Popular Posts

Monday, April 4, 2011

Бледа копија

Бледа копија


 


 

Моралот го претвори во предавство

Го расчлени во илјада парчиња

Го нарече нов живот

Го закити со срма избледена


 

Зошто се потребни сеќавањата

Кога црешата повторно млади пупки фрла

Старите веќе се со трулеж невиден

Етеги крај стеблото последните се распаѓаат


 

Останува само приказната ненапишана

Жолтата испукана хартија

И старото перо

На старото место каде прашината царува.


 

Недореченото,напишиго на таванот испукан

Претвориго во точка една

Колку голема,зависи од мртвите спомени

Ова не е исповед моја,некои зборови ненапишани се.


 

Сеедно ми е сега

Дали ќе бидеш стих опеан

Или песна недогледна

Или само нема буква во празна неизговорена реченица.


 

Немам повеќе причина да мразам

Беше само бледа копија на жена

Празен одраз на ликот од долниот спрат

Послушен поданик кој ги гризи усните од бес скриен.


 


 


 


 


 


 

No comments:

Post a Comment