Popular Posts

Saturday, February 19, 2011

Дворецот на тишината


Дворецот на тишината



Денес започнав да го градам највеличенствениот дворец на тишината,како верен поданик сакам да и го оставам на мојата Снежна кралица,кога со своите кочии ќе помине покрај него понекогаш и таа да се восхитува,....ќе пробам да ви го опишам како ќе изгледа...на самата средина ќе биде сместена најголемата сала,со најубавите лустери од најфин кристал,знам дека некои нема да ги гледаат....за глувите,ќе направам најчуствителни оргули,со кој ќе можат да ги слушнат и најтивките тонови на тишината по нивните насмевки ќе знам дека и срцето нивно танцува.....за слепите,за ним салата ќе биде обложена со најчуствителното кадифе исткаено од најблескавите мигови на тишината,кога ќе го допрат да знаат која боја ја има,а има илјада и една нијанса,и тие како мене кога самите на себе ќе си се насмеат,ќе знаам дека пловат во бескрајното море од миговни нијанси...за тажните,за тажните ќе ги забранам ехото,да не се оплодува случајно самото од себе,за ним ќе ги отворам вратите на балконите та кога ќе им биде досадно да седнат и во бескрајниот мир и тишина да се восхитуваат на долината која е прекриена со зеленило,и токму тоа зеленило барем ќе им го врати спокојот по кој трагаат деноноќно..ходниците на дворецот ќе бидат обложени со најнежните патеки,токму тука на тие патеки да ги одморат своите преморени и крвави стапала од безбројните патишта низ кој минале....собите,па тие ќе бидат мали царства каде наместо престол ќе има дивани исполнети со самовилски паднати криља,ќога ќе се седни и душата да затрепери од нежноста што ќе се разлее...ќе поставам седум велинченствени кули,кули на кој ќе нема гавази стројни да стражарат,тука,тукаќе стражари копнежот по минатите дни....во дворецот ќе нема олтари,молитвите ќе бидат непотребни,и бесцелни,сега некој ќе се запраша со што ќе биде осветлен овој дворец,...не се сетивте нели,надежта,надежта ќе биде таа која ќе го осветлива овој дворец со својата млечнобела светлина.....навистина денес започнав да го градам највеличенствениот дворец на тишината,како верен поданик кога ќе помине мојата Снежна Кралица ете и таа да се восхитува....сега некој ќе се запраша,како ќе го пронајдете овој дворец,не грижетесе,тагата сама ќе ве донесе...

Thursday, February 17, 2011

сеќавање


Го оставив и последното сеќавање за тебе на последното парче снег,го гледав тажно,се топеше со  крик кој одекнуваше од некој дел на твоите гради,немеев и без солзи се раскинував,овде и солзите немаат вредност,па бесцелно беше да ги пуштам, знаев можеби дека не требаше тоа да го направам,можеби требаше да го носам,но премногу оштри врвови имаше тоа парче,премногу болка ми правеше,ме параше насекаде по телото,сега само ветерот тука завивасо призвук на волк самотник, сенки од нејасни креатури се движат студенило со себе влечат,го сејат и расејуваат по земјата,....гавранот црн однекаде долета,со утеха млака....оди оди по поледицава,оди кон ништото,зошто и ти утре во мугрите ќе бидеш само сеќавање...оди...

молк


молк

Со најтемното и најтешко перо на судбината ги пишувам зборовите насекаде,најмногу  на земјата,слушам,со некој таен шепот зборува-гладна сум за твоите зборови,ќе ја имаш вечноста со мене,пишувајму уште малку на небото,тоа хартијата ја потроши,последните страници ги пишуваш...проклетнице и кобничке,со некој рик извикнувам...зарем солзите не те натопија та што жедна си...а таа здиве подиве...гладна сум гладна сум,не жедна...ајде земи миг одмор,стаиго го увото на мене,ајде,ајде ќе го слушнеш роморот на коњаникот кој ти доаѓа,ајде неплашисе...проклетнице,повторно извикнувам...оглувев од болка...оглувев во молков мој,не слушам ни шум ни шепот.....притаено со помош на ветрето прашината ја лепи на мене,нова тежина става,нов јад прави....проклетница,се смее грозничаво....навикнисе на мирисот,видија формата нова,прашина ситна со која ветерот ќе танцува,со која ноздри ќе затнува,со која поглед ќе затвара.......пишувај,пишувај,небројам никогаш ноќи,не ги редам во низи....пишувај судбината мастилото го затвори,хартијата се троши.........молк,молк,само молкот останува....молк...молкот болкава во градиве ја прави уште поголема...додека со поглед небото молбено го гледам,темните облаци го затвораат и последното парче синило....

