Popular Posts

Saturday, April 23, 2011

Бесконечноста е верување


 

Бесконечноста е верување


 

Чуварите на времето се разбудија,тие спасители од тагата,обилните хранители на сништата,кулата од песок ја разнесуваја низ просторот,рекоа...ни зрно песок да не остане тука,и во трепетотот на очите искрата од ден на ден ја распламтуваа,со зелени кристали нови закони пишуваа.

Ова е почетокот на новата приказна

Несакам да знам за безвремоноста,сакам да знам да постоењето,во хоризонтот лебди вистината,долго коленичев пред вратите на моите посакувани мигови,тујгата темнина ги јадеше,се сладеше,олујата во срцето со илузија го полнеше....во ова тајанствено море од љубов,рапсодија од зборови нови кажувам,од слика во човек се преобратувам,од сенка во вечен дијалог на душа станувам.

Вечен сонувач кој вечната постела ја барав,трагав,во понори одев,факели палев ликот да го видам на љубовта,само скриена сенка ме пратеше,со предавство ме жигоса.

Мирисот на судбината сега во опијанува,по патеката на ѕвездите ме носи,дојде прегрнат со темнината,очите ти се гасеа,не слушаше кога ти зборував...Не им верувај на данајците и кога подароци ти носат....паметиш сеуште дека времето твое го продаваа,еликсир на нивните фрустрации им беше.

-само го гледаш цветот,или восхита своја му ја подаруваш..

-го барам одговорот во неговите пламени јазици кои убавината му ја градат...

-синоќа вистински уживаше во самовилската музика....

-дали некогаш ќе овене овој цвет...

-се додека љубовниот пламен тече во текот на времето и коридорите на сеќавањата ги затвори засекогаш,се дотогаш оваа пламена боја на цветот ќе биде препокриена со аловина...

-помилувајме повторно,а јас како времето ќе ти шепотам...

-внимавај,со громот од моите прсти можам да те спржам........

-ха,сеуште не си го слушнала урликот на волкот осаменик кој по патеки одеше,забите крвјосани за одмазда ги спремаше....подобро е сега пепел да ме сториш,отколку пепел да сторам...

-сакаш ли да ти раскажам една мала бајка...

-ако со шепот ја провлечиш низ твоите усни,знам дека и денот со радост ќе ракоплеска

На огништето каде со последните искри на оганот,гледам догорува последното ставено дрво којзнае кога,во купот од пепел што се насобрал наоколу догорува последното сеќавање што твоја слика носи,моето жртвувано срце и изгубениот сон,повеќе на олтар заличува,а не на огниште планирано,сега ни плавата боја на сопкојот неможе да ја пробие темнината на заборавот,истекоа реките на верувањето.

Во езерото каде месечината ја зовриваше водата,каде ванилата аромата ја оставаше,таму љубовта секоја вечер се капеше,вилата со харфата носена крај срцето катавечер и свиреше песни заносни,со копнеж полни,собрани од секаде,кога прстите малку уморни ќе станеа,од ѕвездите прашината ја собираше и жиците ги попрскуваше и така среќата насекаде ја расфрлаше,пеперутките во летот и се восхитуваа и зборовите нејзини насекаде во сечие срце ги носеа.

Една вечер,до брегот на езерото скитник низ времето дојде,жеден парталав и многу уморен...посака од водата да се напие,низ вените да ја пушти и така раните на невидливоста да ги залечи....вилата го прегрна,од дланките свои водата му ја принесе,пеперутките го прегрнаа,така светлоста се роди,со светлоста ги благослови,ги состави разделените вселенски парчиња,правеќи ја најубавта небеска нишка со која утре ќе се врзуваат ѕвездите.

-раскажуваш поубаво и од пустинскиот ветар кој низ дините приказните ги собира,потоа на бедуините во шаторите им ги остава.

-но сепак јас и понатаму го сакам Достоевски...со неговите мисли се хранев,во соништата бегав и јунаците ги оживував,честопати патев и со болката невидлива се воздигнував...

-кога би заминал засекогаш и од ова место,и од овие луѓе,и би отишол некаде далеку каде ни изминатите планини нема да се бројат,каде на поминатите мостови нема да им се знае крај...застанав да го видам праменот на нејзиното чело како се крева со малку неодобрување на ваква суровост....дали повторно со зраците на месечината ќе ме посетуваш во моето срце,дали повторно во утрата ќе ја слушам твојата заносна музика испеана низ танките врвови на усните,а ќе ми ја донесат некои галеби заскитани....

-тешко е да се живее без утеха,и да се чека птица преселница седало да свиа,печатот на среќата да го стави со дланка врз дланка......јас не верувам во чуда,чудата само ги раскажувам...чекореше по пустите улици и во бесмисленоста ја бараше утехата,негледаќи во срцето свое како спиеше смислата на постоењето...тоа небеше чудо,тоа беше само едно нормално будење....полека одиш кон врвот на планината со процесот на преобразба,бурите кои насекаде те носеа,ги смири,и сега кога под плаштот на сонцето топлината те грее..ти повторно ја будиш скитничката страст,дали некој луд ветер ти донесе мирис на прашина со која низдрите ти ги исполни што вака зборуваш....

-опасноста доаѓа секогаш од човековиот ум....

-сега кога успеа да не создаваш повеќе пекол и да не сееш пепел,зошто зошто навистина посакуваш на полноќ со урлик на ранет волк да пееш...сега никој не те издал,никој не те изневерил....

-незнам дали патеката на љубовта е толку кратка,или тука времето лета со брзина на светлост,што деновиве се мигови кратки...

-сетисе на оние мигови кога во твоите очи се разбудија искрите,и со тие искри ја победи тагата,сетисе на денот кога ја затвори варата на сеќавањата позади која останаа продавачите на лажните ветувања,сетисе кога рикот на ветерот го претвори во тивка утринска песна,сетисе на денот кога со чистите солзи го скрши мостот на безнадежноста која сакаше да го изградиш врз бездната која ќе те голтнеше,сетисе кога со детските мечти ги разбуди верувањата и научи повторно да веруваш,незаборавј на сонетата што ја свириш секоја вечер....замоилчи гледаќи ме со тие небесни мали синила,од центарот на тие мали светови,со моќта на зенитот исфрли пламена топлина која ги спржи сите луди ветришта кои се разиграа во просторот...оставиги тие суви планини кои те влечат со својата мистика,под таа мистика спие старо проклетство,оставиги тие мостови,премногу дива и нескротена вода тече,оставија таа пустинска прашина,многу зло во себе носи,и здивот на смрта го подарува......

-бесконечноста е само верување кое се раѓа во срцето....


 


 


 

No comments:

Post a Comment