Денес е Недела
Додека последната ѕвезда на хоризонтот заминуваше и со малку тешко срце се поздравуваше од последните парчиња темнина,пурпурната зора веќе спремно ги пушти своите смели коњаници со својот нежен тупот да го најават нејзиното доаѓање.кокичињата и качунките тие смели и бестрашни вестители на новиот живот ,ги отворија своите мали и нежни чадорчиња да ја примат својат својата секојдневна награда,руменилото се распосла врз нивните пупки кои се отвараа со тивка песна на благодарност,да потоа тие зраци на спасоносна и живототворна светлина споро но сигурно лизгање се спуштат во непрегледната низина која мамурлакот го бркаше низ песната на третите и најсмели петли.
Продолжив да лежам во тишината несакаќи да ги отворам очите,во таа сега свесна затворена и заробена темнина читав една мудрост која и претходно сум ја прочитај напишана од неколкумина други,кој можеби исто како мене ја разбрале па потоа со малку мастило им ја насликале на другите,на нивното свесно дневно платно да ја прочитаат.
-светот,отсекогаш бил во рацете на тие што знаеле да сонуваат вистински,но и да ги разберат своите соништа.
Прапорците на ѕвонливата насмевка со притаен ритам повторно затропаа во мојата близина кажувајки го така своето Добро Утро.
-безделничењето е особина на мртвите надежи и отфрлените копнежи,тие кои не го одживеали својот минат миг,и тие кои не го очекуваат секој нареден се само бледи сенки во денот и темни залепени дамки во темнината,од твојата насмевка можам да сватам дека веќе добро знаеш што ќе видиш со својот прв поглед.
Ги отворив очите,пренесуваќи ја својата прва мисла кон насмеаното синило.
-прекрасно е сознанието кога ќе дознаеш дека потоците на омразата секнале.
-не те разбирам....малку дилема се залепи во просторот пренесуваќи се во брзо формираната млака бразда на челото кое се крена како знак на неверување.
-синоќа....направив мала пауза,сакаќи така зборовите да ги направам не уверливи туку достојни што беа изговорени...синоќа повторно го почуствував вистинскиот блажен вкус на чоколадото,тој волшебен еликсир на пеперутките,еликсир кој го измислиле највештите стари алхемичари.
-чуден спој си на темнина и светлината,непоправлив романтичар со невидливи канџи на демон.
Можеби сликата која сега ја наслика за мене беше автентична со мене,со живата стварност,се воздржав да го кажам мислењето и стрпливо дочекав врз таа слика да ја стави рамката.
-свесно знаеш да ја контролираш врелината на бакнежите,и така ги пуштат тие твои невидливи канџи да се зариваат низ секоја жива клетка на телото,ги параш до половина,да потоа кога ќе го зовриеш тој бакнеж,им даваш нова сила за само еден дел од секундата се регенерираат,воскреснуваќи ги во свежи и зовриени носители на страста....
-ги заборави крволочните заби......
-добро е што крвта тече брзо,па може секој твој угриз да го однесе на некое друго место,каде ќе мирува лекуваќи се со истечената слач како мелем кој може само да лекува брзо.
-денес е недела...
-да....
-ќе го прогласиме за работен ден,и ќе го наречеме,ден на Демонот и Ангелот,јас ќе ги извадам моите оштри нокти и ќе ги оставам на комодата,како не би те повредилсе разбира, стрпливо ,во романтичарски стил ќе го лекувам твоето скршено крило,еден по еден ќе ги редам пердувите со врелината.
Да беше објектот зграда,сигурно некои од соседите ќе ги подадеа главите низ прозорот за да видат од каде доаѓа таа слатка громогласна смеа.
-мислам дека кафето претече......
-уф,уф,уф.. веќе започна да ме лекуваш со твојата заменост што ја направи....
No comments:
Post a Comment