Friday, February 11, 2011

Пожолтени страници на стариот дневник-прв дел

 Пожолтени страници на стариот дневник-прв дел


Твоите раце ме бараат мене,а моите те бараат тебе...знам дека беше првата реченица што ја напишав многу одамна,кога со целиот блескав сјај во очите го гледав руминилото на секоја нова зора,и сега знам дека се распостила така волшебно наутро ,но сега кога ги трошам последните капки на мастилото не е така волшебно за мене,какво е,само едно испокинато синило од мали темни облачиња,пресликани делови од моето срце.
Повторно со последни сили бегам по непознатите патеки,но и каде од одам секој оштар камен ме потсетува на тој последен ,ладен и бесчуствителен,збор..Збогум.
Да ги затворам очите,тие вестители на светлината,и да потонам во мракот сакам,посакувам,и го правам,но одекот на снопчето од некогаш напишаните писма кои така со занес ти ги читав навалена на твоето рамо ,а ти го држеше со твојот занесен поглед и некоја измамена воздишка мојот илузорен но вљубен свет кој го создадов во моето срце,сега некое подмолно ехо ги оживува спомените,правеќија болката неподнослива,а мракот со своите невидливи темни канџи како ѕвер подивен се слади од тие спомени.
На миг посакувам да те заборавам,во следниот сакам да те имам,во третиот посакувам да не постојам,така мислам ,некако наивно дека мракот ќе го направам поредок,и поподнослив.
................Несакава да го будам поривот на пишување,но еден глас,тивок,со малку молба во себе,и некоја болка долета,полека го одредував изворот,во првиот миг помислив дека доаѓа отсекаде,како јато на невидливи птици да го носеа,но полека полека насетував дека е тука во моја близина,некоја мистична сила го подигна погледот кон стариот таван,неотворен којзнае од кога,несигурно,не со страв,туку со недоверба ги искачував дрвените скали,познатиот звук на крцкање на стари и полутрули даски ја запееа одата на радоста,што повторно се во функција,несигурно со премалена рака ја турнав рачката на вратата,мирисот на застојан и тешок воздух беше првото добредојде,вториот мирис кој ги рашири ноздрите до максимум,беше мумлата,овде во овој свет пајаците беа неприкосновени господари на просторот,прашината со својот минијатирен состав ги обележуваше трпеливо сите нивни патеки,мали и тенки линии висеа насекаде,некоја само ним позната шара се простираше пред мојот вчудоневиден поглед,полусветлина продираше низ малите отвори на покривот,прозорите,покриени со полураспаднато кебе,веќе одпоодамна ја немаше својата функција,да биде брана помеѓу мракот и светлината.којзнае кога оставените и ислужени предмети тука беа само безвредни расфрлани елементи на тоталниот хаос,во цел тој хаос како некој кралски трон на средината се извишуваше стариот ковчег,дрвен но и со целата прашина на себе повторно го имаше сјајот,металните нитни малку потемнети,пркосно им одолеваа на времињата кои ги газеле немилосрдно,со совојата блескавост кажуваа дека рѓата нивниот најлут непријател,ете тука не им сторил буквално ништо,но кога погледот конечно се адаптира на оваа полумрачна состојба,гласот тука со некој посмирен но повисок тоналитет го слушнав,доаѓаше од ковчегот,незнаев дали да продолжам да ја хранам мојата љубопитност и да го отворам ковчегот,или кукавички да се завртам и да си заминам,а не бев кукавица по природа,па така надвладеа  човечката страс за непознатото,правта,тој заштитник на тајните во првиот мој чекор проба да ме совлада и одврати од намислата да прекинам и заминам,но тивкиот провев,сега ја започна борбата со облакот прашина кој пркосно се дигна,губитник беше прашината,која мораше да остапи и да се наталожи некаде на некои друго место.
Веќе и кај мене порасна љубопитноста па погледот го вперив пред тоа што се распосла,а таму,едно големо разочарување,стари износени алишта,педантно здиплени,но сепак некое чувство ми кажуваше дека во тие алишта се крие тоа што ме донесе довде,внимателно ред по ред вадев,кога веќе целата соджина беше извадена,на средината од сега празниот ковчег,се најде уште една мала кутија целата обложена со црвен сомот,знаев знаев дека е тоа што го барав,а што имаше внатре се уште незнаев,но полека со најголема внимателност го отворив,и повторно едно големо разочарување,во самата кутија,беше стара мастилница со полупразно шише од темноплаво мастило,и перо,ништо посебно,флеките од мали капки мастило останати на него навестувааа дека некогаш со тоа перо се пишувало,Навистина бев разочарана,и ништо посебно не навестуваше дека токму тоа перо ќе биде најголемиот виновник за моето пишувања.

