Popular Posts

Thursday, March 31, 2011


 

Бесцелно е да се надевам


 


 

Ова мое осамено беседење,нема да ти го дадам да го прочиташ,а ти остани во твојата самоизмама со цврсто уврување кое на моменти наликува на фанатично,дека сопствената среќа се гради врз хумка,и скаменета тага во детски очи.


 

Бесцелно е веќе да се надевам дека и во твојата душа живеел копнежливиот феникс,сега,кога овде во студенилово самувам благодарение на тебе,премногу добро знам дека тоа е само една пространа и раскошна одаја на твоето срце.

Врз раскошните дивани распослани лежат сите твои лажни воздишки кои како трозабец на Богот на сонцето ме шараат насекаде по телото правеќи така невидливи крвави траги од кој се цеди црна крв.


 

Убивањето на сон,ете само забава било тоа твоја,несакам да помислам дека тоа може навика да ти стане.


 

Зарем негледаш сеуште,на твоето празно небо летаат само црни мршојадци кои со своите клунови од кои бие реа на трулеж од скапано месо,и мигот го чекаат кога ќе почнат од денот твој утрешен стрвно да колваат


 

Си ги апиш усните пред да почнеш да раскажуваш млаки легенди за едно минато време,се воздигнуваш на тронот што го делкаше врз црн мрамор,погледни сега,на десната страна веќе контурите на моето име се фтиснуваат,го гледаш и во занес зборуваш дека има уште место за имиња нефтиснати.


 

Водена од нагонот,и врелиот здив на машка страст се зарадува што така лесно ридови од болка направи и насекаде пепел растури позади себеси,и сега таинствено се насмевнуваш навалена на перницата која е влажна од воздишките,нежно со тон на бесрамничка зборуваш дека тоа е твојот копнежлив свет,наздравуваш со пенливо вино,со желба ѕвездите со букви сјајни твоето име на небото да го напишат.


 

Уверена во својата безгрешност иташ кон олтарот,бараќи од другите стореното за успех да го слават.


 

Моите надежи,тие бесцелно празни зборови со морничаво ехо ме лепат на местото и со призвук на некој твој притаен кикот не ги слушаш тие еха,премногу планини не делат,некаде во некој дол од тие планини вредни двајца клесачи од ним само познато место го клесаат белиот мраморен паметник,со ним познатата вештина сајот го прават за времето што доаѓа со бурите темни не го потемне.

Кога некогаш ќе поминеш покрај тој паметник на кој ликот мој насмеан ќе виси во рамка со името подолу напишано,не го читај епитафот,можеби демонот кој на егејот го смиривме да се разбуди,само завртија главата кон изгрејсонцето,стиснија посилно машката рака која ќе те држи,и замини во твоето познато пладне.


 

Чудно,честопати те слушав како набожно кажуваш молитви пред куќниот светец,да потоа покриена под антеријата на мракот блудно плукаш на светиот завет,газеќи го небаре е безвредна златна алка подарена без никаков повод.


 

Гладните филозофи кои своите успеси ги нанижале на туѓите несречи те опкружуле,воздигнуваќи те до небесните височини,сјаеш во нивниот лажен сјај кој ти го даваат,не во твојот,глува си за далечните грмотевици кои те опоменуваат,мислиш дека татнежите се фанфари победоносни кои во себе носат триста почести.


 

Небаре нарцисоиден командат кој извојувал пирова победа на твоето поле од успеси,секогаш се залажуваш со насмевките од нашите сонца,со нивните прегратки,па нели е тоа тој твој животен сон кој го посакуваше долго,негледаш,несакаш,или навистина си исплашена од нивната скриена тага која со секој ден станува се поголема,која секој ден прави се поголеми и поголеми полиња на тажни царства,таа и сега е налепена на нивните ликови,слепа и замаена од славопојните зборови што секојдневно ти ги истура креаторот на твојата младешка болка не ги слушаш нивните неми крикови,и колку да се врели воздишките туѓи што така чедно ги впиваш,ниедна врелина од нив нема да отопи ниеден грам во таа скриена нивна тага,како подземни еха до моите ридови од болка секојдневно доаѓаат тие писакви гласници на нивните раскрварени дамари.


 

Кога еден ден нивниот сокриен и потискуван бес ќе рикне со сила која и самите не ќе можат да ја контролираат,ти тогаш немоќно ќе молиш пред нивните нозе за барем една прошка.

Во тие мигови кога знам ќе посакуваш одникаде да се створи најоштрата сабја димискија и тој миг да те пресече на пола,него нивните зборови што ќе ти ги истурат,ќе те натераат боса до крајот на светот да одиш и да се сокриеш.


 

Ѕирнуваќи со мисла готово во секое твое катче,те гледам како во хаос на мисли со некој внатрешен глас глас разговараш,ти баботи низ вијугите мозочни кажуваќи ти дека и оваа прегратка што ја имаш не е вистинска,продолжуваш ли да ја нижиш низата на љубовта во недоглед,качеќи ги отфрлените листови на конецот наречен сурова измама.

Височините на љубовта не се достигнуваат со задавање на болка.


 

Кога моите раце сонуваа и носеа љубов,знаеш,од неплодна нива стана цветна градина со два цвета,а сега извишена до нејак облак со несигурни тајни во себе и дожд кој ќе ти го подари утре,ја намалуваш мојата сенка,ете само таа остана после мене да сведочи за мене,до степен на непостоење.


 

Стана светица со човечка суета пред која клечат нови поклоници,го сликаат твојот жив портрет и бројни поети ја опејуваат твојата светост.


 

Сега кога времето одбројано измина,заминувам со патникот без дом,кој и во вечноста е вечен скитник,и тој како мене не скрасен на ниедно место,заминувам со придушена тага носена на нежни ангелски криља,збогатена со ритамот на ѕвона од далечните земни простори.


 


 

No comments:

Post a Comment