Popular Posts

Thursday, March 31, 2011


 

Бесцелно е да се надевам


 


 

Ова мое осамено беседење,нема да ти го дадам да го прочиташ,а ти остани во твојата самоизмама со цврсто уврување кое на моменти наликува на фанатично,дека сопствената среќа се гради врз хумка,и скаменета тага во детски очи.


 

Бесцелно е веќе да се надевам дека и во твојата душа живеел копнежливиот феникс,сега,кога овде во студенилово самувам благодарение на тебе,премногу добро знам дека тоа е само една пространа и раскошна одаја на твоето срце.

Врз раскошните дивани распослани лежат сите твои лажни воздишки кои како трозабец на Богот на сонцето ме шараат насекаде по телото правеќи така невидливи крвави траги од кој се цеди црна крв.


 

Убивањето на сон,ете само забава било тоа твоја,несакам да помислам дека тоа може навика да ти стане.


 

Зарем негледаш сеуште,на твоето празно небо летаат само црни мршојадци кои со своите клунови од кои бие реа на трулеж од скапано месо,и мигот го чекаат кога ќе почнат од денот твој утрешен стрвно да колваат


 

Си ги апиш усните пред да почнеш да раскажуваш млаки легенди за едно минато време,се воздигнуваш на тронот што го делкаше врз црн мрамор,погледни сега,на десната страна веќе контурите на моето име се фтиснуваат,го гледаш и во занес зборуваш дека има уште место за имиња нефтиснати.


 

Водена од нагонот,и врелиот здив на машка страст се зарадува што така лесно ридови од болка направи и насекаде пепел растури позади себеси,и сега таинствено се насмевнуваш навалена на перницата која е влажна од воздишките,нежно со тон на бесрамничка зборуваш дека тоа е твојот копнежлив свет,наздравуваш со пенливо вино,со желба ѕвездите со букви сјајни твоето име на небото да го напишат.


 

Уверена во својата безгрешност иташ кон олтарот,бараќи од другите стореното за успех да го слават.


 

Моите надежи,тие бесцелно празни зборови со морничаво ехо ме лепат на местото и со призвук на некој твој притаен кикот не ги слушаш тие еха,премногу планини не делат,некаде во некој дол од тие планини вредни двајца клесачи од ним само познато место го клесаат белиот мраморен паметник,со ним познатата вештина сајот го прават за времето што доаѓа со бурите темни не го потемне.

Кога некогаш ќе поминеш покрај тој паметник на кој ликот мој насмеан ќе виси во рамка со името подолу напишано,не го читај епитафот,можеби демонот кој на егејот го смиривме да се разбуди,само завртија главата кон изгрејсонцето,стиснија посилно машката рака која ќе те држи,и замини во твоето познато пладне.


 

Чудно,честопати те слушав како набожно кажуваш молитви пред куќниот светец,да потоа покриена под антеријата на мракот блудно плукаш на светиот завет,газеќи го небаре е безвредна златна алка подарена без никаков повод.


 

Гладните филозофи кои своите успеси ги нанижале на туѓите несречи те опкружуле,воздигнуваќи те до небесните височини,сјаеш во нивниот лажен сјај кој ти го даваат,не во твојот,глува си за далечните грмотевици кои те опоменуваат,мислиш дека татнежите се фанфари победоносни кои во себе носат триста почести.


 

Небаре нарцисоиден командат кој извојувал пирова победа на твоето поле од успеси,секогаш се залажуваш со насмевките од нашите сонца,со нивните прегратки,па нели е тоа тој твој животен сон кој го посакуваше долго,негледаш,несакаш,или навистина си исплашена од нивната скриена тага која со секој ден станува се поголема,која секој ден прави се поголеми и поголеми полиња на тажни царства,таа и сега е налепена на нивните ликови,слепа и замаена од славопојните зборови што секојдневно ти ги истура креаторот на твојата младешка болка не ги слушаш нивните неми крикови,и колку да се врели воздишките туѓи што така чедно ги впиваш,ниедна врелина од нив нема да отопи ниеден грам во таа скриена нивна тага,како подземни еха до моите ридови од болка секојдневно доаѓаат тие писакви гласници на нивните раскрварени дамари.


 

Кога еден ден нивниот сокриен и потискуван бес ќе рикне со сила која и самите не ќе можат да ја контролираат,ти тогаш немоќно ќе молиш пред нивните нозе за барем една прошка.

