Popular Posts

Wednesday, March 30, 2011

Како Адам без Ева


Како  Адам без Ева



Како  Адам без Ева сум сега
Со парче коска покус
Го запознав минатото
Ја видов иднината на миг
И сега со слаб трепет на срцето
Го чекам последното одбројување
На времето во мене
Недоискажан
Со слаб грч на лицето
Со суша на очите
И тивок шепот
Вечнаја памјет

Распостилам цветови на ледина
Во оваа црна пролет
Кората на студот ја лепам околу срцето
Од грубо делкан црн бигор
Го оделувам беспотребниот очај
Со обрач на прашања без ред  или значение.

Станувам од миг во миг
Грст иловица
Туѓ меѓу своите
Безобличен
Истинувам на земјата
Во нејасни облици и бои на ноќта

Во гласот липање
Врз очите криљата ме покриваат.



No comments:

Post a Comment