Popular Posts

Saturday, March 19, 2011

Небиднина во Невратност



Од сино око сон истече
На ладен осој се залепи,прилепи,тука за навек остана
Бигор до бигор се прилепи
Призраци и лити сенки од понорници повика
На гозба,пир див пагански ги покани
И божемни набожници
Та тоа ти беа кртови во дамари душевни
А ете свети,посвети ,најсвети се прикажуваа

Јадот
Јадот жена со пламени магли го носеше
Кобен и суден,и многу студен
Со дождалец покривка гробна ткаеше
Селските клепала за тоа кажаа
И бучни диви нескротени матни понорници
Велигденски дар е тоа за една душа.


Низ клепкиве се сурнува едно минато без иднина
Небиднина е тоа
Подземници жедно го испиа
Повторно станувам Син на Отецот
Проклетија,гревовина ќе да е отплатена
Млад пород,гол, пред небесен олтар стојам.

Бев стопан без ѕид и стреа
Една педа небо имав
Една капка од морето живот
Грст радост и смеа
Нема веќе
Голем Петок
Голема Сабота
Или Света Недела
И се што беше мое
Сега е и твое
И корен див
И песок ситен

Сепак свадба ќе биде
Девер венец зел в рака да носи
Сватови,сватови многу
Мираз на земја даруваат
Благослов за сонот од вековите кажувааат
Само
Од онаа страна на денот
Невеста што не е невеста
Стапалки на земја целива
На крај на усни насмевка и се развлекува
Малку на невратноста се радува.










No comments:

Post a Comment