Popular Posts

Saturday, February 5, 2011

Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица

Ова е само измислена бајка за Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица

Отидов на Жед планината,знам,од другите слушнав дека некаде таму имало суров господар кој започнал да гради дворец темен,сакал сите блокови да бидат од бигор човечки,решив во тој дворец да има вградено некој мој блок,можеби по сто или двеста години некој во тој бигор ќе го види мојот лик,па така ќе знам дека сум постоел,а бигорот, го имав во доволни количини катадневно го собирав не само на градите туку и на рацете и на нозете и секаде,ама навистина секаде на мене беше налепен тој проклет таговен бигор .
Тргнав пеш,на рамењата обесив три рала железни опинци,тие кое се вратиле кажуваа дека земјата таму горела со пеколен оган,та стапалата  човечки ги гламносувала уште со првата стапалка ако немаш железни опинци земени од ковачот на судбини.
Ех,заборавив да ви кажам дека дека пред само 6 месеци носев лаковани,лесни чевли,кои во петиците силата на ветерот ја имаа,колку ли беа убави тие,секогаш кога ќе посакав летав на тие лесни ветерови криља,ме носеа каде ќе посакав.
Така и јас,отидов кај ковачот на судбини,да земам,тој не ги продаваше,само ги правеше по калап,ќе го погледнеше човекот кој стоеше пред него,ќе ги измереше браздите на челото по должина и по ширина,и токму по таа мерка ги правеше чевлите,ни полесни ни потешки,ни пошироки ни пак потесни,ете тогаш кога застанав пред него,прво добро ме изгледа,со главата сомнително заврти,малку си ја поткасна устата,и воздивна тивко но тешко,но сепак несакаше да ме обеспокои дека ќе одам пеш по светот босоног ,туку малку охрабрувачки рече.....не се грижи,ќе направам и за тебе чевли,но по ова што го гледам премногу матријал ќе треба да потрошам,ќе ми треба време една цела ноќ,ајде ти момче,оди по ведрово небо,легни на земјата,одмори,знам дека во тебе нема соништа,ти само броиги звездите,ако некоја ти се допадне ете така погалија со врвовите од прстите,таа затебе е далечна,ама сепак на врвовите ќе ја почуствуваш нејзината нежност,ајде оди,и оставиме да работам......отидов и направив како што ми кажа,додека ги гледав,беа премногу,во тој занес се почуствував нивни господар,ја отворив капијата на ветриштата и ги пуштив да лутаат во бескрајот,од силата нивна започнаа ѕвездите да танцуваат,некоја млака радост од некоја заборавена шурка потече,одеа прво лево па десно ,кога во круг заиграа знам дека самовилски чекори правеа,и покрај тоа што рацете ми беа премалени,и суварак направени,сепак започнав да ракоплескам,слабо,толку слабо што од ракоплескањето ни мравките не се вознемирија.
Во орото што го играа ѕвездите имаше една со посебен сјај блескаше некако заносно ,со заслепувачки сјај напати ќе затреперееше,но и чекоро т и беше полесен,побрз,им го реметеше ритамот на другите ѕвезди,беше некако поразлична,ете,посакав барем од оваа далечина да ја допрам,само малку,но гласот на ковачот на судбини оштро одекна во просторот,немој таа е лажна ѕвезда со лажен  блесок,немој кој ја допрел во понор паднал,оставија не е таа затебе,погледниги и другите ѕвезди,и тие имаат сјај во себе,и тие знаат да треперат,еххххх,испуштив едно длабоко,небеше тоа болно,но некако со малку тага го кажав,звуците на невидливата флејта ги тераше да не престануваат да играат,сега кога се изморив од гледањето,се завртив према месечината,и таа блескаше,но на ликот нејзин видов една сенка,сенка која на едната страна ја правеше тажна,го испрати небесниот гласник да дојдо до мене и дел од својата тага да ми пренесе,кога со бесчуен чекор зачекори по тревата,ниедно тревче не се наведна од тежината негова,клекна и зашепоти...ова се зборовите на твојата штитеничка месечината,има само едно да ти каже
-сине мој,ти кој под моите пазуви растеше,ти кој моето месечево млеко го пиеше,ти кој беше предодреден да бидеш небесен гласник,ти сега гледам си станал,ангел со скршени криља,и бегалец од светлината,поклоник на мракот,но не грижисе,има една ѕвезда,не ја гледаш ти на орото,таа те чека долго долго,таа е твојата судбина,кога ќе помине време потребно,ти не го знаеш уште тоа,сам со свои очи ќе ја видиш,сам на себеси ќе си простиш за заблудата,и светлината повторно во твоите очи со снопови ќе тече.
Стана или исчезна за миг небесниот гласник,до мене остана само хартијата во ролна завиткана,ја зедов,во полураспаднатото торбе што го носев на рамо ја ставив,тежина се надвисна над клепките,некој пргав сон,кој немал што да прави сам со себеси,се погрижи барем мене малку да шрошета по невидени пространства на кој утре нема да се сеќавам,сум заспал со мирисот на тревата.




No comments:

Post a Comment