Во тие мигови кога знам ќе посакуваш одникаде да се створи најоштрата сабја димискија и тој миг да те пресече на пола,него нивните зборови што ќе ти ги истурат,ќе те натераат боса до крајот на светот да одиш и да се сокриеш.


 

Ѕирнуваќи со мисла готово во секое твое катче,те гледам како во хаос на мисли со некој внатрешен глас глас разговараш,ти баботи низ вијугите мозочни кажуваќи ти дека и оваа прегратка што ја имаш не е вистинска,продолжуваш ли да ја нижиш низата на љубовта во недоглед,качеќи ги отфрлените листови на конецот наречен сурова измама.

Височините на љубовта не се достигнуваат со задавање на болка.


 

Кога моите раце сонуваа и носеа љубов,знаеш,од неплодна нива стана цветна градина со два цвета,а сега извишена до нејак облак со несигурни тајни во себе и дожд кој ќе ти го подари утре,ја намалуваш мојата сенка,ете само таа остана после мене да сведочи за мене,до степен на непостоење.


 

Стана светица со човечка суета пред која клечат нови поклоници,го сликаат твојот жив портрет и бројни поети ја опејуваат твојата светост.


 

Сега кога времето одбројано измина,заминувам со патникот без дом,кој и во вечноста е вечен скитник,и тој како мене не скрасен на ниедно место,заминувам со придушена тага носена на нежни ангелски криља,збогатена со ритамот на ѕвона од далечните земни простори.


 


 

Wednesday, March 30, 2011

Минато на клада запалено


 


Во купот од пепел што ми го остави

Пребирам

Некој нераспаднат дел да најдам

Мало парче нека биде

На него дилемата моја ќе ја напишам

Одговорот најдиго сама

Што да ти оставам

Името избришано евеќе во постоењето

Ликот мој ни во сеќавањето го немаш

Навистина што да оставам

Моите спомени се мртви

Твоите,бидеќи не беа мои и твои ги гламноса

Ги изгоре на клада ги стави

Сите на куп беа

Што да оставам

Барем некое поколение да раскажува за мене

Или пример да му бидам

Со слепа верба да неоди

Ќе ти ја оставам дилемата

А кога одговор ќе најдиш

Раскажиму на ветерот

Предвечерно ќе ме посети на хумката

И на некое парче земја одговорот ќе го остави.


 


 


 


 


 


 


 


 

Како Адам без Ева


Како  Адам без Ева



Како  Адам без Ева сум сега
Со парче коска покус
Го запознав минатото
Ја видов иднината на миг
И сега со слаб трепет на срцето
Го чекам последното одбројување
На времето во мене
Недоискажан
Со слаб грч на лицето
Со суша на очите
И тивок шепот
Вечнаја памјет

Распостилам цветови на ледина
Во оваа црна пролет
Кората на студот ја лепам околу срцето
Од грубо делкан црн бигор
Го оделувам беспотребниот очај
Со обрач на прашања без ред  или значение.

Станувам од миг во миг
Грст иловица
Туѓ меѓу своите
Безобличен
Истинувам на земјата
Во нејасни облици и бои на ноќта

Во гласот липање
Врз очите криљата ме покриваат.



Tuesday, March 29, 2011

Последна Пролет

Последна Пролет


Замолчи и чекорот на последниот посетител на паркот...јас и темнината ја слушаме повторно песната на гавранот....радосен е ,нови зборови донесол којзнае од каде..со харфата на љубовта започна да свири,рапаво и тажно,некои стихови беа исполнети со горчини многу...

Сам си сам,целосно сам
Во оваа последна пролет црни гавране
Не шеташ веќе во сништа ничии
Не се сновиш веќе во ниеден поглед
Празно е ова време
Ги нема никаде изворите на солзите радосници

Крвта те предаде,не ја буди пламен повик
Темната јама страсно те гледа
младите корења жедни се за сок
знаат вечна храна им се спрема

злото, сега узна е алка во алка
ја впрегна и судбината
под клепките ти се свенаа сите ружи
заодот те поклопува како сенка
тој злодух со горчивост во себе

беше човек
по камени скали се качуваше
само една лага неизгазена врвица ти даде
стана бездомник ,брат и роб на гревот несторен
шурките на светлината засекогаш секнаа

не тажи
дождот е крв на небото
имаше безбројни умирања
едно повеќе,едно помалку
не се брани
црвенолисна бреза ќе ти шумоли
волчјото потекло ќе се избрише
ветерот вистината ќе ја расфрла.

