Popular Posts

Monday, April 11, 2011

Застани и Погледни


Застани и Погледни

-Иднината им припаѓа на тие кои имаат храброст да не ги затворат очите пред следниот миг..
-молам...за миг се тргнав со погледот кон нејзините усти кои ги изговараа зборовите,но моето молам не ја прекина нејзината мисла.
-додека минатото им припаѓа на тие кои постојано се враќаат со своите сеќавања...
-не те разбрав добро...
-минатото е една жива песок каде можеш со секоја мисла да пропаднеш и никогаш да не излезеш,додека иднината е една голема ливада,каде со секој чекор гледаш а потоа береш поубави и помирисни цветови...
Го гледав тоа лице каде насмевката го распостилаше на секој нејзин дел своето раскошно царство,го гледав и на моменти неможеш да разберам,и покрај сите ветришта што го шибале,никаде неможеше да се види ниедна трга,знам дека козметиката не е моќна да ги покрие тие немилосрдни долови на тагата,но тука немаше ни трага од сето ова.
-повторно ги истураш своите мудрости,или само ставаш ред на мислите кои се раѓаат понекогаш непланирано....
-зборувам за сите патеки кои човекот ги оди.....
-која беше твојата најтешка патека...
-неможев никогаш да ја измерам тежината на сопствените грешки,се до оној момент кога стретнав човекот кој никогаш не простува...
-интересно...
-научив едно....за момент замолчи и со врвот од прстите го допре градите,на допирот,срцето заигра ,не, ритамот го смени,час брз,час смирено,ги чуствуваше тие немирни удари и ја истури реченицата во воздухот.....никогаш повеќе не го трошев времето во воздивнање за се она што беше вчера,или завчера,размислував веќе за она што можеби утре би се покајала од денешниот ден..
-дали би се покаја за денешниот ритам што го чуствуваш под дланката...
-би се покаја доколу утре не верувам како денес во овој немир кој го слушам,немир кој буди нов немир и го прави ова попладне една прекрсна вечност.
Не бев едноставно расположен денес за разговор,повеќе бев за слушање на мудрост или поуку,или градење на нова патека,или......зборуваше зошто знаеше дека ја слушам,дека утре или задутре многу зборови ќе бидат стварност...
-не оди повеќе во темнината...не молеше ни со погледот,ни пак усите се собраа во неког грч на притаен страв...има премногу убави места тука во светлинава,сеуште не си ги видел блескавите ледини на спокојот.
Несакав да зборувам за нешто што веќе го знам,ниту пак за нешто што не ме интересира,само сакав да знам во овој миг,дали е потешко да ја изгубиш љубовта,или никогаш да не ја пронајдеш.
-доприме...тивко прошепоти
-ова не е бајка,нели,ова е стварност....
-да ,не е бајка...застана за миг гледаќи ме право во очите...ако кожата во мигот кога ќе ја доприш,ја споредиш со најнежното кадифе,тогаш знаеш што е љубов,ако во тебе сеуште беснеат притаени бури ,ако во тебе сеуште горчината клокоти тогаш повторно знаеш што е љубов...значи си ја пронашол.....застани и погледни...

-


No comments:

Post a Comment