Popular Posts

Tuesday, March 29, 2011

Последна Пролет

Последна Пролет


Замолчи и чекорот на последниот посетител на паркот...јас и темнината ја слушаме повторно песната на гавранот....радосен е ,нови зборови донесол којзнае од каде..со харфата на љубовта започна да свири,рапаво и тажно,некои стихови беа исполнети со горчини многу...

Сам си сам,целосно сам
Во оваа последна пролет црни гавране
Не шеташ веќе во сништа ничии
Не се сновиш веќе во ниеден поглед
Празно е ова време
Ги нема никаде изворите на солзите радосници

Крвта те предаде,не ја буди пламен повик
Темната јама страсно те гледа
младите корења жедни се за сок
знаат вечна храна им се спрема

злото, сега узна е алка во алка
ја впрегна и судбината
под клепките ти се свенаа сите ружи
заодот те поклопува како сенка
тој злодух со горчивост во себе

беше човек
по камени скали се качуваше
само една лага неизгазена врвица ти даде
стана бездомник ,брат и роб на гревот несторен
шурките на светлината засекогаш секнаа

не тажи
дождот е крв на небото
имаше безбројни умирања
едно повеќе,едно помалку
не се брани
црвенолисна бреза ќе ти шумоли
волчјото потекло ќе се избрише
ветерот вистината ќе ја расфрла.

Сега поклониците на туѓи судбини слават некаде на некоја трпеза...и реков на темнината...гледам во сивилово утринско(изминала ноќта со некое кучешко трчање) небесните судии на некого му судат,со бели одежди се(насликани на многу манастирски фрески)...рацете на судениот не се веќе во синџири од бигори,невидливиот часовник отчукува споро,со призвук на црковни камбани,вревата од безбројни очи на бел восок се лепи,на непознат јазик Ангелот ги чита патеките изодени,гревовите сторени,помислени,несторени,.....ослободен од тежината.без земни сомневања се гламносувам...мојот глас и зборува на темнината,или сивилото утринско...ме вика тишината на невините простори...во оваа последна пролет..

No comments:

Post a Comment