Popular Posts

Saturday, February 5, 2011

Заминувам

Заминувам


Без лик
Без спомени
Без болка во себе заминувам
Ослободен од сознанието на твојата љубов
Заминувам знаеќи дека сега те запознав
Те видов со истиот лик како некогаш
Но сега си онаа вистинската
Јас сум сакал некоја друга
И таа друга секогаш ќе ја сакам
Со твојот лик
Од мојата болка споменик направив
Незнам на кој плоштад ќе го стават
Ќе биде паметник за наивните во љубовта
Спомените ги продадов
Сега лицемерите се сладат со нив
Солзите ги собрав на едно место
Чинам пресушен бунар наполнив
Некој некоја градина со ружи ќе наводнува
Крвта веќе не тече во мене
Триста демони се сладеа со неа
Три ноќи и три дена во пештера ладна
Што ќе остане од мене
Само срцето мое
Знаеш ти го подарив одамна
Сеуште е во твоите раце
Ако сметаш дека е безвредно
Соседот има секогаш гладно куче
Нараниго ,барем тоа нека е сито еден ден
Заминувам
Без лик на себе
Бес спомени со себе.

Никодин Чернодримски



No comments:

Post a Comment