Сребрената светлина
Ги испуштав овенатите цветови од ружите што стоеа долго во куферот за спомени...веќе не броев колку се на број...знам дека беа многу,за секоја година ставав по еден...но сега..сега само со пружена рака низ прозорот од автомобилот кој граби низ тесните планински патеки,на места издлабени до лик на мали бездни,ги испуштам насекаде,некои паднаа на зелени мали ливади,капеќи се во утринската роса се зарадуваа,мислеа дека повторно сјајот ќе го вратат,некои само паѓаа немоќно на патот кој остануваше позади,а некои ветерот ги носеше далеку во непознати предели....
Во невидливото огледало го гледам ликот,занесен во размислувањето,за белите магли низ кој морам да поминам,за оганот што морам да го проголтам,за водата што треба да ја преминам,за земјата што треба да ја прегрнам,не го слушнав моторот како се изгасна сам од себе,застана на дрвениот мост,по малку играше немирно од лудиот ритам на ветерот
-премногу си блед.....изненадена но со искра во погледот ме праша.
-таму на урнатините од стариот град каде одмаравме,сватив дека сум сум ситно парче кое паѓа врз камењата покриени со моф десетолетен,парче што вековите прашина невидлива ќе го сторат.
-денес или утре,или задутре кога конечно ќе го видам твојот сон како заживува,од книгата на животот ќе земам неколку букви ,ќе ги обликувам во една единствена вистина,за потоа ти неуморно ја читаш во сите наредни деноноќија .....како што малите две облачиња на небото се споиа,така нејзините две усни го заробија отсјајот од сонцето на кратко...како бескрајна приказна ќе се одмотува нашето време.
Навистина беше убава додека раскажуваше со гласот на невина Самовила.
-време е да тргнеме на последното патување......одлуката е твоја,од денес ќе бидеш Безусловна Љубов или Омраза која ќе руши се пред себе.
Помеѓу мене и небото е склопен мир,единствено тишината во мене таласи немирни будеше,го слушав тука во таа тишина како гласот на земјата одговараше со баритонов засипнат глас.
-Небиди заробеник на минатото,ако сакаш да бидеш учесник во иднината,сегашноста остави им ја на лакомите ненахранети ега...
-светот беше насекаде околу мене,а јас го барав само во еден поглед.....прошепотив,додека повторно под стапалото ја чуствував земјата.
Низ малиот скриен простор во оваа стара планина каде два мали светови итаа се испречи бездната,звукот на збеснатите бранови со демонски глас предупредуваа.
-немора да влегуваме во реката за да знаеме колку е длабока,доволно е да го погледнеме нејзиниот немир кој го пишува на површината со разиграните бранови....низ својата насмевка ги залепи зборовите на дрвената ограда.
-но затоа постојат мостовите.......
-да,мостовите се градат за да се победи секоја бездна...
Заминавме преку бездната по тајните патеки на душата,додека споро се пробивавме по тесното патче,гранките со слаба суровост пробуваа да не спречат,сега времето веќе беше мерна единица која тука нема никаква важност,тука позади вратата на животот,но сепак во стварното постоење,судбината ми подари цвет,цвет кој ја бараше својата зелена ливада каде ќе цвета постојано.
-Стигнавме...воодушевувањето задржиго за подоцна.....
Сребрената светлина низ спокојниот лет на голубите се растураше,нежната плава светлина споро и со суптилните ноти што месечината ги оставила се постави како ѕидови небесни правеќи го просторот еден круг.
-тука,во ова езеро на среќа и спокој прочистувањето на твоите гревови ќе биде првиот чекор,вториот кога ќе го направиме знаеш Прошка ќе биде тоа,третиот чекор самиот смело ќе го направиш,а животот ќе те награди со илјада благослови...
No comments:
Post a Comment