Popular Posts

Saturday, February 19, 2011

Дворецот на тишината


Дворецот на тишината



Денес започнав да го градам највеличенствениот дворец на тишината,како верен поданик сакам да и го оставам на мојата Снежна кралица,кога со своите кочии ќе помине покрај него понекогаш и таа да се восхитува,....ќе пробам да ви го опишам како ќе изгледа...на самата средина ќе биде сместена најголемата сала,со најубавите лустери од најфин кристал,знам дека некои нема да ги гледаат....за глувите,ќе направам најчуствителни оргули,со кој ќе можат да ги слушнат и најтивките тонови на тишината по нивните насмевки ќе знам дека и срцето нивно танцува.....за слепите,за ним салата ќе биде обложена со најчуствителното кадифе исткаено од најблескавите мигови на тишината,кога ќе го допрат да знаат која боја ја има,а има илјада и една нијанса,и тие како мене кога самите на себе ќе си се насмеат,ќе знаам дека пловат во бескрајното море од миговни нијанси...за тажните,за тажните ќе ги забранам ехото,да не се оплодува случајно самото од себе,за ним ќе ги отворам вратите на балконите та кога ќе им биде досадно да седнат и во бескрајниот мир и тишина да се восхитуваат на долината која е прекриена со зеленило,и токму тоа зеленило барем ќе им го врати спокојот по кој трагаат деноноќно..ходниците на дворецот ќе бидат обложени со најнежните патеки,токму тука на тие патеки да ги одморат своите преморени и крвави стапала од безбројните патишта низ кој минале....собите,па тие ќе бидат мали царства каде наместо престол ќе има дивани исполнети со самовилски паднати криља,ќога ќе се седни и душата да затрепери од нежноста што ќе се разлее...ќе поставам седум велинченствени кули,кули на кој ќе нема гавази стројни да стражарат,тука,тукаќе стражари копнежот по минатите дни....во дворецот ќе нема олтари,молитвите ќе бидат непотребни,и бесцелни,сега некој ќе се запраша со што ќе биде осветлен овој дворец,...не се сетивте нели,надежта,надежта ќе биде таа која ќе го осветлива овој дворец со својата млечнобела светлина.....навистина денес започнав да го градам највеличенствениот дворец на тишината,како верен поданик кога ќе помине мојата Снежна Кралица ете и таа да се восхитува....сега некој ќе се запраша,како ќе го пронајдете овој дворец,не грижетесе,тагата сама ќе ве донесе...

No comments:

Post a Comment