Popular Posts

Monday, May 2, 2011

Заклучено Минато

Заклучено Минато


 


 

Сказалките на стариот часовник и вечерва ја направија својата чудесна прегратка,со прегратката како молчешкум да се збогуваа од старото деноноќие,додека на новото му посакуваа добредојде,третата сказалка,најмала но најпргава и најбрза ете некако во својот палав и детински стил започна веселе да чекори во новиот ден,брзо и весело потскокнуваше на секој нареден миг што ќе го дочекаше и му кажуваше… евене повторно заедно исто како вчера исто како завчера. глувата тишина сега се радуваше на овие мали и ѕвонливи удари,така и таа знаеше дека не е глува и мртва тишина,дека не е празна тишина,дека се согласува со овие удари кажуваше и рамномерното дишење на двете сенки кои копнееја од вечерва повторно појака светлина да се распостели пред нив.


 

-Оваа вечер собра сила својата тага над месецот да ја фрлаш... со својата сенка го потемнуваш, светлоста со јад му ја сокриваш, уште малку и целосно ќе се сокрие, ќе потемне од твојата болка, сите зли сили се радуват ја чувствувам силата нивна, силата на злото царува, темни магови раце триат, свои отровни напивки прават ......


 

-прекрасна си...прекрасна си со сите твои убавини што ги гледаш низ тие твои сини небесни светови...


 

-носителите на светлината,со меч од збор,со меч што темнина коси,рикот твој го слушаат наоколу...


 

-по вторпат во очите на месечината умирам...мојата скаменета тага ете тука ќе ја истурам...со болка...со рик...низ заби ќе цедам кратсави спомени,суво ќе го плачам минатото,нема навистина повеќе да кажувам молитви за заборавеноста,ќе пуштам низ крвта да ми шумоли реката на утрешните насмевки,повторно ќе ги разбудам невидливите тапани во моите дамари,горчливиот бес во невидлив свет на понори ќе отиде....и волкот самотник во пештера ладна ќе го оставам.


 

-недореченото со старото перо напишиго во воздухот,жолтата стара хартија што ја носиш во раката,само стуткаја и фрлија притаениот ветар енего стои,ќе ја земе лакомо....не се потребни веќе болни сеќавања.

-оставиме сега низ ревов да пишувам...а ти,ти со носителите на светлината кругот чувајтего.

-низ клепките сурни едно минато без иднина,со дланките зграби една иднина со насмевки.

-замолчи....небово нема трпение веќе....

Се отргна од мене со брз чекор,само еден сноп од жолта светлина кажа дека е време.

- Ти,ти навистина незнаеш како е да се живее со дивите ветришта во душата,незнаеш какви оркани се креваат откако сонцето ќе зајде,тогаш,нивната сила демонска станува,кинат на парчиња се што ќе најдат пред себе,веќе завивањето им го разбирам,се настрвија на некои полураскапани дамари,живееле кутрите од ситните спомени што така грчевито ги држеле во себе,се настрвија овие проклети ветришта на немирот на нив,ги намирисале по неколкуте мои насмевки што останале во нив......како ѕверка рането во пресмртната агонија крикнувам...крикнувам за да ги затворам овие рак рани што и душата ја зајадоа,до скоро со телото и крвта се сладеа,сега од нектарот Божји сакаат да пробаат,црни мали јата летаат подивено....погледнувам во мракот пред себе и дланка барем една со малку вода на себе,жедда да ја згаснам,испуканиве усни веќе не се усни,низ браздите се влечат некои бесцелни молитви кои ветриштава на немирот ги носат во бездната...кога крикнувам,ѕвездите лицето го кријат,несакаат до нив ехото на злокобноста да допри...низ темнината ги пуштам прстите,ја виткам во плетенки,налик на твојата црна коса,па потоа во празнотијата повторни ги расплетувам,и полека само со врвовите од прстите ја галам,го нема ликот твој тука,оваа самотија несака насмеани и весели лица,нејзините ѕидови толку се оштри што ликовите тажни со својата извитопереност се лепат,насмеаните,насмеаните од првиот допир бегаат....ја милувам темнината нарекуваќи девствена игра...