Zavrtise samo ednas nazad

Завртисе само еднаш назад




Завртисе само еднаш назад
Погледни во пепелта без солзи во очите
И прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако во новата одаја што ја градиш
Има солзи радосници
Малку слични со првиот детски плач
Јас повторно за тебе
Пред портите на рајот ќе застанам
И повторно Ангелите ќе ги молам
Крбли со среќа на дланките да ти истурат
Со криљата свои шестокрилни немирот го заробат
Ноќите спокојни да ти ги сторат

Ако во новата одаја што ја градиш
Некаде во некој агол
Ја видиш нашата Победа со широки насмевки
Како го изговара познатиот збор
Добро
Јас повторно за тебе
Пред портите на пеколот ќе застанам
Триста отровни демонски стрели да ме погодат
Двеста клетви на плеќите ќе понесам
И здивот на Врховниот Бог во душата ќе го всадам
Од кошмар до кошмар потоа ќе одам
Злото да ме сотри
Кон тебе да не дојди.

Завртисе само еднаш назад
Погледни во пепелта без солзи во очите
И прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако во новата градина што ја припремаш
Има место за 22 црвени рози
Јас повторно за тебе
Низ ходниците на времето ќе поминам
На брегот од Егејот ќе седнам
Сега сам ќе бидам,галебите да ги нахранам
Ќе плачат со мене
Јас солзите во дланката ќе ги собирам
Тие на своите бели криља
Извор непресушен ќе направиме
Така ќе знаеме новите рози никогаш нема да овенат

Ако на новата ограда што ја припремаш
Има место за 22 цврсти столбови
Јас повторно за тебе
Од олимп мраморот на грбот како тантал ќе носам
Постамент цврст да изградиш
Така блескавата агора да ја заградиш

И повторно завртисе само еднаш
Погледни во пепелта без солзи во очите
И повторно прашајго твоето срце
Колку место има за нова љубов

Ако на некоја патека нова што ја гледаш
Го видиш огледалото на вистина
Застани храбро пред него
И гледајги ликовите фтиснати
Јас сега знам
мојот лик не е таму
бурата пустинска го избриша
со сивило доловите го покриаа
сега во ридови од болка скаменет стана
тука немоќен сум да ти помогнам


ова е некое ода напишана на пергамент пожолтен,некој кој беседел во самотијата,некој кој небото секојдневно мастило му истурало,а тој глаголел онака како што му зборувала душата,па така безбели бесот го мирел,за ете можеби нов грев да не стори,се исповедал на третиот ѕид.


Wednesday, February 9, 2011

Vlado Kalember - Cija si u dusi

Vlado Kalember - Da li uz njega sjetis se svega

Vlado Kalember - Moja je soba samica

Го припремам последниот сон

Го припремам последниот сон

Го припремам последниот сон што го понесов за последен пат од прагот ,за вечното сонување,малку е исплашен,трепери напати,и понекогаш мислеќи дека не го гледам ја врти главата назад,гледа во пустината од пепел која остана позади нас да види некој спомен,мисли дека сепак некаде во таа пепел ќе ја види надежта...го тешам,а кој мене би ме утешил...го тешам дека патеката е веќе изодена...дека тоа е судбина..го тешам..ете ми дојде мисла утешителна..го тешам дека некаде позади пустината од пепел останаа четири невини очи кои со многу тага во себе гледаат во купиштата пепел,ќе мине време и тие со своите насмевки ќе се научат да ја кријат тагата,..негрижи се ми кажувам,нивните патеки со прав ѕвезден се послани,нивните ноќи со музика месечева се исполнето,цврст бедем има околу нив за ниедно зло не ги допре...неплашисе,и ти ,кога ќе ги допреш вечните пространства,тогаш ќе видиш дека овој страв бил непотребен..се лепи некако примамливо на клепките,којзнае можеби сум го утешил.