Сега поклониците на туѓи судбини слават некаде на некоја трпеза...и реков на темнината...гледам во сивилово утринско(изминала ноќта со некое кучешко трчање) небесните судии на некого му судат,со бели одежди се(насликани на многу манастирски фрески)...рацете на судениот не се веќе во синџири од бигори,невидливиот часовник отчукува споро,со призвук на црковни камбани,вревата од безбројни очи на бел восок се лепи,на непознат јазик Ангелот ги чита патеките изодени,гревовите сторени,помислени,несторени,.....ослободен од тежината.без земни сомневања се гламносувам...мојот глас и зборува на темнината,или сивилото утринско...ме вика тишината на невините простори...во оваа последна пролет..

Friday, March 25, 2011

Степски Волк

Степски Волк




Останаа ветриштата врзани во времето
Со урлик од кој треперат и миговите ја бараат пустината
Некаде низ нив се испреплете проклетијата
Таа сурова болка која го топи месото
Коските ги претвара во ситен прав

Крај новата зора,се одрекува од темнината
Степскиот волк,вечниот скитник
Неговата сенка таласите на минатото ја искинаа
Телото светлосни мечеви го бодеа
Викаше,без глас се прпелкаше
Кинете
Ѕверови
Поголеми ѕверови од мене
Ова се деновите на големата гозба
Пир наречетего
И утре денот ваш ист ќе биде.

Thursday, March 24, 2011

Заборавен печат

Заборавен печат



Ветерот бара сопатник
Со предвечерна песна
Додека шепотам некоја исповед
Згрчен во нервозна болка
Сурова и смртоносна

Тука сум со своите гревови сторени
Повеќе несторени
Црноутробие ли некаде се превртува
Додека газам како смрт
Натоварен со студ и проклетија

Огниште ми згаснаа
Со рев пцалам јас и гавраните
Пород од гради откорнаа
Суви брчки на чело ставија
Кога пизма сторија
Камен срце имаш рекоа
Не треба да умреш
Тебе ни гробот не ќе те земе
Бледа светлост запали
И по светот скитај како скитник.

Непозната тага ме отру вчас тој
Смрзната земја ме зароби
По беспатје ме пушти
Моите ноќи се сега лилави
Со јад ги обесувам во руменилото
На глогов колец висат
Имам волчја насмевка
Завивавам во мракот како мрак
Името ново ми е Бес
Вкатници отров чувам
Сега сум сам
Без моите спомени и желби

Вдланка ревот го носам
Дар нечиј ќе биде
Бојата на класјата врз коси ќе се разлее
Плашлива молчелива
Покорна пред зборот неизречен етеја
Поразјадена и приклештена до сенката ќе биде
Сенката е гровот од минатото,го знае тоа и сега
Окото на месечината матна надеж спружува
И сега се лизга по матните зидови како авет

Осаменоста ја плаши
И се снове и во непцата испукани
Ја демни прозирноста на мигот празен
Гола и жедна нива ќе стане
Заборавен печат на една љубов.

Tuesday, March 22, 2011

Бескрајно Молчење

Бескрајно Молчење



Сам бев,мислев бесилен сум,пред сопственото распетие
Со неколку плисоци од минатото да се борам.

Крадав дни кои не се дни
Но со безбојност пред очиве ми исчезнуваа.

Оживувам ете прастара игра,повторно самотијава ја дави немилосрдно
Изглоданите коски јасно кажуваат.

Се лажам,со скаменета корка леб сила да соберам
Кучешки апеш се роди така,безбели ѕвер сум станал.

Сега и призраците се плашат од мене
За ним е ова невратно мртов простор.

Не ме тревожи веќе нечиј крик
Знам тоа е нечија морничава смрт.

На некои кои мислеа силни се,јаки се,моќни се
Еве како суводолици збеснати ќе им се лизгаат солзите.

Кога умирав во соништата
Црнејцата,паганска сила ми ја даде.

Од скриената бездна на душата тајни молитви вадеше
Ме научи повторно црни клетви да кажувам.

Ѕвездена рана да отворам
Бескрајното молчење ќе го подарам така.

Monday, March 21, 2011

Шепотот на надежда замре.

