Popular Posts

Thursday, April 28, 2011

Мирис на Запален Темјан

Мирис на Запален Темјан


 


 

Можеби можев и на друг начин...во мене зборуваат илјадници денови,милиони минути,милијарда секунди...некоја светлосна река од полураскапани спомени со врисок оживуваат,чекорот тежок повторно ми го прават...за миг ја кревам главата кон небото кое етего тука непријател ми станува,со темни облаци го прекрива...Боже,зошто мораше во моите вени да ја вовлечеш,ако веќе мораше,зошто со толку отров ја направи....низ темнината која се припива и до кожата,четката на животот ми ја подава,вика низ гранките лескови..сликај,сликај повторно проклетнику,сликај што било,ги знаеш добро нијансите на црнилата,сликајми со твоите болни спомени.....

-не седнувај,продолжи да се движиш,ако само застанеш тука во оваа илузија на спомените заробеник на минатото ќе станеш,продолжи понатаму....синилото од нејзините очи како сабја ја пресекоја секоја мисла која леташе во просторот...

-бесот и горчините ме преплавија за миг...плачев..знаеш...сакав така понорот да го направам некоја река,и во таа река да ги пуштам сите делови кои беа се налепиле на мене како спомени...

-не дозволувај очајот да те совлада повторно...играј си со сопствениот демон,и правилата на игра одерувај ги ти..

-не ја познавав вистинската слободата,освен слободата што ја имав во златниот кафез...бев птица која сакаше да пее свои песни,но секогаш туѓите желби беа тие кои ме тераа да молчам....ти го оправдуваш моето постоење...

-знаев за твоето постоење..се будев на полноќ,и како војник стражарев крај моите сништа чуваќи го мигот на твоето појавување....затоа продолжи да одиш...

Додека Демонот се смееше трескавично следеќи го секој наш чекор,од светлината која како зрак лесно се пробиваше и тука со глас гласот надежта ја враќаше....
Те избрав уште кога го планирав создавањето на бесконечноста...и знаев за тебе уште пред да бидеш зачнат во Мајчината утроба...ТИ си од мојот Род...ТВОЈОТ ЖИВОТ не е случајност,бидеќи сите твои денови се напишани во мојата книга....Моите планови за твојата ИДИНА се исполнети со НАДЕЖ и СРЕЌА...Побарајме со твоето СРЦЕ и ќе ме пронајдеш...Во состојба сум за тебе да направам многу повеќе ОТКОЛКУ што ти можеш да замислиш...Не ги БРОЈАМ твоите гревови,ЈАС ги ПРОСТУВАМ твоите гревови...ВРАТИ СЕ во мојот ДОМ,и јас заедно со моите Ангели ќе ја направам највелинченствената гозба во ТВОЈА чест...затоа сега ќе ти поставам истото прашање ДАЛИ сакаш повторно да бидеш мојот СИН...ЧЕКАМ на твојот одговор...

-ме прифати онаков каков што сум...вечерва или утрово...ја гледав во сршта на светот кој треперееше заедно со мене во темнинава...навистина ќе ти дозволам да го отвориш моето срце...

-ти си една целина,Ангелот е твојата Суштина,демонот е твојата Стварност,споиги заедно и веќе самиот ќе знаеш кој си...

-твоето присуство ги смирува моите мисли...ќе наздравам со еден крик...

-стигнавме...застана во просторот како Горостасна Господарка...ги гледаш камењата наредени во кругот околу тебе,на секој од нив можеш да лепиш спомени колку сакаш,на допир се ладни и бесчуствителни,но во нивната внатрешност гори пеколен оган,и ги гори за миг...отворија лавината на сеќавања од тебе нека потече за последен пат,не се страми од твоите солзи,пуштиги нека ја свират својата најтивка музика кога ќе капат на земјата,таа ти прости,и ќе биде среќна кога ке ги прима во себе...сега небото е темно,минатото сака со темнината повторно да те предомисли и да те врати кај себе,но позади темнината е светлината....го слушна нејзиниот глас...

-го отклучувам времето,влегувам во просторот ,на дланките носам три припитомени солзи,како мој дар за покајанието,од средината на темнината пијам,во густината Демонот го повикувам,името негово да го дознаам,тоа моја најголема тајна да биде,за неколку часови утрото ќе чука на вратата за промената ќе му кажам....

Пријатниот мирис на запален темјан врз кој беа уште неколку суви тревки го исполнуваа просторот со несекојдневна мирнотија и опуштеност,телото ги опушти стегите на исчекување и им дозволи на сите свои делови да уживаат во овој простор.


 

No comments:

Post a Comment