Шепотот на надежда замре.
Тишината,ја оставам на ситниот песок
И со немоста тргнувам
Кон белите непрегледни води
Окото на небото е веќе отворено
Гледа како раните ги цедам
Зборувам
За последен пат пред полната месечина
Двапати умрев во нејзините очи
Првиот
Кога лажниот завет го даде
Со метанија до земја
И така црн споменик направи
Беше невидлив ,со лажни воздишки го криеше
Без лузни и грижа налепен
Подоцна
Кога дождовите закаснија во летото
Умрев по вторпат
Семожната темница ми ја подари
И со насмевка го чека мојот залез
Го мени леглото
Во камена школка ги сокри своите тајни
Ставаќи ја скаменетата тага во детскиот поглед
Со момински втор кикот ме нарекува заборав
Низ врелите зеници ги вика далечните виори
Богомилка чедна е,со лик на невина светица
Суво го плачи минатото
Не цеди молитва од себе за заборавеноста
И лепи на себе бели надежи
Ги распрснува како утеха детска
Гласникот на смрта
Со невидливите тапани чука низ дамарите
Крвта ќе ја шумоли химната на изминатоста
Земјата го пие веќе бесценетиот рубин
И тогаш
Бесрамноста не ќе се покори
Презреаните облаци се распукаа
Горчливиот бес во невидлив свет отиде
Брановите на заборавот и волкот самотник го препокријаа
Од ладните усни шепотот на надежда замре
Popular Posts
-
Небиднина во Невратност Од сино око сон истече На ладен осој се залепи,прилепи,тука за навек остана Бигор до бигор се прилепи Призраци и ...
-
Разговор со Ангелот Не бев бесен,повеќе може да се речи дека бев огорчен,огорчен од сите нанесени неправди,од сите попусто пролеани со...
-
Пожолтени страници на стариот дневник-прв дел Твоите раце ме бараат мене,а моите те бараат тебе...знам дека беше првата реченица што ја н...
-
Степски Волк Останаа ветриштата врзани во времето Со урлик од кој треперат и миговите ја бараат пустината Некаде низ нив се испреплет...
-
Завртисе само еднаш назад Завртисе само еднаш назад Погледни во пепелта без солзи во очите И прашајго твоето срце Колку место има за нов...
-
Ова е само измислена бајка за Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица Отидов на Жед планината,знам,од другите слушнав дека некаде таму имало ...
-
Снежна Кралица Ако смрта ја има твојата насмевка ........Навистина.... ...............навистина и сега не се плашам....... Ни пак утре...
-
Заклучено Минато Сказалките на стариот часовник и вечерва ја направија својата чудесна прегратка,со прегратката како молчешкум да се збо...
-
Шепотот на надежда замре. Тишината,ја оставам на ситниот песок И со немоста тргнувам Кон белите непрегледни води Окото на небото е в...
-
Мирис на Запален Темјан Можеби можев и на друг начин...во мене зборуваат илјадници денови,милиони минути,милијарда секунди...некоја свет...
No comments:
Post a Comment