Popular Posts

Tuesday, April 19, 2011


 

Во Прегратката на Светлосната Музика


 

Се разбудив во прегратката на светлосната музика и досега непознато чуство кое на волшебен начин цвеќињата кои висеа на прозорот ги боеше во љиљакова боја исполенета со мали светликави ѕвездички.Над срцето сега бдееше и со затворени очи светот кој со своето невидливо вретено ги миреше разиграните утрински немирни палави ветришта.Невидливата рака на судбината пишуваше песна која ја свиреа небесните харфи.Телото сеуште се прпелкаше во светлосниот грал,каде нектарот го лепеше со својот занес повторно и повторно да ја посака ѕвездената прашина.

Во храмот на месечевата светлина,моќта растеше вртоглаво,со насмевка на Боженствена убавина ја раскажуваше родената тишината на изминатата ноќ.

Ја прашувам убавината дали капките кои капнаа на црвената роза ја донесоа долго исчекуваната хармонија.

Сега сум безимен поет

Сега си безимена ружа

И утрото има име

И птицата има име

Ќе те наречам

Моја утринска Ружа


 

Сега си ПолуБожица

ПолуЖена

Облечија небесната наметка

Самовилите

Твоите сестри што ја ткаеа


 

Таму каде што столетијата спиат

Таму каде што времето се раѓа и умира

Таму застани и негледај назад


 

Одата на животот

Со безгрешноста зачнија

Во вечните Еони оставија

Безгласната птица нека раскажува


 

Ја слушам музика со занес и слушам како шепотот плови...стравот потона во сеќавањата,заспа во длабок сон,од пепелта се буди новата жар,дел од тебе веќе плови во самовилско море,мајката над мајките на мостот од прошката стои,те моли со две неисплачени солзи жешки во кругот на своето постоење,гаѓањето на новите утра да ги гледа.


 

Вечниот тага се срона од сршта на вистината,изворот на омразата го затвори,молчам,прошката како семе од длабочините на душата ја фрлам и на заборавеното небо оставам да падне.


 

Прошката е мирен сон на детето што моли под покривка ладна...прошката е поглед во новото утре со насмевка широка...прошката е сјајен кристал кој свети во длабочината на душата...прошката е најубавата прегратка....прошката е Благослов небесен...прошката е одмрзнато срце....прошката е најубавиот бел голуб што долетал во пролета нова...прошката е затворен понор ....прошката е пеплосана омраза....за прошката знаат тие што грешеле,прошка се бара,прошка се добива ,човечки е да се греши,а само вистински човек може да си ги признае грешките и да прости...


 


 

No comments:

Post a Comment