Popular Posts

Friday, February 11, 2011

Пожолтени страници на стариот дневник-прв дел

 Пожолтени страници на стариот дневник-прв дел


Твоите раце ме бараат мене,а моите те бараат тебе...знам дека беше првата реченица што ја напишав многу одамна,кога со целиот блескав сјај во очите го гледав руминилото на секоја нова зора,и сега знам дека се распостила така волшебно наутро ,но сега кога ги трошам последните капки на мастилото не е така волшебно за мене,какво е,само едно испокинато синило од мали темни облачиња,пресликани делови од моето срце.
Повторно со последни сили бегам по непознатите патеки,но и каде од одам секој оштар камен ме потсетува на тој последен ,ладен и бесчуствителен,збор..Збогум.
Да ги затворам очите,тие вестители на светлината,и да потонам во мракот сакам,посакувам,и го правам,но одекот на снопчето од некогаш напишаните писма кои така со занес ти ги читав навалена на твоето рамо ,а ти го држеше со твојот занесен поглед и некоја измамена воздишка мојот илузорен но вљубен свет кој го создадов во моето срце,сега некое подмолно ехо ги оживува спомените,правеќија болката неподнослива,а мракот со своите невидливи темни канџи како ѕвер подивен се слади од тие спомени.
На миг посакувам да те заборавам,во следниот сакам да те имам,во третиот посакувам да не постојам,така мислам ,некако наивно дека мракот ќе го направам поредок,и поподнослив.
................Несакава да го будам поривот на пишување,но еден глас,тивок,со малку молба во себе,и некоја болка долета,полека го одредував изворот,во првиот миг помислив дека доаѓа отсекаде,како јато на невидливи птици да го носеа,но полека полека насетував дека е тука во моја близина,некоја мистична сила го подигна погледот кон стариот таван,неотворен којзнае од кога,несигурно,не со страв,туку со недоверба ги искачував дрвените скали,познатиот звук на крцкање на стари и полутрули даски ја запееа одата на радоста,што повторно се во функција,несигурно со премалена рака ја турнав рачката на вратата,мирисот на застојан и тешок воздух беше првото добредојде,вториот мирис кој ги рашири ноздрите до максимум,беше мумлата,овде во овој свет пајаците беа неприкосновени господари на просторот,прашината со својот минијатирен состав ги обележуваше трпеливо сите нивни патеки,мали и тенки линии висеа насекаде,некоја само ним позната шара се простираше пред мојот вчудоневиден поглед,полусветлина продираше низ малите отвори на покривот,прозорите,покриени со полураспаднато кебе,веќе одпоодамна ја немаше својата функција,да биде брана помеѓу мракот и светлината.којзнае кога оставените и ислужени предмети тука беа само безвредни расфрлани елементи на тоталниот хаос,во цел тој хаос како некој кралски трон на средината се извишуваше стариот ковчег,дрвен но и со целата прашина на себе повторно го имаше сјајот,металните нитни малку потемнети,пркосно им одолеваа на времињата кои ги газеле немилосрдно,со совојата блескавост кажуваа дека рѓата нивниот најлут непријател,ете тука не им сторил буквално ништо,но кога погледот конечно се адаптира на оваа полумрачна состојба,гласот тука со некој посмирен но повисок тоналитет го слушнав,доаѓаше од ковчегот,незнаев дали да продолжам да ја хранам мојата љубопитност и да го отворам ковчегот,или кукавички да се завртам и да си заминам,а не бев кукавица по природа,па така надвладеа  човечката страс за непознатото,правта,тој заштитник на тајните во првиот мој чекор проба да ме совлада и одврати од намислата да прекинам и заминам,но тивкиот провев,сега ја започна борбата со облакот прашина кој пркосно се дигна,губитник беше прашината,која мораше да остапи и да се наталожи некаде на некои друго место.
Веќе и кај мене порасна љубопитноста па погледот го вперив пред тоа што се распосла,а таму,едно големо разочарување,стари износени алишта,педантно здиплени,но сепак некое чувство ми кажуваше дека во тие алишта се крие тоа што ме донесе довде,внимателно ред по ред вадев,кога веќе целата соджина беше извадена,на средината од сега празниот ковчег,се најде уште една мала кутија целата обложена со црвен сомот,знаев знаев дека е тоа што го барав,а што имаше внатре се уште незнаев,но полека со најголема внимателност го отворив,и повторно едно големо разочарување,во самата кутија,беше стара мастилница со полупразно шише од темноплаво мастило,и перо,ништо посебно,флеките од мали капки мастило останати на него навестувааа дека некогаш со тоа перо се пишувало,Навистина бев разочарана,и ништо посебно не навестуваше дека токму тоа перо ќе биде најголемиот виновник за моето пишувања.

No comments:

Post a Comment