Popular Posts

Friday, February 11, 2011

Zavrtise samo ednas nazad

Завртисе само еднаш назад




Завртисе само еднаш назад
Погледни во пепелта без солзи во очите
И прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако во новата одаја што ја градиш
Има солзи радосници
Малку слични со првиот детски плач
Јас повторно за тебе
Пред портите на рајот ќе застанам
И повторно Ангелите ќе ги молам
Крбли со среќа на дланките да ти истурат
Со криљата свои шестокрилни немирот го заробат
Ноќите спокојни да ти ги сторат

Ако во новата одаја што ја градиш
Некаде во некој агол
Ја видиш нашата Победа со широки насмевки
Како го изговара познатиот збор
Добро
Јас повторно за тебе
Пред портите на пеколот ќе застанам
Триста отровни демонски стрели да ме погодат
Двеста клетви на плеќите ќе понесам
И здивот на Врховниот Бог во душата ќе го всадам
Од кошмар до кошмар потоа ќе одам
Злото да ме сотри
Кон тебе да не дојди.

Завртисе само еднаш назад
Погледни во пепелта без солзи во очите
И прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако во новата градина што ја припремаш
Има место за 22 црвени рози
Јас повторно за тебе
Низ ходниците на времето ќе поминам
На брегот од Егејот ќе седнам
Сега сам ќе бидам,галебите да ги нахранам
Ќе плачат со мене
Јас солзите во дланката ќе ги собирам
Тие на своите бели криља
Извор непресушен ќе направиме
Така ќе знаеме новите рози никогаш нема да овенат

Ако на новата ограда што ја припремаш
Има место за 22 цврсти столбови
Јас повторно за тебе
Од олимп мраморот на грбот како тантал ќе носам
Постамент цврст да изградиш
Така блескавата агора да ја заградиш

И повторно завртисе само еднаш
Погледни во пепелта без солзи во очите
И повторно прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако на некоја патека нова што ја гледаш
Го видиш огледалото на вистина
Застани храбро пред него
И гледајги ликовите фтиснати
Јас сега знам
мојот лик не е таму
бурата пустинска го избриша
со сивило доловите го покриаа
сега во ридови од болка скаменет стана
тука немоќен сум да ти помогнам


ова е некое ода напишана на пергамент пожолтен,некој кој беседел во самотијата,некој кој небото секојдневно мастило му истурало,а тој глаголел онака како што му зборувала душата,па така безбели бесот го мирел,за ете можеби нов грев да не стори,се исповедал на третиот ѕид.


No comments:

Post a Comment