањето.

Во езерото каде месечината ја зовриваше водата,каде ванилата аромата ја оставаше,таму љубовта секоја вечер се капеше,вилата со харфата носена крај срцето катавечер и свиреше песни заносни,со копнеж полни,собрани од секаде,кога прстите малку уморни ќе станеа,од ѕвездите прашината ја собираше и жиците ги попрскуваше и така среќата насекаде ја расфрлаше,пеперутките во летот и се восхитуваа и зборовите нејзини насекаде во сечие срце ги носеа.

Една вечер,до брегот на езерото скитник низ времето дојде,жеден парталав и многу уморен...посака од водата да се напие,низ вените да ја пушти и така раните на невидливоста да ги залечи....вилата го прегрна,од дланките свои водата му ја принесе,пеперутките го прегрнаа,така светлоста се роди,со светлоста ги благослови,ги состави разделените вселенски парчиња,правеќи ја најубавта небеска нишка со која утре ќе се врзуваат ѕвездите.

-раскажуваш поубаво и од пустинскиот ветар кој низ дините приказните ги собира,потоа на бедуините во шаторите им ги остава.

-но сепак јас и понатаму го сакам Достоевски...со неговите мисли се хранев,во соништата бегав и јунаците ги оживував,честопати патев и со болката невидлива се воздигнував...

-кога би заминал засекогаш и од ова место,и од овие луѓе,и би отишол некаде далеку каде ни изминатите планини нема да се бројат,каде на поминатите мостови нема да им се знае крај...застанав да го видам праменот на нејзиното чело како се крева со малку неодобрување на ваква суровост....дали повторно со зраците на месечината ќе ме посетуваш во моето срце,дали повторно во утрата ќе ја слушам твојата заносна музика испеана низ танките врвови на усните,а ќе ми ја донесат некои галеби заскитани....

-тешко е да се живее без утеха,и да се чека птица преселница седало да свиа,печатот на среќата да го стави со дланка врз дланка......јас не верувам во чуда,чудата само ги раскажувам...чекореше по пустите улици и во бесмисленоста ја бараше утехата,негледаќи во срцето свое како спиеше смислата на постоењето...тоа небеше чудо,тоа беше само едно нормално будење....полека одиш кон врвот на планината со процесот на преобразба,бурите кои насекаде те носеа,ги смири,и сега кога под плаштот на сонцето топлината те грее..ти повторно ја будиш скитничката страст,дали некој луд ветер ти донесе мирис на прашина со која низдрите ти ги исполни што вака зборуваш....

-опасноста доаѓа секогаш од човековиот ум....

-сега кога успеа да не создаваш повеќе пекол и да не сееш пепел,зошто зошто навистина посакуваш на полноќ со урлик на ранет волк да пееш...сега никој не те издал,никој не те изневерил....

-незнам дали патеката на љубовта е толку кратка,или тука времето лета со брзина на светлост,што деновиве се мигови кратки...

-сетисе на оние мигови кога во твоите очи се разбудија искрите,и со тие искри ја победи тагата,сетисе на денот кога ја затвори варата на сеќавањата позади која останаа продавачите на лажните ветувања,сетисе кога рикот на ветерот го претвори во тивка утринска песна,сетисе на денот кога со чистите солзи го скрши мостот на безнадежноста која сакаше да го изградиш врз бездната која ќе те голтнеше,сетисе кога со детските мечти ги разбуди верувањата и научи повторно да веруваш,незаборавј на сонетата што ја свириш секоја вечер....замоилчи гледаќи ме со тие небесни мали синила,од центарот на тие мали светови,со моќта на зенитот исфрли пламена топлина која ги спржи сите луди ветришта кои се разиграа во просторот...оставиги тие суви планини кои те влечат со својата мистика,под таа мистика спие старо проклетство,оставиги тие мостови,премногу дива и нескротена вода тече,оставија таа пустинска прашина,многу зло во себе носи,и здивот на смрта го подарува......

-бесконечноста е само верување кое се раѓа во срцето....