zaminuvam


Заминувам





Без лик

Без спомени

Без болка во себе заминувам

Ослободен од сознанието на твојата љубов

Заминувам знаеќи дека сега те запознав

Те видов со истиот лик како некогаш

Но сега си онаа вистинската

Јас сум сакал некоја друга

И таа друга секогаш ќе ја сакам

Со твојот лик

Од мојата болка споменик направив

Незнам на кој плоштад ќе го стават

Ќе биде паметник за наивните во љубовта

Спомените ги продадов

Сега лицемерите се сладат со нив

Солзите ги собрав на едно место

Чинам пресушен бунар наполнив

Некој некоја градина со ружи ќе наводнува

Крвта веќе не тече во мене

Триста демони се сладеа со неа

Три ноќи и три дена во пештера ладна

Што ќе остане од мене

Само срцето мое

Знаеш ти го подарив одамна

Сеуште е во твоите раце

Ако сметаш дека е безвредно

Соседот има секогаш гладно куче

Нараниго ,барем тоа нека е сито еден ден

Заминувам

Без лик на себе

Бес спомени со себе.



Никодин Чернодримски

Saturday, February 5, 2011

Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица

Ова е само измислена бајка за Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица

Отидов на Жед планината,знам,од другите слушнав дека некаде таму имало суров господар кој започнал да гради дворец темен,сакал сите блокови да бидат од бигор човечки,решив во тој дворец да има вградено некој мој блок,можеби по сто или двеста години некој во тој бигор ќе го види мојот лик,па така ќе знам дека сум постоел,а бигорот, го имав во доволни количини катадневно го собирав не само на градите туку и на рацете и на нозете и секаде,ама навистина секаде на мене беше налепен тој проклет таговен бигор .
Тргнав пеш,на рамењата обесив три рала железни опинци,тие кое се вратиле кажуваа дека земјата таму горела со пеколен оган,та стапалата  човечки ги гламносувала уште со првата стапалка ако немаш железни опинци земени од ковачот на судбини.
Ех,заборавив да ви кажам дека дека пред само 6 месеци носев лаковани,лесни чевли,кои во петиците силата на ветерот ја имаа,колку ли беа убави тие,секогаш кога ќе посакав летав на тие лесни ветерови криља,ме носеа каде ќе посакав.
Така и јас,отидов кај ковачот на судбини,да земам,тој не ги продаваше,само ги правеше по калап,ќе го погледнеше човекот кој стоеше пред него,ќе ги измереше браздите на челото по должина и по ширина,и токму по таа мерка ги правеше чевлите,ни полесни ни потешки,ни пошироки ни пак потесни,ете тогаш кога застанав пред него,прво добро ме изгледа,со главата сомнително заврти,малку си ја поткасна устата,и воздивна тивко но тешко,но сепак несакаше да ме обеспокои дека ќе одам пеш по светот босоног ,туку малку охрабрувачки рече.....не се грижи,ќе направам и за тебе чевли,но по ова што го гледам премногу матријал ќе треба да потрошам,ќе ми треба време една цела ноќ,ајде ти момче,оди по ведрово небо,легни на земјата,одмори,знам дека во тебе нема соништа,ти само броиги звездите,ако некоја ти се допадне ете така погалија со врвовите од прстите,таа затебе е далечна,ама сепак на врвовите ќе ја почуствуваш нејзината нежност,ајде оди,и оставиме да работам......отидов и направив како што ми кажа,додека ги гледав,беа премногу,во тој занес се почуствував нивни господар,ја отворив капијата на ветриштата и ги пуштив да лутаат во бескрајот,од силата нивна започнаа ѕвездите да танцуваат,некоја млака радост од некоја заборавена шурка потече,одеа прво лево па десно ,кога во круг заиграа знам дека самовилски чекори правеа,и покрај тоа што рацете ми беа премалени,и суварак направени,сепак започнав да ракоплескам,слабо,толку слабо што од ракоплескањето ни мравките не се вознемирија.
Во орото што го играа ѕвездите имаше една со посебен сјај блескаше некако заносно ,со заслепувачки сјај напати ќе затреперееше,но и чекоро т и беше полесен,побрз,им го реметеше ритамот на другите ѕвезди,беше некако поразлична,ете,посакав барем од оваа далечина да ја допрам,само малку,но гласот на ковачот на судбини оштро одекна во просторот,немој таа е лажна ѕвезда со лажен  блесок,немој кој ја допрел во понор паднал,оставија не е таа затебе,погледниги и другите ѕвезди,и тие имаат сјај во себе,и тие знаат да треперат,еххххх,испуштив едно длабоко,небеше тоа болно,но некако со малку тага го кажав,звуците на невидливата флејта ги тераше да не престануваат да играат,сега кога се изморив од гледањето,се завртив према месечината,и таа блескаше,но на ликот нејзин видов една сенка,сенка која на едната страна ја правеше тажна,го испрати небесниот гласник да дојдо до мене и дел од својата тага да ми пренесе,кога со бесчуен чекор зачекори по тревата,ниедно тревче не се наведна од тежината негова,клекна и зашепоти...ова се зборовите на твојата штитеничка месечината,има само едно да ти каже
-сине мој,ти кој под моите пазуви растеше,ти кој моето месечево млеко го пиеше,ти кој беше предодреден да бидеш небесен гласник,ти сега гледам си станал,ангел со скршени криља,и бегалец од светлината,поклоник на мракот,но не грижисе,има една ѕвезда,не ја гледаш ти на орото,таа те чека долго долго,таа е твојата судбина,кога ќе помине време потребно,ти не го знаеш уште тоа,сам со свои очи ќе ја видиш,сам на себеси ќе си простиш за заблудата,и светлината повторно во твоите очи со снопови ќе тече.
Стана или исчезна за миг небесниот гласник,до мене остана само хартијата во ролна завиткана,ја зедов,во полураспаднатото торбе што го носев на рамо ја ставив,тежина се надвисна над клепките,некој пргав сон,кој немал што да прави сам со себеси,се погрижи барем мене малку да шрошета по невидени пространства на кој утре нема да се сеќавам,сум заспал со мирисот на тревата.