Шепотот на надежда замре.





Тишината,ја оставам на ситниот песок
И со немоста тргнувам
Кон белите непрегледни води
Окото на небото е веќе отворено
Гледа како раните ги цедам

Зборувам
За последен пат пред полната месечина
Двапати умрев во нејзините очи
Првиот
Кога лажниот завет го даде
Со метанија до земја
И така црн споменик направи
Беше невидлив ,со лажни воздишки го криеше
Без лузни и грижа налепен
Подоцна
Кога дождовите закаснија во летото
Умрев по вторпат
Семожната темница ми ја подари
И со насмевка го чека мојот залез

Го мени леглото
Во камена школка ги сокри своите тајни
Ставаќи ја скаменетата тага во детскиот поглед
Со момински втор кикот ме нарекува заборав
Низ врелите зеници ги вика далечните виори

Богомилка чедна е,со лик на невина светица
Суво го плачи минатото
Не цеди молитва од себе за заборавеноста
И лепи на себе бели надежи
Ги распрснува како утеха детска

Гласникот на смрта
Со невидливите тапани чука низ дамарите
Крвта ќе ја шумоли химната на изминатоста
Земјата го пие веќе бесценетиот рубин
И тогаш
Бесрамноста не ќе се покори

Презреаните облаци се распукаа
Горчливиот бес во невидлив свет отиде
Брановите на заборавот и волкот самотник го препокријаа
Од ладните усни шепотот на надежда замре

Sunday, March 20, 2011

Дилема


Дилема




Преморен скитник сум во бледиве сеќавања,сите ми наликуваат на нашите соништа,внимателно се движам по самите рабови,и пробувам повторно па макар на миг еден поглед да фрлам во нив,но оштрицата на твојот нож секогаш се подава,и повторно онаа оштра болка се отвара во моето срце.....и покрај сета болка,се залажував себеси,ако ти го изговорам името,ќе се залечи некој дел од мене,и повторно и повторно се подава оштрицата на ножот,....само еден сон е кој можам да го видамтвојот лик,некои го викаат кошмар,само во тој кошмар те гледам како се смееш додека потекува првиот поток на крвта,и тогаш кога беше стварност,молитвено гледав во твоите очи надеваќи се дека ќе ја видам во некој агол милоста,но ете сум се излажал,како и многупати пред тоа..зарем не....те гледав со ширум отворени очи,отвораќи ја раната која зјаеше пред тебе во мојата душа...а ти...ти со секој мртов дамар беше се посилна и позадоволна,на секој мој траорен чекор по белиот тепих победоносни ги собираше паднатите солзи,и небаре се трофеи од Олимписките игри,ги креваше високо над тебе,покажуваќи им ги на сите....незнам дали се научи некогаш вистински да плачеш,но ако некогаш ти потечат солзи,не ги троши за мене,земјата лакомо ќе ги испие,а мојата хумка повторно ќе биде сува,навистина,една твоја солза врз црнејцата ќе биде претешка за мене,потешка и од сите наредени камења...со солзата не ми ја праќај дилемата,дали е вистинска или лажна...

Девствена Игра




Девствена Игра


Ти,ти навистина незнаеш како е да се живее со дивите ветришта во душата,незнаеш какви оркани се креваат откако сонцето ќе зајде,тогаш,нивната сила демонска станува,кинат на парчиња се што ќе најдат пред себе,веќе завивањето им го разбирам,се настрвија на некои полураскапани дамари,живееле кутрите од ситните спомени што така грчевито ги држеле во себе,се настрвија овие проклети ветришта на немирот на нив,ги намирисале по неколкуте мои насмевки што останале во нив......како ѕверка рането во пресмртната агонија крикнувам...крикнувам за да ги затворам овие рак рани што и душата ја зајадоа,до скоро со телото и крвта се сладеа,сега од нектарот Божји сакаат да пробаат,црни мали јата летаат подивено....погледнувам во мракот пред себе и дланка барем една со малку вода на себе,жедда да ја згаснам,испуканиве усни веќе не се усни,низ браздите се влечат некои бесцелни молитви кои ветриштава на немирот ги носат во бездната...кога крикнувам,ѕвездите лицето го кријат,несакаат до нив ехото на злокобноста да допри...низ темнината ги пуштам прстите,ја виткам во плетенки,налик на твојата црна коса,па потоа во празнотијата повторни ги расплетувам,и полека само со врвовите од прстите ја галам,го нема ликот твој тука,оваа самотија несака насмеани и весели лица,нејзините ѕидови толку се оштри што ликовите тажни со својата извитопереност се лепат,насмеаните,насмеаните од првиот допир бегаат....ја милувам темнината нарекуваќи девствена игра...

