Popular Posts

Sunday, March 20, 2011

Загатливо,сокриено испревртено


Загатливо,сокриено испревртено



Загатливо,сокриено испревртено,и малку чудно
во збор,кој не е збор
Ќе ја напишам мојата вистина.

Неможам да зборувам,не читај
За воздух грам се борам
Треперам од леснотија,само паѓам попусто.

Отровни,оловни дождови ме копаат длабоко
Имав срце,зарем не,без срце канџите на магливе ме стегаат
Коските гламји црни станале,верига недогледна сторија.

Крцкот низ заби,тајна ,тајни влечат небаре ќе кријат
Од гром,од камен,од црнејца,од иловица
Не молам,пред копјето на утрешнината чекам.

Имав грло,ветришта луњи,и брзаци не итаат
Пролетна песна на цвеќиња зумбули ете ја ставаат
Само волкот самотник некаде крај карпата ќе тагува.

Ковачот на дланките не кова,од грч или празнотија којзнае
Бол,или најбол,без копнеж,со призвук на ехо гавраново се смеам
Чекав,од чекање,прегорев,од чекање сега се распостилам.

Низ голо месо крвта бледа вези,гола зора,гол ден без светлина
Неисплакана,во стапица мемлосана ита
Во крчма жедна каде само грал еден има,бездна недогледна.

Книгата на времето со камшикот на настаните напиша
Прво беше детелина со четири листа,потоа гнев и бес
Бол,јад,чемер,во цитаделата на мртвите сништа сега сама се затвори.

Врвици непронајдени,викам низ  раноденицата
И вие ли сте начнати од стапалките непроодени
Негнилост не ве стигнало,чекајте без итаница сум тука.

На брег непознат,на песок со возбуда без искушение
Галебе мој скршиго кафезот твој,закопаја и оваа лита сенка
По светов има доволно сенки,зарем не.

Нечујната тивка и малку таговна воздишка
Лиже рана на земја,од земја,низ прашина мелем траен
Каменот топол станал,се наскита,и вечната смиреност ја имаш сега

Црковните ѕвона прстенот на зората го формираат
Низ расфрлани мисли крај пепелта го оставаат
Дивите бури непростувањето сега го забораваат.

Го оставам последното платно ненасликано,без рамка е
Плачам,ова е солза само една радосница
Смислата на постоењето веќе ја узнав,без тага се разголувам.

Јас сега ќе молчам,а ти кршија тишината
Јаловото  безбожие оставиго,паганци нека танцуваат некаде
Иловицава ораница нека стане,коска семе,плод род ете бидна.








No comments:

Post a Comment