 

Благо климна со главата,кажуваќими да не го прекинувам текот на зборови...


 

-Го пијам до дно сега на ова место од овој светлосен грал,бесот на Дионис,и белата роза,дарот на Љубовта го примам,пиам жедно и давам прошка на заборавот,со огнен круг го заградувам.... Luna mater, mater aurae! ....пред судбината се колнам дека е така... Gaia mater, mater silvae! ....во името на нивите светни полиња,пијам вода студена... Aquae mater, mater vitae! .....Овенатата РОЗА,со утеха во понор ја фрлам...ги одморам тука нозете,а од нив сега нови патишта се раѓаат...го кинат заморот на четириесет парчиња ситни...неуморниот ветар го барам за водилка да дојди...

Стана од местот каде клекната беше,некои молитви мислам кажуваше постојано,одважно лист бел зеде,со покорен наслон на исток кон небото се поклони

-запишувам сега....привремениот облик е мртов...се роди човек,живејго човекиот живот...сега затворија засекогаш вратата на сеќавањата...

-Замини,зошто си пресечана на половина,твојата душа е одвоена од мене,твоето име е закопано во заборавот,над твојот дух е тишината и сега не си веќе во моето срце.

-по вторпат наздравувам за сите бакнежи и прегратки,за сите бранови на восхит и страст,за насмевката твоја,за жешките зборови што ми шепотат во душата,сега повторно знам,за да ја насликаме убавината на животот потребни ни се многу платна.Љубовта Благословена те научи прошка да даваш..

-не би ти дал ни миг со тага и болка....дојди...


 

Исчекувањето да ги слушне повторно тие спасоносни удари на срцето кои секоја вечер ја пишуват својата вљубена симфонија по шушкавите свилени чаршави беа сега вече стварност , срцето кога ќе го слушнеше првиот тон заигруваше со еден луд ритам,како што играше срцето така крвта започнуваше да го забрзува својот тек,од мирна и прекрасна река стануваше див и нескротлив планински брзак,секоја вена,секоја жиличка на крвотокот се натпреваруваше во се поголема и поголема брзина,воздишките како се вжештуваа така тој тек беше побрз,кога ќе застанеше воздишката тогаш и крвта за миг застануваше и се предаваше на тешкото и возбудено дишење,ритамот на градите тогаш ја преземаа улогата на чекање,продорниот звук на спојот од две усни кажуваше дека сега мигот на чекање е пократок,кога тие величенствени удари ќе започнеа нова симфонија испреплетена со крцкавите звукови од прстите кои се плетеја во плетенка без крај и слухот се придружуваше во исчекувањето,конечно и крајот се ближеше,весела насмевка ќе се разлееше во просторот осветлен со миризливи свеќи ,белите заби сами ја надополнуваа таа насмевка и ја правеа уште позаносна,топлиот и слаб воздух кој излегуваше од малите носни отвори го кажуваше ритамот на возбудата ,зацрвенетите образи само ја отсликуваа желбата,додека најголемото и најтаинстено море кое го затвораа две сини очи ќе се отвореше и ќе се стретнеше со уште едни очи, пиеа и се впиваа така еден со друг,кога ќе се измореа од силата на страсните бранови кој се удираа еден со друг,за миг ќе се смиреа и се препуштаа на тивкиот ветар кој дуваше од север за миг да ги смири страстите ,на оваа идила се радуваа катадневно и месечината и темнината,месечината среќна што повторно беше од корист,со својот златен сјај ќе ги наградеше ,додека ноќта кога ќе наидеше некој случаен намерник,или злобник кој лакомо глодаше парчиња мрак,ќе испратеше мало темно облаче за кратко ќе го прекинеше во својата работа месечевиот зрак и ќе им ја обезбедеше толку посакуваната тишина,се плетеја овие две тела често во свилениот сјај,та кога ќе ја направеа плетенката изгледаа како едно цврсто и нераскинливо јаже создадено од најаката и најмоќна љубовна ткајачница.


 


 


 


 


 


 

No comments:

Post a Comment