Загатливо,сокриено испревртено


Загатливо,сокриено испревртено



Загатливо,сокриено испревртено,и малку чудно
во збор,кој не е збор
Ќе ја напишам мојата вистина.

Неможам да зборувам,не читај
За воздух грам се борам
Треперам од леснотија,само паѓам попусто.

Отровни,оловни дождови ме копаат длабоко
Имав срце,зарем не,без срце канџите на магливе ме стегаат
Коските гламји црни станале,верига недогледна сторија.

Крцкот низ заби,тајна ,тајни влечат небаре ќе кријат
Од гром,од камен,од црнејца,од иловица
Не молам,пред копјето на утрешнината чекам.

Имав грло,ветришта луњи,и брзаци не итаат
Пролетна песна на цвеќиња зумбули ете ја ставаат
Само волкот самотник некаде крај карпата ќе тагува.

Ковачот на дланките не кова,од грч или празнотија којзнае
Бол,или најбол,без копнеж,со призвук на ехо гавраново се смеам
Чекав,од чекање,прегорев,од чекање сега се распостилам.

Низ голо месо крвта бледа вези,гола зора,гол ден без светлина
Неисплакана,во стапица мемлосана ита
Во крчма жедна каде само грал еден има,бездна недогледна.

Книгата на времето со камшикот на настаните напиша
Прво беше детелина со четири листа,потоа гнев и бес
Бол,јад,чемер,во цитаделата на мртвите сништа сега сама се затвори.

Врвици непронајдени,викам низ  раноденицата
И вие ли сте начнати од стапалките непроодени
Негнилост не ве стигнало,чекајте без итаница сум тука.

На брег непознат,на песок со возбуда без искушение
Галебе мој скршиго кафезот твој,закопаја и оваа лита сенка
По светов има доволно сенки,зарем не.

Нечујната тивка и малку таговна воздишка
Лиже рана на земја,од земја,низ прашина мелем траен
Каменот топол станал,се наскита,и вечната смиреност ја имаш сега

Црковните ѕвона прстенот на зората го формираат
Низ расфрлани мисли крај пепелта го оставаат
Дивите бури непростувањето сега го забораваат.

Го оставам последното платно ненасликано,без рамка е
Плачам,ова е солза само една радосница
Смислата на постоењето веќе ја узнав,без тага се разголувам.

Јас сега ќе молчам,а ти кршија тишината
Јаловото  безбожие оставиго,паганци нека танцуваат некаде
Иловицава ораница нека стане,коска семе,плод род ете бидна.








Saturday, March 19, 2011

Небиднина во Невратност



Од сино око сон истече
На ладен осој се залепи,прилепи,тука за навек остана
Бигор до бигор се прилепи
Призраци и лити сенки од понорници повика
На гозба,пир див пагански ги покани
И божемни набожници
Та тоа ти беа кртови во дамари душевни
А ете свети,посвети ,најсвети се прикажуваа

Јадот
Јадот жена со пламени магли го носеше
Кобен и суден,и многу студен
Со дождалец покривка гробна ткаеше
Селските клепала за тоа кажаа
И бучни диви нескротени матни понорници
Велигденски дар е тоа за една душа.


Низ клепкиве се сурнува едно минато без иднина
Небиднина е тоа
Подземници жедно го испиа
Повторно станувам Син на Отецот
Проклетија,гревовина ќе да е отплатена
Млад пород,гол, пред небесен олтар стојам.

Бев стопан без ѕид и стреа
Една педа небо имав
Една капка од морето живот
Грст радост и смеа
Нема веќе
Голем Петок
Голема Сабота
Или Света Недела
И се што беше мое
Сега е и твое
И корен див
И песок ситен

Сепак свадба ќе биде
Девер венец зел в рака да носи
Сватови,сватови многу
Мираз на земја даруваат
Благослов за сонот од вековите кажувааат
Само
Од онаа страна на денот
Невеста што не е невеста
Стапалки на земја целива
На крај на усни насмевка и се развлекува
Малку на невратноста се радува.