Снежна Кралица


Снежна Кралица





Ако смрта ја има твојата насмевка
........Навистина....
...............навистина и сега не се плашам.......
Ни пак утре или задутре
.......навистина
Само ќе ги раширам рацете за незината прегратка

Ако смрта ми речи да блескам на небото како твојот отсјај во очите
.............навистина........
.......................навистина и сега не се плашам ......
Ни пак утре или задутре
.........навистина
Ќе блескам толку силно што многу други ѕвезди ќе засенам

Ќе блескам
Моја Снежна Кралице
Таму.......во бескрајот
Каде моето срце нема да биде замрзнато
Со шест прсти мраз

Ќе блескам
Моја Снежна Кралице
Таму меѓу другите отфрлени ѕвезди
Каде нема дворци со студенило
каде нема лажни и тажни насмевки

ако смрта ме праша зошто не се плашам
и сега кажувам.......
.....и утре и задутре..........
Јас веќе еднаш умрев,......
Во дворецот твој
Моја Снежна Кралице



 Никодин Чернодримски

Заминувам

Заминувам


Без лик
Без спомени
Без болка во себе заминувам
Ослободен од сознанието на твојата љубов
Заминувам знаеќи дека сега те запознав
Те видов со истиот лик како некогаш
Но сега си онаа вистинската
Јас сум сакал некоја друга
И таа друга секогаш ќе ја сакам
Со твојот лик
Од мојата болка споменик направив
Незнам на кој плоштад ќе го стават
Ќе биде паметник за наивните во љубовта
Спомените ги продадов
Сега лицемерите се сладат со нив
Солзите ги собрав на едно место
Чинам пресушен бунар наполнив
Некој некоја градина со ружи ќе наводнува
Крвта веќе не тече во мене
Триста демони се сладеа со неа
Три ноќи и три дена во пештера ладна
Што ќе остане од мене
Само срцето мое
Знаеш ти го подарив одамна
Сеуште е во твоите раце
Ако сметаш дека е безвредно
Соседот има секогаш гладно куче
Нараниго ,барем тоа нека е сито еден ден
Заминувам
Без лик на себе
Бес спомени со себе.

Никодин Чернодримски